Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Имаше некое младинско првенство кај нас пред некои си 15 години ( од око кажувам). Охрид да не беше?
Ми идат слики дека дечките играа со срце, крв плукаа. Публикта здивена, игла да нема каде да фрлиш. Кога ќе дадеа нашиве гол, тие што беа на првите редови се држеа на оградата, да не ги слочкаат.
Епа споредете го тоа со ова сегашново.
Мал бев, па ништо чудно и да сум грешка и да не било првенство. Не сум сигурен, ама мислам дека Велко Маркоски беше главен играч и решеташе напред.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.033
Поени од реакции
5.477

2007-ма. Светско првенство беше и тоа, но до 21 година. Не успеавме да пројдеме ни групи тогаш, но доста играчи од таа генерација подоцна станаа сениорски репрезентативци (Столе, Велко, Гоце, Митревски и др.).
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Неверојатно разочарувачко првенство.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396

Добро, не ми е јасно, дали дечкото размислува пред да даде вакво експозе? :popce: Сериозно?
Сме имале проблеми со нешаблонизирани репки, така сме ги учеле децата од мали, да играт по шаблони:vozbud:
А, најјакото е на крај, "Но, преку видео-анализите гледав дека не може да ѝ парираме на Јапонија посебно со ротација".:popce:
ГАСИ ИНТЕРНЕТОТ, ДОСТА Е.

Дали вреди дополнителен коментар? се е излишно..
Јапонците биле 3 пати побрзи, техничари биле, да бе немој да не вреѓаш. Јапонија те гази со 10 разлика на домашен терен, Јапонија, пионери во светот на ракометот, какви техничари, какви бакрачи.
Аргентинците шо беа? 5 пати покрупни, или ? Да не го имаа новиот Диего Симоне шо ни ја свртија утакмицата од -4 на полувреме.
За Данците и останатите европски селекции? Шо да очекуваме од нив? Или тие имаат пари, моќ, па и со нив ништо.
Не бе, друже севселенски селекторе, не е ниту до брзината, не е ниту до техниката, до психата е, самодовербата, подготвувањето на децата пред мечот ( фитнес тренинзи за децата, издржливост), од ова немаме ништо, затоа ќе ни се случуваат дебакли во сите селекции.
Изговори од типот побрзи беа, летаа на терен, техничари беа не проаѓаат, нека се и побрзи, нека се индивидуалци, има начини да се сопрат такви репки, ама треба да проработи силата на колективот, да ги искористиш своите предности пред такви ИНДИЈАНСКИ РЕПКИ, предност во висина, предност во игра во одбрана, прекин игра, да го натераш противникот да греши, па преку брзи контри и полуконтри да ги скршиш. а колку треба за такви егзотични репки да ги скршиш? Многу малку, само една добра серија па потоа сами топките им паѓаат од рака.
Ама сме играле по шаблон, а другите европски репки како играат бе друже селекторе? Еве една Хрватска, да не летаат и тие по терен.
Не, ама имаат самодоверба, тактика, дисциплина и план како да се справат со индијански репки, затоа не им се случуваат вакви егзодуси.
Ние едвај со Нигерија тепавме,
Не е успешно селекторување гледање со саати видео анализи, сурфање на интернет, или преку разни апликации, програми како шо практикуваше додека беше помошник на Обврван.
Тоа е работа на помошници, асистенти, не не селектор, тоа е разликата. Многу треба за еден селектор, за да биде успешен во својата работа, му треба тим да стои зад себе, но најголемиот дел до товарот мора да го понесе сам, па потоа да се стави на анализа дали ги бива или не?
Наоѓањето на изговори за неуспесите, префрлање на топката на противниците, демек не ни одговарале на играта, на тремата на децата, на системот на работа кој се практкува во школите е само одлика на слаб селектор.
Затоа ќе ни бидат резултатите на ова дереџе.
Се надевам дека нема да се избламираме во Австрија,а доколку импровизираме ќе се случи и тоа.
 
Ф

Флеш

Гостин

Добро, не ми е јасно, дали дечкото размислува пред да даде вакво експозе? :popce: Сериозно?
Сме имале проблеми со нешалблонизирани репки, така сме ги учеле децата од мали, да играт по шаблони:vozbud:
А, најјакото е на крај, "Но, преку видео-анализите гледав дека не може да ѝ парираме на Јапонија посебно со ротација".:popce:
ГАСИ ИНТЕРНЕТОТ, ДОСТА Е.

Дали вреди дополнителен коментар? се е излишно..
Јапонците биле 3 пати побрзи, техничари биле, да бе немој да не вреѓаш. Јапонија те гази со 10 разлика на домашен терен, Јапонија, пионери во светот на ракометот, какви техничари, какви
, Аргентинците шо беа? 5 пати покрупни, или ? Да не го имаа новиот Диего Симоне шо ни ја свртија утакмицата од -4 на полувреме.
За Данците и останатите европски селекции? Шо да очекуваме од нив? Или тие имаат пари, моќ, па и со нив ништо.
Не бе, друже севселенски селекторе, не е ниту до брзината, не е ниту до техниката, до психата е, самодовербата, подготвувањето на децата пред мечот ( фитнес тренинзи за децата, издржливост), од ова немаме ништо, затоа ќе ни се случуваат дебакли во сите селекции.
Изговори од типот побрзи беа, летаа на терен, техничари беа не проаѓаат, нека се и побрзи, нека се индивидуалци, има начини да се сопрат такви репки, ама треба да проработи силата на колективот, да ги искористиш своите предности пред такви ИНДИЈАНСКИ РЕПКИ, предност во висина, предност во игра во одбрана, прекин игра, да го натераш противникот да греши, па преку брзи контри и полуконтри да ги скршиш. а колку треба за такви егзотични репки да ги скршиш? Многу малку, само една добра серија па потоа сами топките им паѓаат од рака.
Ама сме играле по шаблон, а другите европски репки како играат бе друже селекторе? Еве една Хрватска, да не летаат и тие по терен.
Не, ама имаат самодоверба, тактика, дисциплина и план како да се справат со индијански репки, затоа не им се случуваат вакви егзодуси.
Ние едвај со Нигерија тепавме,
Не е успешно селекторување гледање со саати видео анализи, сурфање на интернет, или преку разни апликации, програми како шо практикуваше додека беше помошник на Обврван.
Тоа е работа на помошници, асистенти, не не селектор, тоа е разликата. Многу треба за еден селектор, за да биде успешен во својата работа, му треба тим да стои зад себе, но најголемиот дел до товарот мора да го понесе сам, па потоа да се стави на анализа дали ги бива или не?
Наоѓањето на изговори за неуспесите, префрлање на топката на противниците, демек не ни одговарале на играта, на тремата на децата, на системот на работа кој се практкува во школите е само одлика на слаб селектор.
Затоа ќе ни бидат резултатите на ова дереџе.
Се надевам дека нема да се избламираме во Австрија,а доколку импровизираме ќе се случи и тоа.
Овој Брестовац е дибек брее .... Нема поим од ракометен тренер.Знае теорија,но аматер е на терен.Македонија во било кој спорт е уништувана од лош тренерски кадар.Додека не почнеме боље,странец.Видете што праи со сениорска и со Грчка поразот,па сега резултати со младите ужасен
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.896
Поени од реакции
9.491
Уште по оној меч со Аргентина све се виде како ке се одвиваат работите аи дури ги гледав дури се припремаа во Струга ми беа некој работи јасни до некаде не се одлучив да прочепкам малце подлабоко во некој работи али они потсвесно знаеа колкав им е лимитот од селектор до стручен штаб тоа шо изиграваат сеа некој бесни глисти е друга ствар пошо некој работи ги слушнав со свое уво бидејки седев на метар од нив.Небитно сеа ке не исплескаат Португалците и ке легниме на брашното како тоа сме ја оствариле целта пчасман во 1/8 финале
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Точно е дека немаме физички предиспозиции за да се наттрчуваме со Јапонците ама тоа не е изговор.

Тоа дали биле брзи или спретни во игра еден на еден нема врска со психолошката изгубеност на натпреварот. Топката им паѓаше од рака како на тотални аматери. Три презицни додавања не можевме да врземе. Згора на се на секоја 50-50 топка јапонците се фрлаа по теренот, нашите ''лазеа'' до нив. Заради овие фактори изгубивме. Не затоа што не ни одговараат.

Инаку вакви екипи се знае како се победуваат. Цврста 6-0 одбрана, шут од 9, ball control, прецизна игра со пикер. Ние потрфрливме по сите 4 основи.

Сениорите покажаа до некаде како треба зимата. Тогаш со 7-6, 2 крупни офанзивни пикери и ball control ги скршивме.

Ама оваа репрезентација ги нема тие вештини а очигледно не е ни психички спремна за да победи ваква екипа.

На крај краева со 2-3 квалитетни играчи вкупно толку е силата (Костески, Серафимов, Кизиќ).

Не се сомневам дека многу подобро ќе играме со европските екипи но што фајде од тоа кога пак ќе изгубиме како со Данска.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Само не те разбирам во кој контекст го ставаш Талески во целава приказна???
Во контекст дека од секоја генерација нереално правиме "ракометни богови". Тотално пред време на 18 години што никако не може да излезе на добро. Не се тоа ракометни вундеркизни па да имаш основа да ги дигаш така во облаци. Мора да се биде реален и да се работи ко коњ на тренинзи, да се плука пот. Мора да се ставаат најстручните луѓе на селекторско место, а не да се импровизира па на крај да се чудиме на вакви бламажи и најсмешни селекторски изјави во историјата на овој спорт. Кратко, не работиме како треба а превише се лупаме во гради дека сме некој фактор во ракометот. Далеку сме од тоа. Се додека не го промениме тој пристап, се додека не се погледнеме у фаца и не си кажеме дека мора да се почне од нула со стопроцентна посветеност, како некои од репрезентациите кои стварно биле дудуци и немале никаква ракометна историја а сега се 2 скалила изнад нас, никад нема да не биде и само ќе доживуваме вакви бламажи.
 
Член од
26 октомври 2018
Мислења
16
Поени од реакции
5

Во суштина ист поглед имаме сто се однесува за оваа 2000-та или пак за фијаското на 2002 што ги водеше Будимир. Но мислам Талески по ниеден основ неможеш да го спомнуваш во оваа приказна или да го рамниш во тоа како што велиш ти во правење "ракометни богови" тој лично со својата работа не случајно е таму, кај што е.

Но да се вратам на темава, овие изјави на Брестовац после добиениот нокаут не ги ни анализирам,ниту пак помислувам да го бранам за сето тоа што го говорел вчера. Но вистината е дека неговата јавна изјава пред почетокот на првенството гласи,го цитирам

„Наша цел е пласманот во осминафиналето, а желба е да играме во четврт-финалето.“

Што би требало да значи дека овој план/проекција е подржан и аминуван од РФМ
Е сега сто некои портали и ликови (стручњаци) го дигнаа овоа кадетско до небеса ,и што од некои просечни играчи за МК лига неосновано направиа "ракометни богови" истите тие индиректно делуваа да се подигнат апетите и очекувањата за висок пласман, а верувам и тензија во самата репрезентација.

Целта ја остварија, е сега желбата дали ке им се исполни или ке остане само како пуста, ке видиме утре !
 
Последно уредено:

Не ме конташ.. воопшто не го поврзувам Талевски со кадетиве, туку само набројувам ракометари кои беа непотребно дигани до небо на 18 годишна возраст. А што се однесува до Талевски ок, очигледно имаме различно гледиште на работите. Јес да игра за Рајн Некар Левен, меѓутоа за мои критериуми е еден обичен просек кој да беше навистина вундеркинг како што го праевме ќе беше меѓу главните ракометари на РНЛ. Али ок, легитимно е да мислиш дека Талески е ок, тоа е твое право. За изјавите на Брестовац, повеќе беше коментирано тоа што го имаше изјавувано по поразите, а сите знаеме што. Со такви изјави само си пукаш у глаа и ништо повеќе. За очекувањата, тачно е дека има изјавено дека целта е пласман во осминафиналето, и желба да се игра во четвртфиналето и тоа е ок. Иако ако не се лажам по портали имаше изјавувано дека ова е генерација која е најјака до сеа, и дека се очекуваат големи работи од неа. Работава е дека најмногу се коментира играта и настапот , разочарувачкиот настап на ова првенство. Мораше многу повеќе,пред се дека сме домаќини и дека долго се спремаше генерацијава. А уше и да не се пласираа во осминафинале, па тоа ќе беше класичен потоп. Сам си ја бираше групата, праеше калкулации и на крај муда маријанова. Па самиот начин на кој се пласиравме во осминафинале е исто така катастрофален, па уше целта била исполнета. И шо со таа цел? Ќе се лажеме дека сме некој фактор, а не сме ништо. Као што кажав претходно многу ствари мора да се мењаат ако сакаме да бидеме конкурентни во ракометов, а не да идеме по првенства ( и тоа е прашање колку ке биде често во иднина) и да изјавуваме дека противникот бил доминантен, дека сме играле со срце ама сме немале одговор на нивната игра и некој слични изјави.Не знам више дали ги гледам децава у изјави или Борко и компанија.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Луѓе како бе може целта да е ова?
Играш на домашен терен едвај победуваш со Нигерија и Бахреин и треба да сме задоволни...
Изгубивме од Аргентина и Јапонија кои се никој и ништо во ракометот,сега во осминафинале ќе не прегазат Португалциве и после ќе се тешиме со тоа демек целта е остварена.

Во оваа група требаше 2ри да сме,се друго е рамно на катастрофа барем според мене.
Незнам како ги гледате вие работите ама јас сум апсолутно разочаран од играта на првенствово,да не се играше кај нас тешко и група дека ќе поминевме.

Ако се задоволуваме со волку како тогаш си даваме епитети како: "Ракометна нација" или "Македонија живее за ракометот'' "Ракометот е спорт број еден во државата" и незнам што друго.
Колку вложување во ракомет имаме...Кире и компанија се утепаа од фалење дека Македонија не треба да се грижи за својата иднина бла бла.
Незнам зошто имаме толку школи,академии,кампови и 300 глупости ако вакви се резултатите.
Очигледно дека со тоа само си перат пари некои луѓе и ништо друго,а нас ни ја полнат главата и веруваме во чуда.
Или сега ќе речеме мала земја сме,немаме пари,толку е силата,немаме услови...Сигурен сум дека имаме подобри услови од Бахреин,Нигерија и останати.

Треба да стават прст на чело луѓето од федерација и да почнат да менуваат нешто,како прво треба да се донесат квалитетни тренери за младински категории(од 12 до 17-18 години)тоа се најбитни години за развивање во ракомет,а кај нас на тие позиции се ставаат луѓе колку ради реда,завршил некој кариера и ај ќе работи во младински категории.

Ако не се смени нешто во иднина ние нема да имаме никаква иднина,ќе паднеме на ниво како што ни е кошарката,ќе сонуваме за Големи натпреварувања.

Сега гледаш ја тепаат Португалија. :D
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Абе немаме ни квалитет, да не летаме во облаци, заеби домаќини, заеби се, ако немаш квалитет и на месечина да играч ќе го јадиш....
Со двајца играчи сакаме 1/4 финале да играме на СП, каде бе арни сме ?
Немаме ни 2 (два) играчи, играч и пол !
Само овај Костевски крилото има квалитет и дели од сите, јас уште утре би го префрлил во сениори, нека се челичи уште од 18 години, се гледа дека има ракомет во детето, одма го пуштам во репка, па макар и промашвал на утакмици и имал скор 0/5, ќе се изделка ќе биди нешто, поарно сега да се фрли во оган, отколку да чекаме од вечниот Џомба кој би играл дури оди.
Серафимов :facepalm: Џабе толку го фалев детето и имав огромни, огромни очекувања, со овие од негова генерација ако неможи да се носи и да е прв играч, не треба да се збора повеќе.
Конечно мислев дека ќе имаме солидна замена за Лазаров, ама изгледа ништо од тоа, се има дечкото, сите предиспозиции, ама кога ќе го залепат или ќе шутни никаков удар ми наликува на Влатко Митков :facepalm:
Од генерацијата после Кузмановски и Талевски, мислев дека Серафимов ќе биди најдобар играч кој ни излегол, ама детето вместо тапка.
Кога најде еден Мартин Велковски да му фати место во Металург и побрзо да се промовира од него, а овој да скапува на клупа се виде колку е саатот.
Абе неможи тоа телето да е појак од него, раце и нозе ќе искршам од тренирање и нема да си дозволам тој инвалидетот да игра пред мене, со напорна работа и посалам тренер Серафимов за Велковски можат да го напрат Ремили да биди. Ама тоа е јебига Македонија сме ние.....

Голманите солидни, иако очекував повеќе од нив, особено од Кизиќ, не се толку лоши, ама и тие не се семоќни и се да бранат, кога пред нив одбраната не функционира, ништо не играме, топката од раце паѓа.
И ова до сега е успех, да не се правиме скандинавци :D Целта беше да се помини групата и топ 16 не е така лошо, кога играме само со играч и пол во репрезентација !
 
Член од
26 октомври 2018
Мислења
16
Поени од реакции
5
Ма далеку од тоа дека овде постојат задоволни од досега прикжаната игра,но сепак сме се уште во игра.
Еве денешниов пример, наместо конструктивна критика за прикажаното со Јапонија ние читаме на сите портали по звршување на групната фаза ако ништо друго барем имамаме двајца најдобри стрелци !!!???
Сосема периферна работа, никој не ја гледа суштината. Па после како се правеле богови?
Воопшто не сакам да ги подценам или негирам нивните квалити и можности, ама тоа не е ракомет.На тој организационен план сме тотална нула и најмногу тука ја барам одговорноста на селекторот. Серафимов би го пофалил во однос на асистенции во сите други елементи е под ниво, а пак Костески во добрата реализација на шутеви кои пак воглавно произлегуваат од тие асистенции т.е вишоци кои ги прави Серафимов навлекувајќи ја противничката 6-ка, освен тоа што го играат речи си до перфекција , нешто друго организирано или пак инветивно во нашиот напад јас не можам да видам.
Ангажираноста и одбраната под секое ниво!

Пак ке кажам , најсрекен би бил ако можат да најдат сили и да се надминат самите себе во дуелот со Португалија, па ова нашето да биде обично јадење трици, а за нив големо искуство.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Колку се доминантни Египет против Словенија во прво полувреме (16-8). Имаат јача бековска линија од нашава сениорска репрезентација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom