Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Македонско новинарство be like: натпреварите се закажани за 19 и 20 мај. :eek:

Денеска сме 25 мај, а натпреварите се играат јуни месец.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
РAKOMETOT E MOJOT ЖИВОТ ! - Samo Rakomet

Kирил Лазаров: Можеби приметивте дека во двете ЕХФ недели што ги имавме, шанса добиваа играчи што играа во 2 правци, то ест квалитетни одбрамбени играчи. Им го најавив тоа и на самите репрезентативци дека македонскиот дрес ќе се заслужува само со квалитетна игра во одбрана.
Мораме нашата одбрана да ја доведеме до совршенство. Задоволен сум до сега како се движат работите.
Кога можевме од Талески, Мишевски, Велковски, Младеновиќ и Марковски, кои што немаат многу минутажа дефанзивна во нивните клубови да добиеме 3 натпревари, тогаш треба да бидеме повеќе од задоволни.

Кирил Лазаров: Работиме да имаме поширока база. 90% од базата се играчи од 19 до 25 години. Има многу талент и материјал за работа.
Загрижува минутажата на одредени играчи во нивните клубови. Играчите кога бираат клубови, треба да размислуваат и на нивните улоги кои што ќе ги имаат во клубовите. Што поодговорна улога, па макар и во помал клуб е подобра опција од седење на клупа па макар бил и најдобриот клуб во Европа. Има играчи што се задоволуваат со тоа што ќе постигнат договори со нашите најдобри клубови, а всушност не се свесни дека си ги упропастуваат кариерите. Седат на клупа во клубови, а имаат огромна желба да играат за национална селекција, многу нелогично …
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558

Кирил Лазаров: Брендот КЛ7 го градам повеќе од 25 години со многу жртвување, посветеност, труд… Многу време и енергија вложив да создадам тим и да ги створам ракометните школи, ракометниот камп а покасно и клубот… Ги донесов на едно високо ниво во краток период.

Со клубот се разделивме на крајот на ноември, иако сеуште се води како КЛ7. Ретко правам лоши проценки со луѓе, но секој човек греши па така и јас…

Не сакам да навлегувам подлабоко во работите, ќе останам коректен и достоинствен до крај.

Животот е лекција.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.725

Наводно си побарал газдата на Голден Арт син му да биде во тимот, Кире одбил зошто детето било антиталент, после дознал и дека Ѓоргоновски му имал ветено на газдата дека син му ќе биде дел од тимот и ја има спукано работата и со него, што му беше најблизок соработник. Не знам дали на него мисли во погорната изјава али бил прилично разочаран што овој му работел позади грб и давал ветувања во негово име.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.140
Поени од реакции
28.895

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.919
Поени од реакции
12.410
Од наводно, кажаа нема траги на насилство, а да се удавиш сам без да ти проработи инстинктот за пливање малку не е верно.
Шо не е верно? Мами температурава надвор да влезеш во езеро, а реално ладна е водата. Еден шок и толку треба. Џабе и инстинкт ако си загубил свест.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.140
Поени од реакции
28.895
Шо не е верно? Мами температурава надвор да влезеш во езеро, а реално ладна е водата. Еден шок и толку треба. Џабе и инстинкт ако си загубил свест.
За самоубиство.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Од наводно, кажаа нема траги на насилство, а да се удавиш сам без да ти проработи инстинктот за пливање малку не е верно.
И мене ми е нејасно, ова слично како новинарот со кофата.Малку покомплициран начин за самоубиство е давење отколку на пример со пиштол.Освен ако не се изнапил некои таблети.Реално чудно како за спортист.
Друго, на место каде е релативно рамно крајбрежје, без карпи итн.Не е Градиште или Канео.
И да, малку е без врска да спомнуваме теории на заговор, ама само по себе е така, такво ни е општеството од пракса и знаејќи како работат истражните органи.
А во Охрид штама и неверување...без разлика на причини и околности, штета толку млад живот:(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom