Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.432
Поени од реакции
68.563
@Acid @Tomasino затворете ја темава додека трае СП, убаво е муабетите да се водат во соодветната тема. Вака пола муабет на една, а пола на друга тема. Барем порано така сме правеле со темава, одела под клуч за време на првенствата.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
И сега кој ќе биде новиот селектор, Лазаров, Вујо, или некој друг...
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Во каква состојба ни е репрезентацијата ќе биде стварно тешко да се најде човек што би прифатил да работи и да предземе ваква екипа.
За разлика од претходните години повеќе не сме во ситуација да бираме кој ќе ни биде селектор.

Кај нас е проблем играчкиот кадар и неизбежно е да паѓаме во наредните години,стварно не верувам дека некој може да го промени тоа,така да нема многу да ни значи кој ќе биде селектор.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.554
Поени од реакции
8.135
Ако дојде некој добар селектор дефинитивно ќе има одредени промени на подобро во смисла на организација, акции, ќе се знае редот на терен, но со оглед на фондот на ракометари нема ништо до толку драстично да се смени. Скроз сме паднати на дното во однос на лимитираност со ракометари, играњето одбрана ни е мисловна именка, така да ќе мора да се почне долг процер на работа во младински категории на создавање на модерни ракометари кои ќе можат во иднина да парираат на светските ракометни репки.Скандинавци во младински категории, и скадинавец на А селекција. Да биде поддржан во се што бара и да му се остави простор за работа без мешање и форсирање на мамини и татини педерчиња. Ако се има трпение и се направат овие работи ќе има и резултати. Ако се сака инстант успех ондак нема ништо.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.803
Поени од реакции
15.873
кој и да дојде селекторо следува тежок период за репрезентацијата. нешто слично што се случи со женската ракометна репрезентација, дури во последна година две имаме колку толку напредок таму, ма да прво учество после долги години ќе ни е следна година на домашен терен..
и сега не смееме да бараме нешто резултати премногу од овие играчи и да се замислуваме дека сме велесила во ракомет, па пласмани во втори фази и триста чуда. доволно е да не изгубиме континуитет на првенства поточно на ЕП, сега барем олеснет е пласманот за таму со 24 репрезентации.
мора да се работи со младите категории и со тие неколку генерации што се надежни дека може нешто да направат.
инаку не би одел со странец селектор.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Тешко веројатно дека некое докажано квалитетно име би можеле да донесеме.

Недостатокот на квалитет во играчите не се надминува со било каков селектор.

Како што ќе почнат да имаат минутажа пролетва играчите од Вардар и Еурофарм Пелистер сигурен сум дека ќе имаме нешто подобра игра се на се земено (нешто налик на изданијата од пред два месеци во квалификациите за ЕП2022), можеби и уште две победи над Швајцарија и Финска (иако нема да е лесно).

Но некои драстичи промени за брзо тешко ќе се остварат. Треба темелна анализа и дискусија генерално на ракометните работници во државата како да се произведат подобри играчи и како моменталните таленти да се истераат на правиот пат до максимумот на нивните можности. Кој ќе биде селектор е ми се чини споредно прашање во моментот.

Ни треба ревизија на стратегијата. Квалитетна организациска структура во РФМ имаме, но се покажа дека желба, пари, вложување во лигата и одлични услови и одврзани раце за разно разни селектори не е доволно.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Мое лично мислење деновиве е дека во изминатите неколку години, иако донесено со најдобра намера решението со ограничување на странците во домашното првенство направи повеќе штета од добивка. Ефектот од тоа правило за жал не беше да играат повеќе Македонци во нашите квалитетни клубови, против јаката меѓународна конкуренција во ЛШ, ЛЕ и СЕХА, туку истите тие (пред се тука се мисли на Вардар, Металург и Пелистер) во одредени сезони секако да си ги носат странците кои си ги планирале, а да ги "купуваат" најголемите македонски таленти со цел да го пополнат бројот на македонци кои мора да ги имаат во ростерот за тие 2 месеци плејоф во лигата. Ефектот е само назадување на талентите наместо нивна надоградба, бидејќи тие практично не играат, а и кога играат имаат минорна улога (особено проблем во производство на бекови).

Неколку идеи вака мене што ми паднале на памет:

1. Враќање на сите екипи во лигата. Плјоф/плејаут како 3/4 круг може да има, но мора сите да стартуваат од почеток.

2. Ограничување со ваучерите од државата да може да се користат само на инфраструктура, стручен кадар и нивно дообучување, како и на македонски играчи. Странците да треба екипите да си ги плаќаат од "свој" буџет. Ако некој сака повисоки резултати користејќи странски кадар, нема проблеми, но нема логика државните пари да се трошат на тоа. Тие ваучери треба да служат за унапредување на ракометот а не за крпење на ростери. Технички тие пари од ваучерите се ослободување на државата за спонзорите, но логиката е јасна.

3. Мора да се направи ревизија во системот на селекција на играчи. Пред 5-10 години конечно почна да се размислува посериозно на тоа кој играч какви физички предиспозиции има и во која насока тие е можно да се развиваат што доведе конечно да имаме младински репрезентации кои личат на нешто и потенцијали за игра во два правци. Проблемот е што преголем акцент во тие анализи беше даден на висината, а премал на останатите значајни физички карактеристики. Мора да се обрнува внимание на должина на раце, тежиште и пред се на атлетски потенцијал (како вертикален, на пример за скок шут или скок од крило, така и латерален за подвижност во одбрана). Во овие аспекти ние сме генетски релативно ограничени, но треба да се најде начин да се извади максимумот од тоа што го имаме.

4. Во школите мора прво да се обрнува внимание на максимизирање на физичкиот потенцијал, движење и експлозивност, како и на основи на ракометната игра, трчање напред назад, игра во два правци, брз центар, држење на топка и типови на шутеви, координација меѓу раката и окото...

Учење на самата ракометна игра, акции и слично треба да е сосема споредно. Ракометот не е игра која мора тактички да ја совладаш млад. Ракомет може да научиш и на 20-22 години. Ама максимизирање на физичкиот потенцијал и развој, како и втемелување на некои од основие не се прави на таа возраст, особено не откако веќе си научил доста тактика.

Доволно видовме по младинските и кадетски селекции како нашите пробуваат да изведат акции мислиш Шпанија сме, за противникот со едноставна игра 1 на 1 на нивниот среден бек, или кој и да им е најбрз и најексплозивен играч да не победува без притоа којзнае колку да покаже ракометно знаење.

Нас не ни требаат толку многу ракометни тренери, колку што ни требаат квалитетни учители по физичко и педагози.

5. Мора да се едуцираат медиумите на реалноста во ракометот во светот. Имам впечаток дека во изминатите 10 години повеќе имаме штета направено со сензационалното известување, отколку добивка за популаризација на спортот. Медиумите се тие кои ги креваат очекувањата до невозможни граници повеќе отколку самите граѓани.

6. Иновативност. Никој не не спречува да бидеме иновативни, не е само дека постои еден начин да се стигне до резултат. Зошто секогаш да бидеме тие што копираме. Може нешто и да се смисли. Типичен наједноставен пример се статистичките анализи. Во поразвиените спортови ова е веќе сведено на ниво на наука, во ракометот има нешто но е сеуште релативно рудиментирано. Но и такво какво што е зошто да не го користиме. Зошто, на пример да не се собираат податоци какви што има на првенствата за домашното првенство. Тие може да се агрегираат, анализираат, сите екипи, играчи и тренери ќе имаат корист. Па дури и медиумите кои ќе може да направат уникатни поинтересни вести. Тоа дури и не се некои комплексни анализи, туку релативно едноставни почетни статистики кои на подолг рок може многу да еволуираат. Но иновативност може да има и во други аспекти, начин на тренинг, регулирање на лигата, секаде...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.077
Кого и да постават за селектор ќе се постигне првичен, краткотраен ефект и толку ќе биде за догледно време. Секоја тренерска/селекторска смена има своевиден позитивен "шок ефект", и самиот Брестовац беше пример за тоа со дотогаш незамисливиот триумф во Исланд, извадените квалификации после срамот во Грција. И толку. Ако се види кој и како работи по клубовите и школите со децата до 15-16 години, како истите тие деца понатаму продолжуваат во младинските категории испаѓа дека ни треба селектор од типот на Дејвид Коперфилд или Крис Ејнџелс. За да имаме играчи кои на 22-23 години ќе бидат технички потковани, со вграден победнички менталитет и развиен ракометен интелект наместо таленти на 24-25 години ни требаат 2-3 скандинавски тренери, со искуство во работа со млади категории, кои ќе работат по модел усоглсен со РФМ, координирани од 1-2 од наши стручњаци со изграден интелект (ракометен и човечки воопшто) и ракометна визија. Тие да прават селекција во соодветни возрасни категории, со свој тим од кондициски тренер, лекар, терапевт и нутриционист поединечно да ги следат селектираните во циклус од две години по што ќе следи реселектирање и премин во повисока категорија или екстра работа за напредување. Така евентуално би се провлекле поединци, никако цела постава или цела генерација. Секоја чест за нашите поранешни репрезентативци, сегашни тренери и селектори во младинските категории, но разликата од добар играч до добар тренер и педагог е мнооогу голема. За најголем дел од нив нивото се комерцијалните школи за ракомет.
Дотогаш, ќе си ги прераскажуваме истиве муабети за Тале и дружината.
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Таа приказна со Скандинавски тренери треба да ја заборавиме,барем за наредниве години.
Тие тренери од таму знаат ракомет,само за да работат треба да им се овозможат услови,можат ли нашите сали да се споредат со тие во Шведска,Данска,Норвешка?
Ние во државата немаме 2-3 сали што можат да ги исполнат критериумите за европски натпревари,така да може да замислиме какви се тие кај што играат јуниори,кадети,младинци итн.

На оваа тема зборуваа веќе неколку тренери,Ѓоргоновски во едно интервју тоа го кажа,Бабиќ пред некое време исто многу реално зборуваше на оваа тема.
Во една Битола нема сала за да се одржи нормален тренинг,пред неколку сезони имаше и прилог на телевизија за ова.
На што личи тоа да неможат ракометарите да одржат еден обичен тренинг во зимски период,тренираат во дуксери,тренерки,со капи и слично,на сред сала вирови вода,на делови од теренот ставани канти поради тоа што прокиснува кровот.
Правиме муабет за Битола каде играат поголем дел од репрезентативците и моментално од таму доаѓа можеби најстабилниот клуб кај нас.
Се запрашал ли некој каква е ситуацијата во помалите градови? Веројатно 10 пати полоша.

И сега доаѓаме до прашањето што ќе прави Скандинавец во такви услови,сигурно нема да остане да работи кога ќе види со какви си има работа,уште кога ќе почнат сите да му се качуваат на глава кој треба да игра и да му се прават експерти и стручњаци,кога ќе се сретне со менталитетот на децата и луѓето овде,веројатно ќе си го спакува куферот и во прва прилика ќе си замине.
Уште кога ќе се земат во предвид финансиските проблеми во клубовите,плати и слично...Тоа кај нас е редовна пракса да ти касни платата,незнам дали имаме клуб кој исплаќа плати на време,во скандинавските земји и во Германија тоа е мисловна именка.
Ние впрочем немаме стабилен клуб кој успеал да преживее барем десетина години без да се распадне или барем да биде многу блиску до тоа,само нека ви текне каде се:Зомимак,Јафа Промет,Кометал,ситуацијата во Металург пред неколку години,женскиот клуб Вардар итн.

Светлосни години сме далеку од такво работење и неможе ни да замислиме да работиме како во некои понормални држави.
Ние треба прво нашите опши проблеми во спортот да ги решиме,после ќе се секираме за тренери и играчи.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.130
Поени од реакции
5.239
Таа приказна со Скандинавски тренери треба да ја заборавиме,барем за наредниве години.
Тие тренери од таму знаат ракомет,само за да работат треба да им се овозможат услови,можат ли нашите сали да се споредат со тие во Шведска,Данска,Норвешка?
Ние во државата немаме 2-3 сали што можат да ги исполнат критериумите за европски натпревари,така да може да замислиме какви се тие кај што играат јуниори,кадети,младинци итн.

На оваа тема зборуваа веќе неколку тренери,Ѓоргоновски во едно интервју тоа го кажа,Бабиќ пред некое време исто многу реално зборуваше на оваа тема.
Во една Битола нема сала за да се одржи нормален тренинг,пред неколку сезони имаше и прилог на телевизија за ова.
На што личи тоа да неможат ракометарите да одржат еден обичен тренинг во зимски период,тренираат во дуксери,тренерки,со капи и слично,на сред сала вирови вода,на делови од теренот ставани канти поради тоа што прокиснува кровот.
Правиме муабет за Битола каде играат поголем дел од репрезентативците и моментално од таму доаѓа можеби најстабилниот клуб кај нас.
Се запрашал ли некој каква е ситуацијата во помалите градови? Веројатно 10 пати полоша.

И сега доаѓаме до прашањето што ќе прави Скандинавец во такви услови,сигурно нема да остане да работи кога ќе види со какви си има работа,уште кога ќе почнат сите да му се качуваат на глава кој треба да игра и да му се прават експерти и стручњаци,кога ќе се сретне со менталитетот на децата и луѓето овде,веројатно ќе си го спакува куферот и во прва прилика ќе си замине.
Уште кога ќе се земат во предвид финансиските проблеми во клубовите,плати и слично...Тоа кај нас е редовна пракса да ти касни платата,незнам дали имаме клуб кој исплаќа плати на време,во скандинавските земји и во Германија тоа е мисловна именка.
Ние впрочем немаме стабилен клуб кој успеал да преживее барем десетина години без да се распадне или барем да биде многу блиску до тоа,само нека ви текне каде се:Зомимак,Јафа Промет,Кометал,ситуацијата во Металург пред неколку години,женскиот клуб Вардар итн.

Светлосни години сме далеку од такво работење и неможе ни да замислиме да работиме како во некои понормални држави.
Ние треба прво нашите опши проблеми во спортот да ги решиме,после ќе се секираме за тренери и играчи.
Како го пиша ова како да сме Монголија. Ракометната репрезентација ги има едни од најдобрите услови во државата за работа. Имаме 2 супер опремени сали и уште 2-3 на океј ниво. Они не прават турнеја низ државата, единствено што треба можеби да се инвестира во некаков комплекс на Пониква пример кај што можат да прават висински подготовки.

Може не сме Германија со услови но не е дека нема кај да се тренира. Треба модернизирања да ама тоа не беше проблем за Гонзалес да дојде да ни бидне селектор пример. Нема да бидне ни за деуг некој.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
Парондо бара нов ангажман,да напоменам!
Како би легнало,трењер на Вардар и на репрезентацијата...да си посонуваме малку...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
В
Како би легнало,трењер на Вардар и на репрезентацијата...да си посонуваме малку...

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
Вномавај што посакуваш )))) иначе жена му и ќерка му беа во Скопје скоро )))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom