Одвај....
Колку само катастрофална одбрана 45 минути. Изврте еден куп играчи Брестовац, сите незаинтересирани. Конечно кога сменивме на 5-1 се сврти натпреварот во наша корист, не знам што чекаше Брестовац толку, очигледно беше дека тоа треба да се игра, цела игра им се темелеше на бековски шутеви од дистанца, со многу малку уигрување на пикерите, а и крилата многу слабо се уфрлаа на пикер.
Ај лоша одбрана, ама подеднакво лош беше и Борко, типична незаинтересирана негова партија. Митревски од друга страна беше солиден и реално не извади во финишот.
Пофалби единствено заслужија крилата, пред се Маџовски, браво, не очекував дека ќе може да одигра толку добра партија за репрезентација била кога, а не пак на дебито. Заслужи и идни шанси. Ни беше можеби и најдобар играч денес.
Инаку Турција уште еднаш покажа дека не е наивна екипа. Пеливан го докажа својот талент, имаат горе долу комплетна екипа, а и голманот не растури, впрочем тој беше и главната причина зошто толку се мачевме инаки и таа слаба игра во одбрана која генерално ја одигравме ќе ни беше доволна за релативно лесна победа.
Како и да е, победа е победа, сега само треба да го потврдиме првото место со победа против Грција во Струмица.