Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
2 август 2017
Мислења
242
Поени од реакции
337
И со Словенија, и со Црна Гора, на почетокот дозволивме да почнеме со минус три/четири гола. Тоа самото по себе значи психолошки притисок уште од почеток (непотребно!). Требаше барем ова да го земат како лекција од натпреварот со Словенија, и да не дозволат да се случи истото со Црна Гора. Ама наместо тоа, не само што се поставија да се во иста ситуација, туку дозволија да има момент, Црна Гора да води со 4:0. И после, бркање цел натпревар, грешки итн. Многу нормално.
Другар мислам дека ти не си ја гледал на почеток утакмицата против Словенија или нешто си ги измешал лончињата
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.149
Поени од реакции
13.213
Секое учество на СП и ЕП е голем успех за оваа репрезентација. Мислам дека сите дадоа максимум, јас сум позитивно изненаден што не се дозволи дебакл овие две утакмици, со оглед на играчите со кои располагаме и имаме еден од најслабите состави на првенствово. Очекувано им паѓаше топката од раце, промашуваа зицери, толку е капацитетот и квалитетот. Три порази беа впишани уште пред почетокот, можеби ќе имавме некоја шанса против Црна Гора да играше Кире. Не очекував никако дека Велковски ќе буши :icon_lol:, нема никаква физикалија за бек, за тежок антиталент го сметав, бетар од Тале. Уште со Данска ако не јадат двоцифрена разлика, настапот е повеќе од успешен.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.085
Поени од реакции
1.372
Другар мислам дека ти не си ја гледал на почеток утакмицата против Словенија или нешто си ги измешал лончињата
Моја грешка. Го смешав првото со второто полувреме.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.166
Поени од реакции
5.747
Веројатно! Со оглед дека во претквалификациите 8 екипи одат, мислам дека истите ќе играат против 17-24 пласираните на ЕП (16-то место, ако Полска излезе да речеме 17-та или 18-та). Мислам и подобро така за оваа репрезентација, да може да фати залет и да изигра што повеќе утакмици заедно. И да ја победевме Црна Гора не ни гарантираше 13-15 место, ако не изгиневме со Данска.

Чекај, мислам една екипа вишок би била во тој случај и некако не одговара со математиката (едино ако 7 одат од претквалификациите би имало смисла). Ќе излезат ЕХФ и ИХФ со официјално соопштение во врска со тоа.
Вака е ситуацијата:

Веќе квалификувани: Данска (дветски првак) и Шведска и Полска (домаќини)
од ЕП ќе се квалификуваат директно првите 3 на ЕП исклучувајќи ги веќе квалификуваните + победниците од 9 баражи
Баражите ќе бидат:
- прв шешир, првите 9 од ова ЕП кои не се веќе квалификувани. Ако претпоставиме за поедноставно дека Данска и Шведска ќе бидат во топ 5, а Полска еве нека е 15та, тоа би значело дека прв шешир ќе бидат 6-14 место на ЕП
- втор шешир ќе бидат победниците од претквалификациското коло каде едниот шешир се оние кои ќе бидат 16-24 место на ЕП (ако Полска е подолу од 15то можеби и 15тиот тим), а другиот шешир, 8те победници од претквалификациските групи + Швајцарија

Во превод, прво квалификациско коло, би играле против една од следните 9 екипи:
Швајцарија
Грција
Белгија
Естонија
Финска
Израел
Романија
2 од (Италија, Латвија, Фарски Острови, Луксембург)

Тука би биле фаворити, најтешки противници се Швајцарија и Романија, со кои ќе биде комплицирано и првото коло, со другите би требало да оди полесно.

Во второ коло т.е. баражот, ако го поминеме првото, ќе играме против некоја која ќе биде меѓу 6то и 15то место на ова ЕП.

Рано е но некоја проста проценка е последните 9, односно 2 шешир да бидат, UKR, BIH, LTU, AUT, MKD, POR, SVK, MNE, SRB

Според тоа ако претпоставиме дека освен DEN и SWE во топ 5 ќе завршат FRA, ESP, NOR, првиот шешир би изгледал отприлика вака: SLO, CRO, ISL, HUN, NED, GER, BLR, RUS, CZH

Ќе има 2-3 екипи со кои можеби можеме да играме, но ќе ни треба среќа во ждрепката. Практично се враќаме во ситуацијата во која бевме во 2000тите, кога цела деценија не можевме на крај да излеземе во баражите каде ни се паѓаа Унгарија, Исланд...

П.С. Планирани се и две вајлд карти за СП, и едната од нив извесно ќе оди за европска селекција, со што вкупниот број на европски екипи ќе дојде до 16 (само како што можевме и досега да видиме, Македонија е мал пазар и како таква, не е баш интересна за ИХФ).
 
Последно уредено:
Член од
11 август 2017
Мислења
373
Поени од реакции
311
Ласица казнет од ЕХФ
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.348
Поени од реакции
2.391
Тука би биле фаворити, најтешки противници се Швајцарија и Романија, со кои ќе биде комплицирано и првото коло, со другите би требало да оди полесно.

Во второ коло т.е. баражот, ако го поминеме првото, ќе играме против некоја која ќе биде меѓу 6то и 15то место на ова ЕП.

Рано е но некоја проста проценка е последните 9, односно 2 шешир да бидат, UKR, BIH, LTU, AUT, MKD, POR, SVK, MNE, SRB

Според тоа ако претпоставиме дека освен DEN и SWE во топ 5 ќе завршат FRA, ESP, NOR, првиот шешир би изгледал отприлика вака: SLO, CRO, ISL, HUN, NED, GER, BLR, RUS, CZH

Ќе има 2-3 екипи со кои можеби можеме да играме, но ќе ни треба среќа во ждрепката. Практично се враќаме во ситуацијата во која бевме во 2000тите, кога цела деценија не можевме на крај да излеземе во баражите каде ни се паѓаа Унгарија, Исланд...
Швајцарија ја изумив (изгледа дека не играа претквалификации, туку директно во тој прв бараж). Можеме со Холандија, Белорусија, Русија и Чешка (Русија би ни била идеален противник). Ама ќе треба доста среќа во баражот. Инаку да , и мене ми текна на таа ситуација од 2000 наваму кога игравме нон-стоп со Унгарија и Исланд.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.685
Поени од реакции
12.866
пак да пишам, никој не коментираше... Ова е прво првенство без Лазаров, не рачунајќи онаа утакмица кога беше повреден и не играше со Шпанија... Имаме 2 опции, да најдеме играч кој ке го замени Лазаров, јас не гледам таков, втора опција е да играме навистина модерен ракомет... Е сега прашање е колку Лазаров е способен како тренер да имплементира најмодерен ракомет... по мое мислење, нам ни треба реномиран професионален странски селектор за водење на екипата, а корисно е и Лазаров да биде помошник тренер, тој што ќе собере поширок список на играчи... се разбира ова е изводливо ако има добра соработка и доверба меѓу странскиот селектор и Лазаров... што знам, дали има услови да се седни и да се разговара на пример со новиот тренер на Вардар, Дејвис, да се проба на неколку утакмици како би било заедничкото водење на репрезентацијата... знае македонски, знае доста од играчите а и од Вардар има репрезентативци, можеби ќе има заеднички интереси, нека го одреши Сојузот кесето...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
2.929
Поени од реакции
4.166
Е сега прашање е колку Лазаров е способен како тренер да имплементира најмодерен ракомет.
Јас мислам обратно, прашање е колку се способни играчите и колку имаат квалитет во нив за да имплементираат "најмодерен ракомет "? За тактичките вештини на Лазаров нема шо да се коментира кога има работено со најаките тренери во светот, чоекот е луд по ракомет се гледа од 100км.
Сериозно мислите дека Дејвис е покадарен од Лазаров?
Проблем е во моментов немаме квалитетни играчи, 2-3 просека и све друго под просек.
Затоа фокусот мора да биде на новите генерации, да се работи квалитетно особено во кадетските и пионерските категории, имам впечаток дека не се работи најдобро таму, тоа можи да го потврдат многу ракометни работници, напедок има да, но не доволно.
 
Лазаров се покажа на дебито со Данска, но таму беше играч- тренер, сега не можеше да игра и беше само тренер, не е истата ситуација...јас само предложив дискусија, а друго прашање е дали има можности за таква соработка, но мислам добро е да се има 2ца добри тренери, посебно ако едниот повремено влегува во игра... патем, не е за ова тема, ама ме интересира, дали во долгите потраги за тренер Вардар некогаш размислувал за ангажман на Киро ???
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.104
Ласица казнет од ЕХФ
Оваа казна е мала, требаше и суспензија една година.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
690
Поени од реакции
1.283
Добро шо се дешава со казниве за чорапите ??
Секоја година истото.
Ако имаат вишок пари во РФМ нека излезат и со различни дресови.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.348
Поени од реакции
2.391
Во превод, прво квалификациско коло, би играле против една од следните 9 екипи:
Швајцарија
Грција
Белгија
Естонија
Финска
Израел
Романија
2 од (Италија, Латвија, Фарски Острови, Луксембург)
Тие двете се Фарски Острови и Луксембург. Баш ја гледав утакмицата Италија - Луксембург и не се знаеше до сам крај како ќе завршеше. Многу аматерски играа и Италија и Луксембург, а одлучувачка утакмица.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.278
Поени од реакции
1.786
Затоа фокусот мора да биде на новите генерации, да се работи квалитетно особено во кадетските и пионерските категории, имам впечаток дека не се работи најдобро таму, тоа можи да го потврдат многу ракометни работници, напедок има да, но не доволно.
И јас мислам дека главниот проблем лежи во младинските школи, тренерите се понашаат како во државна администрација да се вработени.
Доказ дека располагаме со многу лоши тренери е фактот што никој не бил побаран некаде во странство.
Аљуш ги водеше најголемите македонски клубови Пелистер и Вардар, а интернационалната кариера му се сведи на тоа да е тренер во втора лига во Исланд.
Лазаров се обидува нешто да промени во младинските категории преку негови соработници кои ќе го пренесат неговото знаење на децата, пред се во Алкалоид.
Ги спремаат добро кондициски за брз и модерен ракомет, ќе видиме како ќе излезе на крајот овој проект и каков ќе биде ефектот во репрезентацијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom