Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Полјаците пишуваат и кукаат како тие треба да добијат вајлд карта и дека биле домаќини за СП 2023. Оооо кои глупости. Тие пропуштија и европско и светско (за последното светско не обезбедија ни бараж), па едвај се пласираа на последното ЕП. Да беа бараживе и дуелот пред баражот со Литванија ќе го изгубеа, а сакаат СП...
Одлуката за вајлд карта ќе падне најкасно во ноември, а може и порано во зависност од тоа дали ќе има утакмици во Мексико и Ел Салвадор. Јас сум само за Македонија да добие место од Европа (другите не заслужуваат), а другото (или другите места) место да се даде на некоја друга држава од друг континент.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
I na Kuzmanovski mu dale sut od Magdeburg.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
лош жреб
Франција
Македонија
Полска
Турција

добар жреб
Р. Чешка
Македонија
Белгија
Косово
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Утре нека ни се паднат Чешка, Белгија и Фарски острови :D
А оти да не некоја јака репрезентација од прв барабан која ќе ја тепа таа репрезентација од 3 барабан па да не ни прават проблем за обезбедување на место на Европското.

Мој избор би сакал да биде Германија, Романија и најубо би поминале со Грција отколку со Фарските острови
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.855
Поени од реакции
3.325
Чешка да ни падне, а од другите шешири не е ни битно (Швајцарија и Литванија се најнезгодни од трет шешир), а што знам од последниот не сакам со Фарски Острови - далеку се, плус не ни лежеле баш во младински категории. Косово нека ни го дадат или Грција (а може и Естонија).
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Аман бе шо се исплашивте од Полска?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Во принцип најважно е кој ќе се падне од 3тиот шешир, но искрено, освен Белгија која е за нијанса послаба од останатите, меѓу другите 7 и нема некоја голема разлика, слични се сите 7 по квалитет, ќе зависи од моменталната подготвеност и уиграност.

Од првиот шешир, се разбира најдобро е да се паднат нашите стандардни "непријатели" Чешка или Исланд, со кои ќе имаме и какви такви шанси за прво место во групата. Но ако не е некоја од овие две, тогаш може и не е лошо да се пробаме со некоја од ѕверките, ако секако немаме шанси. Зошто да не и Франција, со која "службено" ја пропуштивме можноста за судир.

Од четвртиот шешир со сите ќе бидеме фаворити, но мора да се потенцира, дека ако било која од екипите ја потцениме може да има фатални последици (ниту една не е до толку наивна за да можеме ние без максимално залагање да се прошетаме). Малку е контраинтуитивно, но со оглед на корона-ситуацијата, транспортните проблеми, но и малку време за тренинг и уигрување, мислам дека е лошо да се изгуби многу енергија и време на патување до далечни дестинации. Од тие причини, мислам дека Фарски Острови и Израел, не се баш посакувани, иако се полесни противници од на пример, Турција, Финска или Италија.

Идеална група: Чешка, Белгија и Естонија :)
Опасна група: Франција, Швајцарија и Турција :(
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Многу е олеснето да се пласираш на ЕП во однос на порано, тоа е факт. Ама со оглед на околностите не можеа потешка група да добијат. И Данска и Швајцарија и Финска се меѓу најјаките 2 од секој од трите шешири. Реално нашата е најтешката група, барем од наша перспектива гледано (сепак не бевме ние најјака екипа од вториот шешир - ама не бевме ни најслаба).

Ќе има стресови тоа сигурно (ако ние со Исланд, Турција и Грција имавме проблеми, за оваа група нема птореба ни да се коментира), ама тоа е ќе мора да го испотат газот. Нема изговор за неуспех да се пласираат.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Зошто не би ги победиле Швајцарија?? Финска секако се аматери, колку сака нека се добри од тој шешир. Данска ќе го избрише подот со сите, што ни одговара, бидејќи само двомечот со Швајцарците ќе одлучи кој ќе оди. Зошто не би ги победиле дома со повеќе голови разлика? Ако имаме исто бодови? Кире ќе се пензионира до тогаш или како?

Пласман не би требало да не обезбедат, ама ќе не пунат на ЕП ако влеземе, тоа сигурно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom