Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.873
Поени од реакции
7.257
Denes so portugalija ke ima prenos na tv telma

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.901
Поени од реакции
84.292
Се чека сеа после поразот да се каже

'Ама ете, не сме лоши, Хрватска исто испадна тука, Словенија исто, едни од Франција/Норвешка отпаднаа...сепак сме на ниво на овие квалитетни репрезентации, може да бидеме задоволни, сепак го дадовме најдоброто од себе си"
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Какво поминување не се залажувајте без везе, ќе не уништат Португалците. Ние сме најслаба репрезентација на првенството, и да не бевме домаќини немаше ни да учествуваме на ова првенство.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.704
Поени од реакции
5.668
Незнам Португалциве дали се штедат или што е работава ама ништо не покажаа до сега.
Незнам како има толку добри резултати до сега,јас ништо посебно од нив не видов.
Одбраната наша солидна,добро е што Серафимов се разигра.

Имаме некаква надеж за во второ,искрено мислев дека полошо ќе биде.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Незнам Португалциве дали се штедат или што е работава ама ништо не покажаа до сега.
Незнам како има толку добри резултати до сега,јас ништо посебно од нив не видов.
Одбраната наша солидна,добро е што Серафимов се разигра.

Имаме некаква надеж за во второ,искрено мислев дека полошо ќе биде.
Каде гледате?
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Без да проработи некој друг освен Серафимов во бековската линија, шансите да го добиеме мечов се минорни. Во позиционен напад, на Младеновиќ му требаат три саата кога вкрстуваме, спор е, сите дефанзивни линии го читаат лесно. Правиме акција за левиот бек, добива топка, утрчува, дефанзивците се веќе поставени, го враќаат на 10 метри и нормално подава назад, место да шутне.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.071
Поени од реакции
11.052
Добро почнаа ама ќе паднат во второво. Можеше далеку подобар резултат да имаме
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.071
Поени од реакции
11.052
Нели местена?
Гледаш се зафркавам бе. Оптимизам малце. Кај кур местена ќе знам од младинци и тоа нашите да тепаат.
Да требаше да губат а да се фаворити, ќе можеше да држи вода муабетов.

Поразов оди на душа на Брестовац.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Рибата смрди од главата, а Брестовац е докажан лузер низ годините.

Судијките многу лоши, португалците едни од поголемите сељобери на првенствово.

Ние изигравме океј, борбено на моменти, ама што дека кога изгубивме ради брзоплетост, што е чисто на душа на селекторот.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.071
Поени од реакции
11.052
Еден тон клучни голови примивме при 5-1 одбрана при крајов. Не бушеа прелесно, дури и со играч помалце. Како да не постоеше одбраната.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Разочарувачки мундијал. Денес изгубивме од екипа што не ни играше нешто и беа доста бавни (што ни одговараше, за разлика од тоа да ни паднеше Исланд). Ете ја свртеа водеа 23-24 и после пад. Мислам дека самите си се победија. Судиите лоши (дали и имавме добри судии на првенството), ама небитно кога нашите се тие кои не капитализираа на сите шанси во прво полувреме, па и во второ исто. Имаа волја, ама освен тоа толку. 11ката многу пробивања, Младеновиќ конечно одигра солидно, Костески многу тивок денес. Се се мести за Серафимов да шутира, како другите да не можат тоа да го направат. Можеше 77=цата да игра на место на 4-ката, барем некој плус скок шут ќе добиевме.
Голманиве некако топло ладно. Тоа што се фати отиде во аут и исто како да не било фатено.
Она што го гледав во Бугојно како друга екипа да беше. А таму па и Кизиќ фалеше... Големи очекувања имав со оглед на тоа што го гледав во Бугојно и пратев тоа што го играа дома со Унгарија, Полска.
Мислам дека ќе треба за идните генерации (таа што ќе игра идната година дома за влез во А-дивизија) и психолог еден.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.136
Поени од реакции
5.245
Ако има утакмица кај што сме се победиле самите себе ова е дефинитивно таа. Португалија како за репрезентација што заврши прва во таа група не покажа ништо и можеа да ги добијат да беа малку повеќе присебни. Брестовац треба да излезе сеа и да признае дека не го извади максимумот од момците со оглед на тоа што сите зборат за тоа како играле во Бугојно и по тоа што они највауваа. Ми е страв сеа за тоа како ке се заврши со сениориве со Брестовац на селекторска позиција. Мислам дека после него сме печени за некој тренере странец ама СКАНДИНАВЕЦ да не трансформира и дај РФМ нека прати млади тренери на обуки по Шведска, Данска, Германија малце да почнеме да играме модерен ракомет у лигава кај нас. Младиве се чист показател за тоа каков ракомет се игра кај нас, традиционално споро млитаво. Плус да не заборавам пикериве се многу лоши, многу слаби блокови правеа за бековите. Го имаат Столе како бенчмарк и нека потат тоа гзовите за да дојдат барем на 50% од него солидни ке сме. Столе ти е чист показател за желба и тренинг, дебел е а тоа го користи како предност, освен тоа што е спор малце, ама во напад 2ца на грб носи и вади или пенал или гол дава, од младиве малку потешко тоа. Доброто е што ова се деца кои што ако им се укаже и седнат да работат со нив за 3-4 години можат да излезат ѕверови од нив ама ако не се узобилат тоа е РК Бутел ке им е врвот у кариерата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom