Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 август 2012
Мислења
3.422
Поени од реакции
5.822
И аман веќе со тие повици за други играчи. Овие се горе долу најјаките што ги имаме. Какви се такви се, резултатите не се заради изборот на играчи, туку затоа што и најдобрите не се доволно добри.
Омерагиќ, Н.Марковски , Велковски , Ѓоргиев , Савревски еве ти 5 одма шо се тотален вишок во репрезентацијата и јас незнам по кој критериум се дел од неа .
Дај не зезај и сам знаеш дека тргни на страна Марковски(кој е прилично стар и толку е од него за високо ниво ), останатите освен можи малку Ѓоргиев ама никогаш нема да бидат нешто поќе од играчи шо од Алкалоид за брзо ќе завршат во Пролет или Бутел .
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.198
Поени од реакции
5.373
Инаку за да не коментираме само напамет, малку и статистика после првите 2 кола од првенството:

Офанзивнa статистикa (според тип на ситуации):
Прегледај го приврзокот 403799


Шут (реализација) статистика:
Прегледај го приврзокот 403800

Голманска статистика:
Прегледај го приврзокот 403801

Неколку заклучоци:
1. Офанзивно 45% од нападите ни завршуваат со гол, 19ти сме од 24 екипи, просек е 53%
2. Главен проблем офанзивно ни се изгубените топки - 33% од нападите ни завршуваат со изгубена топка, со што сме убедливо последни 24ти, просек е 20%.
3. Реализација на шутеви во првите 2 кола ни е 63%, со што сме 13ти, просекот е 62%. Тоа ќе беше ок, да не беа изгубените топки ќе бевме сосема нормална офазнзивна екипа.
4. Голманите одбраниле 19% од шутевите, со што сме на делба од 21во место.
5. Само 2 украдени топки (22ви) и само 1 блокада (делба 19-23 место). Тоа доволно отсликува до каде ни е одбраната. Да имаше статистика на број на успешни фаули (фаули што не завршуваа со 2мин санкција или пенал), сигурно ќе бевме последни или близу до дното, ама за жал нема за да ја потвридиме оваа логика.
Ех да не беа двајцата од Шпанија, ќе изгазевме :icon_lol:

Еве една сувопарна весела математика

Број на изгубени топки пре пре пре преголем. 33 Изгубени топки во 2 утакмици, практично самите себе се тепавме.
-19 сме со гол разлика а имаме, 33 изгубени топки, во идеално сценарио за противникот, тоа се 33 напади.
Голманите ни бранат 20%, што значи дека од тие 33, можеме да избришеме 6-7 напади, плус промашувања, чекори и слично (што у контра противниците не ги правеа многу) ете 10 ќе ставиме на наше конто у позитива, што значи дека остануваме со 23 гола примени од контра или полу-контра.

Па и дефанзивен дрим тим да имаме пак ќе изгубиме.

Здравје, од тука натаму чекаме новиве генерации да дојдат, да комплетираме тим без 95-96 и тогаш можеби ќе имаме некоја шанса, вака тешко. Убаво рече ти, нашите најдобри не се доволни. Не за светска сцена.

Е сега како да биднеме доволни за светска сцена, тоа е прашање за РФМ и креирање на систем на работа. Пак ќе го кажам треба да се работи на промоција на ракометот како спорт уште во училишта, преку школски лиги и турнири на ниво на град, регион и држава. Од тука ќе се зголеми базенот на играчи од кои ќе може да се профилираат за иднина. У меѓувреме спремање на тренери за кога ќе дојде тој инфлукс, да може да се одговори и само така ќе си искреираме и поздрава нација, и појака лига и успех за репка.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.327
Поени од реакции
6.619
Омерагиќ, Н.Марковски , Велковски , Ѓоргиев , Савревски еве ти 5 одма шо се тотален вишок во репрезентацијата и јас незнам по кој критериум се дел од неа .
Дај не зезај и сам знаеш дека тргни на страна Марковски(кој е прилично стар и толку е од него за високо ниво ), останатите освен можи малку Ѓоргиев ама никогаш нема да бидат нешто поќе од играчи шо од Алкалоид за брзо ќе завршат во Пролет или Бутел .
И јас немам особена верба во овие што ги наброја (Маркоски на страна, друга е приказната со него), ама сум реален и знам и дека останатите 5-10 души кои се во комбинација се со сличен квалитет - а и од нив повеќето добиле претходно шанса и ниеден не се покажал нешто посебно (а и не е се до шанса ги гледаме како играат клупски, ако делат, ќе добијат сигурно повик, на никој не му е во интерес намерно да губи - реално нема играч што дели а треба да е во составот, едино со Серафимов не ми е јасна ситуацијата дали е повреден, не дека дели, ама е подобар од Велковски).

За мене главни постулати за репрезентација се:
- Ги бираш оние што се најдобри независно од возраст
- Ако имаш неколку со сличен квалитет, ги бираш оние што имаат редовна минутажа
- Системот на игра го склопуваш во склад на играчите што ти се на располагање
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.498
Моментално Фарски острови се класа за нас! Ало ништо нит играат нит тренираат и тактички се тапа. Кире тргни се жити нас...
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.327
Поени од реакции
6.619
Ех да не беа двајцата од Шпанија, ќе изгазевме :icon_lol:

Еве една сувопарна весела математика

Број на изгубени топки пре пре пре преголем. 33 Изгубени топки во 2 утакмици, практично самите себе се тепавме.
-19 сме со гол разлика а имаме, 33 изгубени топки, во идеално сценарио за противникот, тоа се 33 напади.
Голманите ни бранат 20%, што значи дека од тие 33, можеме да избришеме 6-7 напади, плус промашувања, чекори и слично (што у контра противниците не ги правеа многу) ете 10 ќе ставиме на наше конто у позитива, што значи дека остануваме со 23 гола примени од контра или полу-контра.

Па и дефанзивен дрим тим да имаме пак ќе изгубиме.

Здравје, од тука натаму чекаме новиве генерации да дојдат, да комплетираме тим без 95-96 и тогаш можеби ќе имаме некоја шанса, вака тешко. Убаво рече ти, нашите најдобри не се доволни. Не за светска сцена.

Е сега како да биднеме доволни за светска сцена, тоа е прашање за РФМ и креирање на систем на работа. Пак ќе го кажам треба да се работи на промоција на ракометот како спорт уште во училишта, преку школски лиги и турнири на ниво на град, регион и држава. Од тука ќе се зголеми базенот на играчи од кои ќе може да се профилираат за иднина. У меѓувреме спремање на тренери за кога ќе дојде тој инфлукс, да може да се одговори и само така ќе си искреираме и поздрава нација, и појака лига и успех за репка.
Само мала поправка, полошо е од што мислиш - 39 изгубени топки (21 со ФРА, 18 со ГЕР) - 33% од нападите т.е. секој трет напад губиме топка.

Инаку за противниците, не мора да шпекулираме и за тоа има статистика. Против Франција и Германија офанзивниот успех на противникот (што значи нашата одбрана + голмани) е:
позицион напад: 54/95 = 57%
транзиција + контри + шутеви на празен гол: 19/26 = 73%

Да, можеби ќе губевме со помалку, ама 57% од позицион напад е висок процент. Пак ќе не растуреа. За споредба нашиот вкупен ефект е 45%. Немаше да губиме со 10 разлика, ќе изгубевме со по 7-8.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.590
Поени од реакции
5.530
Гузија тепала со катастрофалната Босна, шо мислам значи дека ќе треба да тепаме со 2 разлика против Швајцарија за да не сме најпоследни од 3то пласираните репрезентации со цел да останиме во прв шешир за квалификаци на светско.
 
Член од
4 ноември 2016
Мислења
2.297
Поени од реакции
1.774
Според кладилници 18 коефициент за нас против Швајцарија, 1.04 за нив.
Ние навистина не сме реални со очекувањата, ама ова е доста потценувачки спрема нас.
Прегледај го приврзокот 403737
Затоа денес е 7 коефициентот, отворија -8.5 хендикеп за Швајцарија. Нереално
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.198
Поени од реакции
5.373
Очигледно не сакаш ронка да падне на играчите од Алкалоид. Кој од играчите од Алкалоид го заслужија место во мак.репрезентација со исклучок на Митев и Џонов.
Само мала поправка, полошо е од што мислиш - 39 изгубени топки (21 со ФРА, 18 со ГЕР) - 33% од нападите т.е. секој трет напад губиме топка.

Инаку за противниците, не мора да шпекулираме и за тоа има статистика. Против Франција и Германија офанзивниот успех на противникот (што значи нашата одбрана + голмани) е:
позицион напад: 54/95 = 57%
транзиција + контри + шутеви на празен гол: 19/26 = 73%

Да, можеби ќе губевме со помалку, ама 57% од позицион напад е висок процент. Пак ќе не растуреа. За споредба нашиот вкупен ефект е 45%. Немаше да губиме со 10 разлика, ќе изгубевме со по 7-8.
Ние сме типична екипа од 3 барабан у Европа во овој момент. И тоа е мн тешко да се свари кај многу луѓе затоа што го имавме тој успех у Србија после тоа проаѓавме група како така, на шкрги ама проаѓавме. Сеа јебига, како што реков ќе си чекаме подобри времиња, можеби од младиве ќе искочат уште играчи, од др. страна озбилно мислам дека РФМ мора да засука ракави и да ја обезбеди иднината за 2030+
Автоматски споено мислење:

Затоа денес е 7 коефициентот, отворија -8.5 хендикеп за Швајцарија. Нереално
А ова ако, многу пати така кога не потцениле сме им е.але мајката на кладилниците. Се сеќавате кога на вардар му дадоа 15 коеф за освојување титула :icon_lol:

У финалето пак 7.50 беше мислам или 4.50 нешто така.

Мислам дека ке ги шљапнеме Швајцарците затоа што ќе не потценат после ова реми со Франција ќе биднат накурчени а ние ќе играме за да го обелиме образот, и онака мислам дека сме секако отидени за оваа утакмица само и да си обезбедиме полесен бараж за СП.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.958
Поени од реакции
3.534
Гузија тепала со катастрофалната Босна, шо мислам значи дека ќе треба да тепаме со 2 разлика против Швајцарија за да не сме најпоследни од 3то пласираните репрезентации со цел да останиме во прв шешир за квалификаци на светско.
Очекувано како играше Босна на првенството и пред првенството. А нас да, макар и победа од еден гол би ни била доволна само да дадеме бар 24-25 гола (затоа што и разликат меѓу нас и првите две, во однос на Грузија и нивните две, е пак во наша корист).
Добро, Борко и Кире до толку се скарани, да Борко на секој можен пост негов да вергла за Кире?
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.590
Поени од реакции
5.530
Очекувано како играше Босна на првенството и пред првенството. А нас да, макар и победа од еден гол би ни била доволна само да дадеме бар 24-25 гола (затоа што и разликат меѓу нас и првите две, во однос на Грузија и нивните две, е пак во наша корист).
Добро, Борко и Кире до толку се скарани, да Борко на секој можен пост негов да вергла за Кире?
А пред некој ден имаше зачудувачки од негова страна поддршка за играчите и дека не треби да се бараат резултати во ваква група со вакви репрезентации бла бла, овие од 24ракомет го имаат и избришано тој пост.
За сега таман да му се погоди ситуација после вчерашниот пораз за јадење гомна прв.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.513
Поени од реакции
23.020
Хахаха како коментираш као Лазаров да го земал Џонов и Велковски а ги оставил дома Сагосен и Хансен. Дај биди реален, немаме моментално квалитетни ракометари, ни повиканиве се квалитетни ни па тие другите нешто вредат што не се повикани. Респектабилна била Македонија, ама знаевме дека кога ќе се растури таа генерација ќе се деси ова. Па кој сакаш нека бира играчи и нека ги тренира.
ne. da bese bilo koj drug do sega ke letase. vreme e za smena.

i da ima i drugi sto treba da se povikaat i da se proba nekoj drug sistem sto moze ke funkcionira podobro. zatoa se plaka selektorot a ne za da se zadovoluvame so "ova se najdobrite" bla bla gluposti koga ni toa ne e taka...
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.922
Поени од реакции
831
ne. da bese bilo koj drug do sega ke letase. vreme e za smena.

i da ima i drugi sto treba da se povikaat i da se proba nekoj drug sistem sto moze ke funkcionira podobro. zatoa se plaka selektorot a ne za da se zadovoluvame so "ova se najdobrite" bla bla gluposti koga ni toa ne e taka...
кое време е за смена другар, подмладување демек правеа сите тренери пред Кире сепак кај него најголемиот рез бидна...не знам што мислиш дека имаме од играчки кадар на друго место што би сменил доволно за да личиме многу подобро од ова
 
Член од
21 март 2014
Мислења
515
Поени од реакции
378
ne. da bese bilo koj drug do sega ke letase. vreme e za smena.

i da ima i drugi sto treba da se povikaat i da se proba nekoj drug sistem sto moze ke funkcionira podobro. zatoa se plaka selektorot a ne za da se zadovoluvame so "ova se najdobrite" bla bla gluposti koga ni toa ne e taka...
Реално гледано, со овие играчи ни Раул Гонзалес ни св. Петар може да извади позитивни промени, а ракометот не е некој спорт во кој многу се вложува и во играчи а ни во тренерски кадар, Алкалоид е едно брзо решение, кое уствари само презема играчи од Бутел, Пролет и други тимови, ама ни треба многу младински школи и добар скаутинг како што работеа Червар и Металург, и тоа се работело во повеќе градови, Вардар и Пелистер не се со таква визија, да се надеваме дека Алкалоид ќе инвестира во повеќе младински школи..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.169
Поени од реакции
84.882
со оглед на групата, пак ќе кажам, главното прашање за првенствово беше дали ќе бидеме 23 или 22.
Добро испадна некако ова, можеме да бидеме и 21 некако.

Освен ако не изгубиме 10+ разлика утре, па може и последно место да бидеме :D
..ама сакам да верувам дека не сме до толку...или сме?

Сеедно, математиката во моментов е:

БиХ: -28 гол разлика
Нашиот, а и ваш јужен сосед: -28 гол разлика

Екипи што ќе се борат да избегнат последно месо заедно со нас:

Романија: -19 гол разлика после 2 меча, играат со Хрватска


И толку се.
Тоа се екипите во кој ранг сме и ние.

Ние имаме исто како и Романија -19 разлика.

Ако изгубиме со 10 разлика, ќе бидеме најверојатно најслаба репрезентација на ова првенство (освен ако Романија не изгуби со повеќе)

Ако изгубиме со 9 разлика ќе бидеме на исто ниво со Босна и Грчка, а ако изгубиме со 8 или помалце од 8 разлика ќе бидеме 22 или 21, во зависност од резултатот на Романија-Хрватска.

Е сега интересно е што..
Швајцарија има шанса да се пласира во следната фаза, а за такво нешто да се случи треба Германија да ја победи Франција, а Швајцарија да ја доминира Македонија.

Франција има +10 гол разлика, а Швајцарија има -13 :D :D

А прво игра Швајцарија, па потоа Германија, па ќе може и математика да се прави :D

Ама еве, да речеме Германија би победила минимално, со 1 гол разлика против Франција.

Тогаш, победа на Швајцарија од 23 голови разлика ќе гарантира пласман на Швајцарија во следната рунда.

Забавно :D :D :D :D :D
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.422
Поени од реакции
5.822
Ако некој овде се надева дека утре ќе ја тепаме Швајцарија нека почни од среда безбол да гледа место ракомет.
Нема шанса ќе ни дупнат глата и тие над 7-8 сигурно .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom