Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
22 ноември 2021
Мислења
65
Поени од реакции
40
Унгарија не игра многу брз ракомет,би требало да ни лежи како репрезентација.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.198
Поени од реакции
5.373
Ај сега кога се слегнаа импресиите, мое видување.

Унгарија - една од поволните од 1 шешир, секогаш на првенствата отвара тешко, после се разигрува. Знае да изгуби од послаби екипи но и да добие посилни од нив. Ќе имаат и они доста навивачи затоа што Вараждин е близу тромеѓето со Словенија и Унгарија.

Холандија - една од позаебаните од 2 шешир, посебно кога ќе видиш дека Италија и они беа у оптек, ти ебам раката шашава. Тесно изиграа со Грција ама мислам дека тоа е затоа што беа уморни више од цела сезона играње. Скоро сите играат во Германија така што не треба да скокаме многу.
Бернгханем, Стеинс, Смитс, Бајенс се играчишта за класа подобри од цела наша репрезентација.

Лично ги сакав Чешка затоа што ни се редовни пациенти :LOL: или Италија затоа што мислам дека лесно ќе ги добиевме без разлика што ја добија Црна Гора

Гвинеја - битно да се учевствува, пола екипа може и да запали некаде на црно да работата у сред шампионат.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.327
Поени од реакции
6.619
Солидна ждрепка. За влакно не ни се падна и Италија место Холандија што ќе беше перфектен ждреб ама и вака е ок.

Унгарија, Холандија и Гвинеја во група, вкрстување со Франција, Австрија и Катар. Освен Гвинеја која ќе биде аутсајдер на првенството заедно со САД и Кувајт, сите други 5 се квалитетни репрезентации, но освен Франција, мислам дека се и екипи со кои можеме да играме. Едино со Холандија сум скептик заради стилот на игра кој ептен не ни лежи, ама секако очекувам напредок во однос на оние -10 од пред 2 години.

Како и да е, очекувам да покажеме одреден напредок. На последното ЕП конечно тргнавме во позитивна насока, по неколку лоши првенства. Чуда, се разбира, не се за очекување. Далеку сме од некои фантастични четвртфиналиња или слично кои на СП не ги достигнавме ни со златната генерација засилена со натурализирани играчи а не пак вака. Мораме да бидеме реални и да сме свесни какви ни биле резултатите во минатото и што би било успех за оваа генерација во оваа фаза од нивниот развој.

Со оглед дека редовно по -10 од сите губевме последните неколку првенства, напредок веројатно е и културни компетитивни натпревари со европските екипи и Катар, макар и сите да ги изгубиме, но се надевам дека е можно и до некој бод во втора фаза да се стигне. Па да се надеваме дека можеме и до победа над европска екипа на СП после 10 години (единствени такви победи ни се Полска и Русија во 2009та и Австрија и БиХ во 2015та) - мене овие натпревари ми се главно мерило. Пост-корона, со новата генерација имаме по една во 2020та (со Кире како играч) и 2024 од по 1 односно 2 разлика против Украина и Швајцарија ама овие се на ЕП (екипи кои не ни можеле да се квалификуваат на СП).

Со среќа нека ни е!
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.276
Поени од реакции
5.126
Групата е топ, а местото на одигрување уште повеќе, сами да биравме ќе згрешевме....

Прво, Вараждин, најблиска опција за нас, предност за полна сала, Хрватска, убава земја, топол/гостопримлив народ, при голема еуфорија и Хрватите би биле со нас и за нас :D
По добро сеќавање ни е овој град од минатото...

Второ, по мерка јас би рекол и противниците, најнезгоден противник Унгарија, добро е шо отвораме со нив, па да се спремаме за првиот меч за со маџарите, сигурно ќе имаат доста фанови и тие, сепак Вараждин е на самата граница со Унгарија, па се очекува инвазија, ама ние сме подобри навивачи од нив :kuracc:
Холандија, едвај поминаа со грците, се мачеја, со поддршка од трибините како домашна атмосфера мислам наши се, ќе се изгубат.
Со Гвинеја сите очекуваме сигурна победа, нема калкулации тука.

Трето, секогаш на последните неколку натпреварувања сум бил песимист и испаѓало со лош учинок, сега сум оптимист дури дека можиме да пренесиме бодови.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.958
Поени од реакции
3.534
И пред ждребот сакав да паднеме во група Д. Тоа најубава опција од сите беше без разлика кој друг ќе ни паднеше (океј минус Тунис и Швајцарија). Поволна е групата, не знам зошто има општо мислење дека е потешка група (по тоа што читам). Ги избегнавме скандинавците што беше многу битно и добивме група во Вараждин. Од прв шешир Унгарија, Словенија и Египет веројатно најповолни опции беа. Унгарија ја добивме. За нас најнезгоден противник, ама па и нови генерации се ова. Добро е што Унгарија ќе игра на Олимпијада, па нивниот фокус ќе е повеќе ставен на тоа. Ќе испробаме, ќе видиме што ќе биде (онаа кадетска победа на СП со децата на Стојановиќ ми дава надеж дека Унгарија некад пак би ја добиле во сениорска конкуренција).
Од втор шешир ми беше мило што ги избегнавме и Исланд и Шпанија, па и Хрватска исто како домаќин. Италија, Холандија и Австрија беа екипи кои ги посакував. Чешка баш и не (Португалија ни да, ни не). Можат со Сабате тие да бидат гадни на ова СП, а како бранеше Мрква против Романија во реваншот - не фала! Овој Холанѓанов можеме полесно да го наполниме. А на тоа дека Холандија имала играчи од Бундес, па имаа и Швајцарија на ЕП, имаа и Фарски Острови.
Ја Америка сакав да ни падне, ама ај и Гвинеја не е лоша екипа. Ќе биде смешно да се гледа таа утакмица. Само една работа ми е прашање, а тоа е дали ќе се појават на СП. Кај нив стално има некои политички циркузи, воени удари и слично. Ако не отидат, ќе викнат друга афричка земја како Мароко? Или ќе поканат пак некоја европска? Ја би со Гвинеја да играме, чисто да е интересно. :icon_lol:
Со убава група вкрстуваме, со Австрија и Катар. Тоа се екипи кои може да се добијат. Франција - би било убаво во уште подобро светло да би изиграле против нив за разлика од последното ЕП и да се надеваме на далеку потесна утакмица.
Со играта против Швајцарија на ЕП и со Фарски Острови во Скопје, може да се надеваме на нешто подобро. Ама ако играме како на тие две утакмици.
Иначе како убаво изгледа ова отворен пат до 1/4-финале, а вкрстување со групите Г, Х понатаму.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.097
Поени од реакции
2.062
Групата е супер,ама ние сме непредвидливи .,можеме и трите да ги добиеме а и да кикснеме.
Сигурно ке играме со сите 5 -1 одбрана со Џонов или Павле....можиме уште првата да изненадиме,да го затвориме Баниди и 50 посто работата е завршена,сигурно Мечка кего ке размонтират убо, Џонов на средниот бек Фазекаш, и нека ги пуштет од 10 метри нека шутирет Бодо и Аничин,со добра игра ги тепаме.
Со холанџаните да не им дозволиме голови од контри и од брз центар ,и нив можит да ги плесниме,сакам Стафан Олсон да го видам скислен.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.958
Поени од реакции
15.974
Varazdin na Ungarija I'm e Kako doma
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.198
Поени од реакции
5.373
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.768
Поени од реакции
6.371
Ќе се осудам да кажам дека уште од време на Кире и Мојсо не сме имале вакви таленти како браќата Митеви, само да ги служи здравје да избегнат повреди, со добар избор на клубови во иднина и правилно развивање ќе прераснат во страшни играчи, дефинитивно новите лидери на репрезентацијата.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
65
Поени од реакции
40
Ќе се осудам да кажам дека уште од време на Кире и Мојсо не сме имале вакви таленти како браќата Митеви, само да ги служи здравје да избегнат повреди, со добар избор на клубови во иднина и правилно развивање ќе прераснат во страшни играчи, дефинитивно новите лидери на репрезентацијата.
Македонските браќа Коста.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
65
Поени од реакции
40
Точно е дека браќата Омерагиќ се откажале од ракомет?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.958
Поени од реакции
3.534
Јуниорите два пати ја победија Словачка пред да одат за Словенија на ЕП. На првата утакмица, 29-16, втората 30-25. Некако едвај чекам да почне првенствово. Сакам еден голем резултат/пласман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom