- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 1.810
- Поени од реакции
- 6.958
Отвориме одлично со предност од 3-0, за брзо се вратија Французите и цело прво полувреме имаа водство од неколку гола, на полувреме заминавме со нерешено, постигнавме гол во последна секунда за 14-14, второто полувреме цело време бевме во негатива од 1-2 гола и се играше гол за гол, на минута пред крај израмнивме и во последниот напад примивме гол, баш штета, мислам дека со малку среќа можеше да се радуваме на крај.
Има многу простор за пофалба, прво голманчето Николовски, за мене најдобар наш играч денеска, фантастично второ полувреме, многу одбранети зицери, тој не одржуваше во живот.
После него би го спомнал десното крило Петрески, искрено ме изненади колку смирено реализираше во некои клучни ситуации и тоа од доста тешки позиции, само едно промашување имаше и 5-6 реализации, направи и една глупост на десетина минути пред крај кога без потреба го фаулираше нивното лево крило кое имаше чист агол за влез, заработи исклучување и седмерец за Франција, сепак треба да се земе во предвид дека се работи за дете кое нема некое искуство и ова му е прво сериозно натпреварување, генерално имаше добар настап.
Дамјан Митев делува како прав лидер во овој состав, изведува седмерци, шутира под пасивен. кога е на терен делува дека сите од него очекуваат нешто, прво полувреме како сам да играше, останатите бекови беа некако грч, во второ полувреме веќе се ослободија и покажаа дека има ракомет во нив, Матески беше солиден, има добро движење, игра еден на еден, знае да изнуди седмерец, исклучување, има потенцијал во него.
Како разочарување би го спомнал само капитенот Самоил Ристевски, ништо од него денеска, мислам дека немаше гол постигнато, два пати фаул во блок прави, еднаш престап, заработи и црвен картон, може и јас имам преголеми очекувања од него поради тоа што повеќе време е во сениорски ракомет и добиваше повици и за претходните генерации, веројатно и повредата што ја имаше си зема данок, се надевам на подобри негови настапи на наредните натпревари.
Генерално позитивен прв впечаток, покажаа децата борба 60 минути, карактер, желба за победа, без предавање во ни еден момент, позитивно сум изненаден.