Ракометни предвидувања 2015/16

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од ElNinho, 17 септември 2015.

  1. ElNinho

    ElNinho Мадридиста!

    Член од:
    17 јули 2009
    Мислења:
    19.853
    Допаѓања:
    51.394
    [​IMG]

    Веќе започна новата сезона во најквалитетното ракометно клубско натпреварување, и тоа со навидум изненадувачки резултати. Па така еве тема за оние кои сакаат да прбоаат да прогнозираат како ќе се одвива текот на сезоната. Поради новиот формат на натпреварување, може да се каже дека почнува нова ера во лигата на шампионите, каде богатите се во значително подобра улога, наспроти малите тимови кои се набутани во две посебни групи, со различни правила.

    Групите се следните:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Па на пример може да го типувате, најстандардното, кој ќе помине:

    Група А:
    Кил
    Веспрем
    ПСЖ

    Целје
    Висла Плок
    ППД Загреб

    Бешикташ
    Фленсбург

    Група Б:
    Барселона
    Киелце
    Вардар

    Колдинг
    Пик Сегет
    Рајн Некарл Ловен

    Криштиандстанд
    Монпеље

    Група Ц:
    Логорњо Ла Риоха
    Мешков Брест
    Чековски Медведи
    Војводина
    Порто
    Татран Прешов

    Група Д:
    Металург
    Скјерн
    Мотор Запорожје
    Кадети Шафхаузен
    Баја Маре
    Еверлум
    ------------

    Според мене:
    А:
    Веспрем
    ---
    ПСЖ
    Загреб
    Кил
    Висла Плок
    Фленсбург
    ---
    Целје
    Бешикташ

    Маѓарите би требало да издоминираат во првата група, ПСЖ е без сомнение меѓу најтесните фаворити за победник на ЛШ во мај, но мислам дека во почетните кола ќе забушаваат. Кил сезони со ред има слаб почеток, оваа година мислам дека тој ќе потрае, можеби ќе се средат понатака но ќе имаат веќе изгубено доста значајни бодови. Плинарите на Вујо ќе ја искористат ситуацијата во групата и ќе избијат до трето место. Фленсбург мислам дека и тие ќе играат под бундеслигашки стандарди, среќа Целје не беа многу активни во трансфер рокот инаку ќе им беше загрозено и шестото место, не дека и сега им е сигурно. Турските аскери ќе изненадат некој фаворит во 2-3 наврати и тоа ќе биде тоа.

    Група Б:
    Киелце
    ---
    Барселона
    Вардар
    Рајн Некар
    Монпеље
    Пик Сегет
    ---
    Криштанстананананд
    КИФ Колдинг

    Она што го пишав за Кил, мислам дека ќе важи и за Барселона, со голем знак прашалник дали на крајот ќе постигнат максимална форма потребна за Ф4.
    Киелце на Талант и Вардар на Раул се истите костури од лани, појачани во квалитет место во квантитет и мислам дека дома и едните и другите ќе ги плеснат Каталонците. Ако Вардар го реши „проблемот“ со несигурните гостувања и пеналите, може комотно да биде во мртва трка со Барса за второто место, првото мислам дека е загарантирано за Киелце.
    Тука следи еден мал процеп во групата, мислам дека овие три тима ги имаат загарантирано првите три места, затоа што останативе три што би конкурирале не се толку квалитетни да ги загрозат. РНЛ, Пик и Монпеље, мислам дека ќе бидат изедначени до крај но сигурни во пласманот понатаму бидејќи Криштанстад и Колдинг ќе бидат ниво послаби од нив. Типувам на Монпеље дека можат сезонава да бидат ултра незгоден тим.

    Групи Ц и Д:
    Освен Брест во првата и Мотор во втората кои ги глеам како фаворити, друг секој секого може да победи. Освен Војводина кои мислам дека се убедливо најслабиот противник, можеби со Баја Маре и Еверлум од другата група.

    Или пак, неколку „брзи“ предвидувања:
    Учесници на Ф4: Киелце, Веспрем, Вардар, ПСЖ
    Изненадувања: Монпеље, Мешков Брест.
    Разочарувања: Кил, Барса, Колдинг.
    Најдобри стрелци: Микел Хансен ќе избуши убедливо пред Момира Илиќа и Кирца.
    Најдобра одбрана: Киелце, Веспрем.

    Работи што ќе се десат:
    (По ваш избор)
    - Барса и Кил нема да стигнат на Ф4.
    - Вардар ќе ја искористи третата шанса.
    - Германските екипи ќе ја имаат една од најслабите сезони во ЛШ.
    - Војводина ќе биде единствениот тим без победа.
    - Червар ќе се жали поврорно.

    Анкета ќе биде поставена и одржувана од модераторот. :D
     
    Последно уредено: 17 септември 2015
    На Професор.Балтазар, TheMayor, dragonsky и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Mr.X

    Mr.X

    Член од:
    14 април 2010
    Мислења:
    4.616
    Допаѓања:
    5.642
    Група А
    1.Веспрем
    2.ПСЖ
    3.Фленсвург
    4.Кил
    5.Висла Плок
    6.Цеље
    7.Загреб
    8.Бешикташ
    Веспрем би требало без голем проблем до првото место, освен ПСЖ ако не се воиграат многу брзо па да им поматат сметките. За Кил дури не сум сигурен дали и пред Висла Плок ќе завршат, зависи Висла како ќе игра против овие послабиве екипи и колку бодови ќе изгубат од тие екипи.

    Група Б
    1.Вардар
    2.Барселона
    3.Киелце
    4.Пик Сегед
    5.Рајн Некар
    6.Монпеље
    7.Кристианстад
    8.Колдинг
    Овдека нема што да се коментира мислам дека ќе се прошетаме во групава многу лесно и ќе го осовиме првото место со што ќе се пласираме директно во 1/4 финале. Барса е сигурно втора, е сеа Киелце, Пик и Рајн Некар ќе се борат за тоа 3то место.
     
  3. Незапирливи 1903/87

    Незапирливи 1903/87 Изгорен за Вардар

    Член од:
    20 јули 2011
    Мислења:
    3.261
    Допаѓања:
    8.660
    Кој ќе речеше дека еден ден некој ќе прогнозира како Вардар ќе се прошета во група со екипи како Барселона, Киелце, Монпеље, Колдинг :anco:
     
    На DracevoTheCity, RedBlack и Mr.X им се допаѓа ова.
  4. dragonsky

    dragonsky Hate leads to suffering

    Член од:
    25 декември 2010
    Мислења:
    34.148
    Допаѓања:
    66.738
    Really really bold prediction: Металург нема да освои ЛШ.


    Вардар годинава треба даима среќа. Според се што се случи претходниве сезони јасно е дека клубот сега веќе го стекна и искуството, а скеако си го има и квалитетот. Е сега клучот за Фајнл 4 е сериозен пристап...и многу среќа...па кој знае можеби ете оној ептен несреќен пораз против Флензбург ќе се врати со некоја слична победа за нашиве годинава.

    Иначе мене лично новиов формат на ЛШ ми е очаен...ама ајде..да не се жалам барем 2 наши екипи имаме и натпреварите се давани бесплатно на македонска телевизија...нешто што не може да се каже за другиве спортови
     

Сподели преку: