Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
4 јануари 2016
Мислења
115
Поени од реакции
207
Браво за дечките! Ние во А, Франција во Б. :ROFLMAO:
Инаку, покрај СП 2023, и ЕП 2024 (U20), и следната генерација U18 ќе игра А дивизија (ЕП 2024), така?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Браво за дечките! Ние во А, Франција во Б. :ROFLMAO:
Инаку, покрај СП 2023, и ЕП 2024 (U20), и следната генерација U18 ќе игра А дивизија (ЕП 2024), така?
Да, фактички пионерите моментални кога ќе бидат кадети односно 2006ген
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
А што генерација се тие?
2006
Автоматски споено мислење:

Тотиќ за најдобро лево крило на шампионатот го одбраа? Сериозно?
Корисен беше во одбрана ради то шо пола од бековите наши се едно димензионални, така да си заврше работа на 5ка цело првенство, а имаше и ок реализација, онака бековски шут, ама океј беше за мене, тој другиот на лево крило изгубен во простор заедно со пикерот Стојменов, Димески и Узунчев(малиот), играчи кој ќе ми останат како најголема енигма, навистина незнам по кој критериум беа повикани..
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Нема збор, ама за најдобро лево крило да го прогласиш? :toe:

Лично за мене, бидејќи ја немав следено оваа генерација баш добро, најголемо откритие е Димковски. Дрзок, технички солидно поткован и многу битно - упорен. Поеба некоја топка, доби и неколку глупави исклучувања низ мечевиве, али повлекуваше кога беше најпотребно. Асистенцијата до Карасманакис за 2 гола разлика денеска беше негова, а претходно им закачи и два гола за ред. Имаше и една асистенција со лева рака до Михајловиќ (ако не се лажам) на натпреварот против Латвија која беше за шпици. Како капак на се беше тоа што речиси цело првенство го одигра на позиција десен бек, иако е деснак. Штета што е физички бааги лимитиран. Сепак, треба да му се симне капа за првенствово. :cuc:

Физичките лимити се и најголемиот проблем на оваа генерација. Играчите кои имаа најголема минутажа на бековските позиции (Калајџиески, Шулески и Димковски) се сите ниски. Тодор Узунчев двои во овој поглед, но денеска го немаше никаде, го изеде ептен притисокот. Димевски, Стојановски, Николоски физички се понапред, но во сите други сегменти на играта се многу поназад. Исто и со Брестовац. Овие работи ќе проаѓаат во млади категории, но во сениорски ракомет не. Физичките предиспозиции се голем дел од модерниот ракомет.
Автоматски споено мислење:

Да, фактички пионерите моментални кога ќе бидат кадети односно 2006ген
Следното што РФМ мора уште на почетокот на сезоната да го формира е репрезентација од Генерацијата 2006. Малку малерозно, тие требаше автоматски да добијат пласман на ЕХФ Еуро поради вечерашните победници од Рига, но се сменија работите.
М18 2024 ќе се игра со 24 репрезентации. Само осум ќе имаат директен пласман според рејтингот, другите 16 места ќе се пополнат со квалификации. Не се објавени сите детали од Виена, па затоа нема да навлегуваме во шпекулации.

Последно уредено:

Николовски за одбрана добар беше, имаше улога нешто како Мишевски во репрезентација.
Тодор Узунчев 3 обиди, 2 во блок и една лесна топка за нивниот голман.
Шулески несомнено дека е талентиран, ама му фали експлозивност, денес направи едно добри 2-3 пробивања.
Димковски најпожртвуван играч, има добра финта и доста корисен незгоден пробивен играч, некогаш подлежен на технички грешки (од кој најчесто чекори).
Калајџиески како креатор беше солиден, се познава апла Словенска школа.
Карасманакис топ предизпозиции пикер во два правци, особено добар во одбрана.
Инаку на десен бек можеа да го повикаат тој високиот од Голден Арт, играч кој има солиден габарит и игра во два правци, вака Димковски го изгорија 60 мин напред назад на десен бек.
Во секој случај целта е остварена и тоа никој не може да им го одземе на стручниот штаб.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Мислев што квалитет се, ако ги пратиш? Подобри таленти? Така-така?

Следното што РФМ мора уште на почетокот на сезоната да го формира е репрезентација од Генерацијата 2006. Малку малерозно, тие требаше автоматски да добијат пласман на ЕХФ Еуро поради вечерашните победници од Рига, но се сменија работите.
М18 2024 ќе се игра со 24 репрезентации. Само осум ќе имаат директен пласман според рејтингот, другите 16 места ќе се пополнат со квалификации. Не се објавени сите детали од Виена, па затоа нема да навлегуваме во шпекулации.

А освоиме некој Б-шампионат и испаѓаме малери. :sick: Значи и Франција не испаѓа од кадетите (само јуниорите).
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Мислев што квалитет се, ако ги пратиш? Подобри таленти? Така-така?

А освоиме некој Б-шампионат и испаѓаме малери. :sick: Значи и Франција не испаѓа од кадетите (само јуниорите).
Уф појма неам, нема многу видео материјал од пионери на РФМ каналот
Автоматски споено мислење:

Инаку гледам Карасманакис кога ќе го постигне победоносниот гол, Латвијците се радуваат за нас :D
Малку контекст, цел натпревар играчите на Луксембург навиваа за Швајцарија. ЕДИТ БЕЛГИЈЦИТЕ НАВИВАА ЗА Швицарск.
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Уф појма неам, нема многу видео материјал од пионери на РФМ каналот
Автоматски споено мислење:

Инаку гледам Карасманакис кога ќе го постигне победоносниот гол, Латвијците се радуваат за нас :D
Малку контекст, цел натпревар играчите на Луксембург навиваа за Швајцарија.
Овој Карасманакис во Пелистер игра?
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Во кадетите досега, инаку потпиша за Алкалоид, но ќе игра за нивната втора екипа Мулти Есенс, исто како и Димевски.
Може да биде играч од него, игра во два правци.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
https://24rakomet.mk/седмерец-триумф-без-калкулација/

Не знам колку е погоден текстот. Искрено детали одлучуваа на утакмицата со Швајцарија, исто како што и детали одлучуваа и за жените против Шведска и Исланд. Жените можеби и ќе играа и полуфинале, па немаше да се каже дека стагнирале, а всушност истото ќе беше горе долу. Дека има систем и дека е подобро да, ама реално децата вчера победија на индивидуален план - два јаки голмани и квалитетот на играчите во однос на Швајцарците. Оваа генерација (стручниот штаб тука повеќе се мисли на нив) нека засука ракави добро и за СП и за јуниорско ЕП со време. Апсолутно е точно дека има квалитет и дека се добри децава, ама има работа и патот до А-дивизија беше полесен со оглед дека ја исклучија Русија и посериозен противник ни беше само Швајцарија.
 
Ко за почеток, добар старт ќе е на нареден шампионат да се селектираат НАЈДОБРИТе, јас пишав дека ЗА МЕНЕ оваа генерација веројатно има и повеќе талент а и квантитет на играчи од 2002.
Доколку Димковски вчера по лошиот старт на него неможеше да продолжи да игра толку ќе беше од натпреварот, а имаш на клупа 3 играчи кој се на се заедно одиграа 5 минути цело првенство (да не пишам имиња пак), никаков бенефит од нив освен чеерлидерс, а и со тоа малку шо изиграа беше доволно за да се увиди нивниот капацитет или неквалитет, па тој пикерот дури и во младинци го имаа земено за сметка на некој други кадети кој беа главни играчи на кадетскиов шампионат кога се воигруваа.
Ги гледав Шпанија, Хрватска, Данска..реално со 1 ниво минимум над нас се, особено шпанците како играат, Хрватите ги гледавме летото како нашите екипи од нив губеа по 15 разлика, ние и онака се мачиме со репрезентации како Швајцарија, кој пак рака на срце во доста сегменти беа и подобри од нас, се гледа дека работаат сите и не се заебаваат.
Затоа суетите и егата на страна и селектирање на најдобрите доколку сакаме да имаме некоја шанса за опстанок во А дивизија и генерално вадење на најдоброто од оваа генерација.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Имам измешани мисли некако по конечно освојувањето на еден ЕХФ шампионат. Од една страна, браво дечки, успехот е факт ине треба да се занемари! Само се надевам нема да ги вивне и играчите а и РФМ и стручниот штаб во воздух дека правилно се работело (а очигледно е дека имаше фалинки во пристапот). Од друга страна, факт е дека никогаш полесен шампионат немала една наша кадетска репрезентација.

Составот беше многу специфичен и нетипичен за наши стандарди. Во минатото одвреме на време можевме да видиме играчи со добар физички потенцијал кои не се ракометно доизградени, овојпат би рекол во фокус беше игра еден на еден каква што нас ни била секогаш слаба страна (интересно е дека истото беше забележливо и кај женската кадетска екипа - ќе видиме дали е слуачјно или е стратегија).

Порано и јас мислев дека е поважно да се мисли на иднината, и треба да се форсираат по малку тие со добри предиспозиции за долгорочно со ракомет да се бавват, но некако со текот на времето се повеќе мислам дека треба да се селектираат најдобрите во моментот во било која репрезентација. Развојот на играчите сепак е 95% во клубовите и зависи како од работата и условите на клупски план, така и од амбициите и трудољубивоста на самите играчи (не сметајќи на физичките предиспозиции што секогаш ќе бидат супер значајни). Нема зошто да се ризикуваат резултатите кога репрезентацијата минимално влијае на нивниот развој.

Ми се допадна фокусот на брзи влезови и еден на еден игра. Ова ни беше рак рана отсекогаш а е се повеќе есенцијален дел од ракометната игра. Ми се допадна и релативно високото темпо и обиди за транзиција. Од друга страна загрижен сум колкав е реално потенцијалот на повеќето од овие играчи. Добро е што повторно има одредена длабочина на играчи (која може да биде уште подобра кога ќе се додадат тие што фалат). Веќе неколку подлабоки генерации има, и тоа постепено почнува да се забележува и во квалитетот на лигата (не земајќи го во предвид глупирањето со проширувањето). И можеби најпозитивен момент е што имаше играчи со значаен придонес од повеќе екипи. Само вака да продолжат сите со развој на млади ракометари!

За играчите, главно се истакнаа тие што ми беа веќе познати и очекував да бидат меѓу подобрите во генерацијата. Очекував да имаме добар голмански пар (очекував Галевски да е пред Брестовац кој ми е помалку познат, но и вака е ок). Така и се покажа, одлични беа и двајцата. Очекував да имаме одличен пар на десно крило - Петковски и Белистојановски се можеби и најдокажани играчи од оваа генерација на сениорски план. Реално најстабилни бевме тука. Од бековите од генерацијата око ми имаа фатено Омерагиќ, Цветковски, Димковски, Шулевски и Наумоски. Двајцата што настапија од овие реално беа и лидери на екипата. Тука би го додал и Калајџиевски, кој не ми беше познат, но е можеби технички најпоткован од целата екипа. Ќе видиме како ќе се развива има покласичен среднобековски ков кај него, но ќе видиме како ќе биде во сениори. Браќата Узунчеви сум ги слушнал ама не сум ги прател колку некои од другите. Малиот малку го видовме за да коментирам. Постариот имаше одлични партии, но против екипи кои не се мерило. Опасен шутер, но нема висина за класичен лев бек (иако има поенцијал за добра градба да развие мислам). Ќе видиме како ќе се развива, заинтригиран сум, но нема очигледна патека за него. Шулевски и Димковски интересни all-round играчи, но прашање е дали ќе ја имаат брзината, шутот и креативноста за да бидат средни бекови во сениорска категорија. Висина за друга позиција секако немаат. Од останатите вреди уште да се спомене Карасманакис. Потенцијал има дечкото, и реална насока како да се развива за разлика од повеќето, ќе видиме до каде ќе стигне. Останатите не ми оставија некој впечаток.

Тоа што малку ме загрижува, е што гледајќи кон сениорите, единствените двајца што имаат очигледна патека кон репрезентацијата ако продолжат вака се Галевски и Петковски. За сите други има многу прашалници. Можеби некој ќе успее да ги надмине лимитите, но нема да е лесно.

Се на се интересна генерација, но не би рекол дека е најдобра без разлика што овие го освоија ЕХФ шампионатот за разлика од некои претходни. Последните 10 години би ги рангирал отприлика вака:
2002
1996
2004
2000
1998
1994

Или 2004та е некаде на средина со 2000та. Времето ќе покаже дали е стварно така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom