Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Kakva vajld karta ziti se, podot ke go izbrise sekoja selekcija so nas, samo ke se brukame kako magarinja...
So bekovska trojka sostavena od Taleski,Kuzmanovski,Velkovski i Tankoski slobodno moze da ne pustat da si gi merime silite so Albania, Italija i Andora.
Lazarov 40ka napolni, dovolno napravi za repkata, ne mu e veke mestoto da se bruka so ovie abdalive.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Со исклучок на Кире Лазаров (можеби уште два-тројца), другиве дечки не заслужуваат да играат на СП.
А најмалце заслужува селекторот, оти е тежок очај, измачување беше да се гледа нашата репрезентација на последново првенство. Требаше да сноси одговорност и достоинствено да си даде оставка.
Иако сакам, да бидеме реални, не треба да добиеме wild карта и треба малце по малце да си ја средиме репрезентацијата и за 3-4 години да дојдеме до некој тим кој ќе има континуитет на ЕП/СП, макар и со пласман на последно место.
Најдобар начин да си ја средиш репрезентацијата е да учествуваш на што е можно повеќе првенства.

Непроизведувањето на играчи десетина години се знаеше дека евентуално ќе ни се удри од глава, целта беше и останува што е можно побезболно да се преброи тој период и истовремено да пробаме да развиеме основа за постигнување на нови добри резултати (притоа не мислам на медали, тоа допрва ќе санува уште потешко, како што се зголемува конкуренцијата во ракометот).

Ситуацијата не е сјајна, но е далеку од трагична. Има причини за оптимизам дека кризата наместо 10 години, може да трае 2-3.

Во меѓувреме останува да се работи најквалитетно можно со младите категории и да купуваме време со Кире колку што е можно.
Автоматски споено мислење:

И во нашите најдобри времиња не сме биле подобри од Полска, додека Србија и Русија се индивидуално (многу) подобри од нас. Холандија можеби е смешка сега, ама и во женска конкуренција беа смешни додека не почнаа да освојуваат трофеи. Романија, па уште на пријателска утакмица не е мерило за квалитетот на една репрезентација.
Тоа е мое мислење, не значи дека сум во право, пропустот е и на ИХФ, не смее на светско да се оди сo вајлд карта.
Полска имаше слична дупка како нашата со неработење во млади репрезентации и пред неколку години по репрезентативната пензија на нивната "златна генерација" - Шмал, Биелеци, браќата Јурецки, браќата Лијевски, Јуркиевич. Не знам дали си ги гледал последниве две-три години, катастрофа се, далеку послаби од она ние што го игравме на првенството. Одвај ги минаа квалификациите во група со Косово и Израел. Резултати од последните 4 првенства (17то во 2017, 2018 и 2019 не се ни квалификуваа, 21во во 2020.

Србија и Русија се појаки индивидуално само на хартија, во пракса одамна им е поминато времето. Србија освен голмани нема ниту еден играч од посериозна класа во моментот (со исклучок на Ненадиќ кој веќе секако не игра за репрезентација). Русија има само крила а и тие се веќе во поодминати години (Дибиров и Шишкарев). А да не зборувам што ракометот е тимска, а не индивидуална игра. Србија во години со мноооогу појаки индивидуалци не можеше резултат да направи.

Реалноста е дека играчки не сме суштински различни од овие екипи, а во однос на CV-то од последните 5-10 години, веројатно и подобро стоиме.

Амбициите и неколкуте блесоци, како репрезентативно (ЕП Србија), така и клупски (Вардар во ЛШ) и индивидуално (Кире Лазаров) ни ги пореметија објективните гледања на работите. Во ред е да се има високи амбиции, но не треба да се лета во облаци и да се создава атмосфера во која е невозможно да се успее.
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Неопходно е подмладување на репрезентацијата, да се тргнат сите полупроизводи од репрезентацијата и да се почне се одново. Кои се играчите од кои очекувате да направат солидна кариера во иднина и потенцијално да бидат носители на репрезентацијата? Дали актуелната генерација надополнета со млади сили е спремна за еден нов почеток?
 
Мислам дека е подобро малку и да намалиме со коментари кој колку јак ќе станел, не е до толку очајно сега има доста млади играчи со потенцијал, кој колку ќе напредни ќе видиме, најмногу секој сам од себе зависи.

Мислам дека има доволно квалитет за да се оджрува пласман на ЕП, можеби и на СП, зависно од бројот на екипи кои би оделе од Европа на СП (реално во топ 32 би била, ама многу малку се од Европа, повеќе се тера логика на вајлд карти и форсирање на Азија и Африка).

А за подмладување, веќе е многу подмладена екипата. Кире, Борко секако се пред крајот на репрезентативните кариери, веројатно блиску се и Столе и Георгиевски. Единствен друг повозрасен е Митревски кој е во ек на кариерата и е глупо да не е во репрезентацијата во моментот.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.577
Поени од реакции
5.480
Неопходно е подмладување на репрезентацијата, да се тргнат сите полупроизводи од репрезентацијата и да се почне се одново. Кои се играчите од кои очекувате да направат солидна кариера во иднина и потенцијално да бидат носители на репрезентацијата? Дали актуелната генерација надополнета со млади сили е спремна за еден нов почеток?
Прашањево си го имам поставено повеќе пати, има да доста потенцијални дечки во младиве,али во право е Хсаго дека треба да намалиме со коментариве за младиве кој каде ке стигне, најдобар одговор е времето, за 2-3 години ќе имаме далкеу појасна слика.
Али кога веќе ти реплицирав ево мој краток одговор.

Од 2002 генерација типувам на Митев со животов, убедливо најквалитетен играч од таа генерација за мене.
Од 2000 Веќе добро познати ни се Костески, Серафимов, Кизиќ, Карапалевски, најмногу типувам на Костески и Ќизиќ, некако напредокот на Карапалевски и Серафимов (посебно Серафимов) доста споро се одвива..
Од нешто постарите гененрации можда ке испадни нешто од Кукуловски (го знам батево лично) кај него според мене проблем е ниската самодоверба и трема на големи утакмици.
Од другиве требит да се крстиме во Танкоски, Кузманоски и Талески после пензионирањето на Лазаров.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589

Баш сега додека траеше карантинов гледав натпревари на Митев,детето си гази буквално,во Аеродром по 10 гола дава на натпревар(просек).
Плус 2003 година е роден,значи игра со година постари од него во репрезентација.
Ќе видиме како ќе се развива во иднина,многу играчи на негова возраст биле одлични па подоцна пропаѓале.
Многу фактори зависат од тоа каков ракометар ќе стане некој,пред се работа,карактер,среќа,избегнување повреди,тренери со кои ќе се сретне итн.

Во ракометот главно победува инатот и работата,на пример Столе на 18 години почнал ракомет да игра па гледаме до каде догура...
 
Јас сепак би ги додал и физичките преиспозиции. Без висина, долги раце, градба со која можеш да развиеш снага, експлозивност во нозете и атлетост генерално, е многу многу потешко. Тој природен талент е најголем проблем кај нашите играчи. Тие што најдобро научиле да играат како млади и имаат карактер за високи дострели се се годи да немаат физички преиспозиции кај нас. И обратно тие ретките кои имаат немаат карактер за високи дострели. Чест на исклучоците!

Атлетоста особено била голем проблем отсекогаш во сите спортови кај нас. Не случајно во ракомет практично развивме наш "бренд" на македонски ракомет, со премногу комбинаторика и обиди да го надмудриш противникот, главно базирана на бавни комбинации каде централна фигура е можеби пикерот.

А за Митев, ми има и мене око фатено, интересен играч да, ама ќе видиме. За него, како што беше на пример и за Серафимов претходно, е многу полесно ракометната супериорност да ја покаже во пониските категории отколку во сениорски сериозни конкуренции, кога често и "физиката" си го прави своето.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Исцрпни одговори, какви што и очекував од поединци што одговорија, читајќи го цело време нивното познавање за и околу ракометот кај нас. Мене поентата ми беше да се изнајде решение за да се направи успешна транзиција на талентираните ракометари од јуниорско на сениорско ниво, што според мене е најголема болка во нашиот ракомет, а во никој случај не ми беше поентата да напаѓам некого или нешто.

Дали проблемот е во тоа што немаат силни натпревари во нашата лига, или што сепак не се доволно употребувани во репрезентативниот дрес. Еве за пример ќе го земам Серафимов, кој што е неспорно талентиран, но има проблем со привикнувањето на сениорско ниво. Дали можеби требаше да се фрли во оган на првенството и да стасува покрај Кире, како што тој стасуваше покрај Манасков, Чурлевски и така натаму, бидејќи таа му беше една од последните прилики. Или пак да зборуваме за Кузмановски и Талески, кој што ветуваа многу, а не направија ништо и сега имаме дефицит и на местата кои што ни беа сигурни и зацементирани за во иднина.

И секако, гледајќи некои инсерти од настапот на првенството под водство на Червар, најголем жал лично ми причинува кариерата на Нелоски и повредите кои што го уништија. Дечкото освен со талентот и физикалиите кои што ги поседуваше, имаше и ракометна дрскост, што кај овие двајца горенаведени, ма без разлика колку се унапредиле од ракометна гледна точка, секогаш ќе недостасува.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Јас би им сменил форматот на натпреварување во младинските лиги. Според мене форматот на елиминации дава повеќе информации за играчот отколку досадните дома гости утакмици со 20 кола.

Со таков формат може ќе се забележи и clutch фактор кај некои играчи што можеби ги немаат баш најпотребните физички предиспозиции, можеби ќе најдеме деца на кои што им пречи да губат, а можеби ќе најдеме и играчи кои што не се претерано ефиксни како поединци ама тимската игра и однесувањето во тимот им е на високо ниво. Исто ова би требало да влијае и на пристапот со кој што ќе се влегуваат во секој натпревар. Покрај тоа во последно време премногу е во тренд тој скандинавски менталитет без емоции и голема дисциплина на натпреварите што мислам дека не е одржлив и во наши услови. Впрочем мислам дека треба да се работи на поинаетливи атлети кои што со добар тренерски тим пред се педагози ќе пробаат да го истемпираат зенитот во полза на репрезентацијата и нивната кариера.

Во светскиот спорт сите сме фасцинирани од таа “елита” која што има константност во настапите. Ние го имаме Кире и другиот дел од екипата имаше епизодни улоги. Моментално треба да се работи на барање на овие ликови што ќе имаат епизодни улоги а новиот Кире да го чекаме кога стварно ќе го најдеме. Ние сега сме сите со мислење еј на Талевски и на Кузмановски не им оди ама нека седат. Со таков пристап и комоција нема никогаш да се запрашаат што можат да подобрат кај себе.

Јас мислам со оваа генерација од Серафимов, Танковски, Димитриевски.. мора по тврдо да се постапува. Менувај ги цело време на собирите за никој да не добие комоција. Сите имаме мислење и некој друг да беше и послаб ќе го дадеше истиот ефект.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Атлетоста особено била голем проблем отсекогаш во сите спортови кај нас. Не случајно во ракомет практично развивме наш "бренд" на македонски ракомет, со премногу комбинаторика и обиди да го надмудриш противникот, главно базирана на бавни комбинации каде централна фигура е можеби пикерот.
Кое надмудрување, не читаат како селски буквар, акцијата е - бековите ја лигават топката од 30 до 45 секунди и крајот на акцијата е:
-Лазаров шутира од полуизградена позиција,
-Лазаров асистира на пикер,
-Лазаров фрла цепелин кон крило.
И пази, сето ова ни се случува и во акции кога играме со 7 на 6.
Одбраната е уште полоша приказна, се крстиме во добар ден на просечните голмани.
Проблемот со тоа што не сме физички спремни и атлетски градени треба да се бара во образованието и домовите, и тука тргнувам лично од себе, едноставно не сме многу заинтересирани да спортуваме. Во образовниот процес, од 7-8 години мора децата во училиштата да играат активно еден спорт: кошарка, ракомет, фудбал, одбојка + задолжително пливање и сето тоа да го покрие државата. Не мора сите да бидат Кире Лазаров, Пепи Манасков, ама сигурно во една генерација ќе има по 5-6 Николче Митревски или Гоце Георгиевски.
Доказ дека сме далеку од Европа се нашите двајца најголеми таленти, во Бундеслига едвај доаѓаат и до клупа, Пешевски игра поуспешно од нив.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.731
Поени од реакции
2.635
Ovie voda mozat da mu nosat na Zareta Pesevskog.
 
Со самото пензионирање на Миркуловски изгубивме на креативност во напад, Лазаров е мајстор асистент ама не е среден бек а и нема влез шо е голем фактор во креирање на играта, плус проблем се годините, неможи се од себе да дава на првенство каде се игра секој втор ден, секое првенснтво имаме голем пад во играта веќе после 3то коло ради замореност на главните играчи бидејќи немаме ротација и играме главно со 8-9 играчи.
Што се однесува до другите наши "креативци" Кузмановски искрено е лош креатор на игра, истото до некаде важи и за Танкоски, ќе треба да се молиме некој од младиве(средни бекови) да се развие во добар сениорски играч, а знаеме дека ги има малку на број шо е голем проблем.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Исцрпни одговори, какви што и очекував од поединци што одговорија, читајќи го цело време нивното познавање за и околу ракометот кај нас. Мене поентата ми беше да се изнајде решение за да се направи успешна транзиција на талентираните ракометари од јуниорско на сениорско ниво, што според мене е најголема болка во нашиот ракомет, а во никој случај не ми беше поентата да напаѓам некого или нешто.

Дали проблемот е во тоа што немаат силни натпревари во нашата лига, или што сепак не се доволно употребувани во репрезентативниот дрес. Еве за пример ќе го земам Серафимов, кој што е неспорно талентиран, но има проблем со привикнувањето на сениорско ниво. Дали можеби требаше да се фрли во оган на првенството и да стасува покрај Кире, како што тој стасуваше покрај Манасков, Чурлевски и така натаму, бидејќи таа му беше една од последните прилики. Или пак да зборуваме за Кузмановски и Талески, кој што ветуваа многу, а не направија ништо и сега имаме дефицит и на местата кои што ни беа сигурни и зацементирани за во иднина.
Би рекол дека проблемот сигурно е многу повеќе во силните натпревари, отколку во фрлање во оган во репрезентација.

Реално репрезентацијата е собрана вкупно неколку недели годишно, и играат максимум 10 натпревари во краток период без многу шанси за подготовка. Приклучувањето и евентуалната минутажа во репрезентациајта е побитна од аспект на развивање на хемија со соиграчите на теренот и добивање на искуство во малку поразлична атмосфера од онаа што е во клупскиот ракомет.

Но играчи не се развиваат во репрезентација, особено не во сениорска. Играчите се развиваат во клубовите, но и индивидуално секој од нив, на лето, дома, меѓу тренинзи и сл.

Во младинските лиги (јуниорска и кадетска) едноставно квалитетот на лигите не е доволно добар за да се развиваат играчите. Искрено јас и би го расформирал младинското првенство. Ако некој играч на 19-20 години сеуште се влече во младински лиги, а не игра во сениорски екипи, од него секако тешко дека ќе биде којзнае каков ракометар. Младите категории имаат смисла до 16-17 години. После тоа мора да се префрлат тие што имаат потенцијал за сериозни професионални ракометари во сениорска конкуренција. Најголемите таленти уште на 16-17-18 години мора да играат по 30тина минути барем 20 пати по сезона во суперлигата против сите екипи (а не само најслабите). Останатите треба да играат во првата лига, која во последните години има сериозен напредок и после кратењето на суперлигата (најавено за 2021) дополнително ќе добие на квалитет, по што сериозна бројка на играчи од 15-20 години ќе може да се развиваат низ таа лига (посилно натпреварување во однос на младинска лига) и најдобрите да прават трансфери во суперлигата.

Проблемот е што кај нас во суперлигата и не добиваат толку многу шанса млади играчи како што ни изгледа. Кога ќе речам млади играчи мислам на играчи до 18 години. За идната сезона на пример треба најмалку најдобрите 7-10 играчи од генерациите 2000та и 2002 бидат меѓу главните 4-5 играчи на екипи од суперлигата (први опции на својата позиција најмалку). Дури ни во клубови специјално формирани за развој на млади играчи - како Вардар Јуниор и Металург Јуниор често сме гледале 20-24 годишни како ја имаат главната улога, а 17 годишниците чекаат ретка шанса од клупата. Тоа е напредок во однос на каде бевме до пред 6-7 години, но е далеку од тоа каде треба да стигнеме.

Пример еве погоре зборувавме за Марко Митев. Во идеално сценарио, Митев требаше минатите две сезони да ги мине во суперлигата, а не максимумот да биде пола сезона во РК Аеродром во прва лига.

П.С. Во секој случај не смее да се заборави ни влијанието на индивидуалниот пристап, особено на физичкиот развој. На крајот на краиштата сепак главен е секој играч за себе, со сила никој ништо не станал, мора од внатре да произлегува главната амбиција. За високи достели требаат големи жртви.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Епа тоа е и проблемот, а покрај физилара немаме победнички менталитет и деца што ќе дадат последен атом од силата за да успеат, а факт е дека тоа беше најсилна страна на успехот на генерацијата на Кире, Мојсо, Жути...

Кога зборуваме за квалитетот на младинските лиги, погоди во срж, ги судам тие лиги и знам дека си во право. Пасивност, додавање на бековите и скок шут преку блок се трејдмарк, игра со крила освен ретки контри скоро и да нема, а најжално од се е што и што играта со пикер не се менува.

Сепак, најболното и најжално е што тренерите многу лошо работат во младинските категории, со чест на исклучоци. Значи работат за резултат, за задоволување на некое си свое его, не трпат играчи по цена на резултат, не ги тераат играчите да учат на свои грешки, да се челичат и да градат победнички менталитет, што потоа само се пресликува кога ќе наидат на тврдо во сениорска конкуренција.

И за крај би сублимирал дека треба ептен некој да отскокне и да биде близу рангот на Кире и да има помошен персонал од одлични 3,4 играчи за да успее да ги замаскира физичките и психичките резултати. Се крстам дека Костески ќе израсне во врвно крило и со помош на Кизиќ , Серафимов и уште некој да излезе солиден (Митев, тоа крилото од Струга Цветан, србите од Металург и некој добар пикер како малиот Симоновски, кој што почнаа да го играат на бек, не знам зошто) за да одржиме моментум на континуиран пласнам на првенства.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom