Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Оваа Португалија со никаква игра отиде до полуфинале. :popce: А и Франција во живо ја гледав против Тајван и не се покажаа како којзнае што. Од овие од полуфиналето, веројатно Германија или Данска би била шампион.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.238
Велесилата Аргентина конечно победена
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Оваа Португалија со никаква игра отиде до полуфинале. :popce: А и Франција во живо ја гледав против Тајван и не се покажаа како којзнае што. Од овие од полуфиналето, веројатно Германија или Данска би била шампион.
Данска делува најзрело. Најјак голман, најкомплетен тим. Германците по поразот од Португалија се влезени во страшен ритам ама ми се чини дека нема да одат до злато. Египет е заканата од сенка. Многу потценети, многу опасни.

Типувам на Данска.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Данска делува најзрело. Најјак голман, најкомплетен тим. Германците по поразот од Португалија се влезени во страшен ритам ама ми се чини дека нема да одат до злато. Египет е заканата од сенка. Многу потценети, многу опасни.

Типувам на Данска.
Еве финалето е Германија - Египет. Германците откако ги потценија Португалците влегоа во ритам. Штета за нас, толку блиску со Португалија, а самите сме си криви. Баш со оваа Германија Македонија беше во егал во Бугојно... Притисокот си го направи своето и тоа се рефлектира на целокупниот резултат. 1/8-финале со 4-то место во лесна група на домашен терен е слаб резултат за оваа генерација.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Не баш, тој состав на Германија во Бугојно се разликуваше многу. Германците дојдоа со 11 нови играчи во Скопје. Со таа одбрана што ја играат, каде на позициите 3, 4 и 5 во одбрана имаат играчи високи над 200 сантима, а ние со онаа наша ниска и спора бековска линија сметам дека би немале апсолутно никакви шанси.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708

не сум во Скопје, не пратам, има ли Парондо некаква улога во концепцијата на Египет У19 или строго е ограничен само на најсилниот тим?
 
Точно е дека овој состав на Германија е многу поинаков и појак од тој во Бугојно ама не мислам дека би не згазиле. Ќе изгубевме на сличен начин како со Данска. Можат нашите да играат со вакви екипи, ама немаме доволно играчи што можат да направат разлика за да бидеме во ситуација да ги победиме. Ќе изгубевме 4-5 разлика и ќе се тешевме дека сме играле солидно а сме изгубиле.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708
има ли некаков стри за Финалето ?? Египет води
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Победил Египет, 4 разлика. Ни ја не можев да најдам стрим, немаше на каналот на ИХФ, чудно.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
не сум во Скопје, не пратам, има ли Парондо некаква улога во концепцијата на Египет У19 или строго е ограничен само на најсилниот тим?
Не знам. Египет беше солиден цело првенство, ама во ниеден аспект не отскокнуваше од другите екипи. Мислам дека првенството беше балансирано со она секој може да победи секого (освен Канада, Нигерија, и слични) и затоа ми е уште повеќе криво дека не направивме ама баш ништо на првенствово. Да нема играчи јаки како Серафимов и Костески на сите позиции, ама и со тоа што се располагало се морало и се можело, поготово дека на домашен терен се играше.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239

Ама реално и домашниот терен не играше некоја улога.
1. Атмосфера немаше скоро никаква = театар
2. Немаше ни многу публика
3. Судиите судеа доста изедначено и не даваа некоја голема предност на домаќинот
4. Баш ради домашниот терен се покакаа од притисок зашто дошле да ги гледаат нивни роднини и пријатели
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

"Радува" формата на Талески... :icon_lol:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Порталиве викаат Магдебург и Кузмановски газат, а типчето уште паркетот не го осетил.
Магдебург гази, али овој пешкири подава.
Да, еднаш дури напишаа дека главно во одбрана играл, а тој кутриот нема минута во одбрана заиграно за Магдебург (колку што имам видено натпревари). На подготвителните играше и имаше голема минутажа во напад, но штом почнаа официјалните натпревари го закопаа на клупа и само Дамгард, Безјак и Осаливен ги ротира на тренерот на лев и среден. Засега е иста ситуација како Талески во РНЛ (иако да бидам искрен во подготвителниот период солидно играше и не ми е јасно зошто одеднаш 0 минутажа во бундеслигата).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom