Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.716
Поени од реакции
2.057
Od toa dosega shto vidov, na 1 i 2, posebno na 1 odbranata e zhalna. Ako ne se popravi vo ovie malku denovi barem neshto, kje si odime skoro od svetsko. Stole pak najborben!!

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Незнам зошто воопшто Велко беше повикан пак,доста пати имам спомнато дека Димитриевски супер ќе се вклопеше,во Асобал си гази во два правци,сигурно посолиден ќе беше од Велко,барем е далеку помлад и поголема желба за докажување ќе има.
Мене ме плаши тоа што сме најслаби на тројка во одбрана,а играме со селекции каде се најсилни на среден бек, Палмарсон,Циндрич,Дувњак,Сармиенто маста ќе ни ја извадат
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.239
Одлична утакмица за нас.

Ама...да се дигнеме во облаци после рандом победа во пријателска и да изгубиме од Јапан на светсково ќе биде most macedonian thing ever...
 
П

Пљампач

Гостин
И сеа следат натписите на web порталите : :busi:

" Mакедонскиот ракомет има иднина " :backa:
" Голобрадите момчиња ја растурија Србија " :eek:
" Македонија заслужува место меѓу најдобрите 8 " :pijani:
" Време е олимпискиот сон да стане реалност " :brlav:

И ко ќе се појавииме на СП, шлапутници на сите страни, потоп...:icon_mrgr:

Мило ми е шо децата добија шанса да заиграат за репката, само се плашам медиумите да не му го уништат полетот со лажна еуфорија и нереални очекувања.

Нека ги остат децата да играат ракомет. Резултатите сами по себе ќе си дојдат, кога ќе дојди времето за нив.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Од младиве денеска шо играја буквално никој ништо неможит да понудит во озбилна утакмица, освен Димитриовски можит да го заменит Манасков ако не му ојт во напад, за во одбрана не е добар.
Фитиљот се надевам дека ке пружит некоја ваква утакмица на светско, се надевам дека ќе се погодит против Исланд (веројатно клучна ќе е оваа).
-Него во одбрана мислам дека ке имаме проблем со посериозни репрезентации, рачунајте Стоилов, Талески, и Кузмановски ќе имаат по 50 минути напред/назад.
-Талески е доста подобрен, посебно оваа година се познават, непрет појќе глупи пробивајна, во одбрана е подобар и појќе го користит УМОТ.
-Фитиљот да ја имаше посветеноста и професионалноста на Талески досега ќе станеше Сагосен, барем за сиромашни, ама тоа е..
-Аце Јоновски на 45 години има подобри движења во одбрана од Велко Марковски, батево ќе е проблем.
- Гоцета супер беше денес, Борко исто.
- Крстевски за разлика од Фитиљот е доста ПОПАМЕТЕН играч ама пак физички е некако многу слаб, ке видиме шо ќе можит да понудит на мундијалов.
- Серафимов уште не е печен, валјда ќе добие минутажа против Бахреин и Јапонија во случај на поголема разлика, се на се не требит да ги креваме во облаци после вакви победи, ето Жути не е на светсково, слободно можит да играат без притисок, посебно младиве па ако се ПОСЕРИМЕ ќе имаме алиби, вака без притисок да ги остеме да не изненадат позитивно, тоа е тоа.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Првата постава е одлична реално може да се носи со секого ако има добар ден,проблемот ќе дојде кога ќе треба да се ротира освен на пикер на ниту една позиција немаме замени,посебно ова ќе се одрази на Талески и Кузмановски напред назад ќе треба по 60 минути да играат.
Со репрезентации како Хрватска која има две постави и може да држи високо темпо цел натпревар ќе паднеме физички околу 45та минута.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.719
Поени од реакции
1.475
Не ми е јасно зошто не доби друг голман шанса? Отворено се знае дека е еден од најслабите алки во репрезентација. Ова повеќе ми личеше на игра без Кире се гледа по погодоците, нападот е ок ама одбраната...
 
Член од
14 мај 2013
Мислења
1.240
Поени од реакции
507
Не е овоа се шо спрема Раул за светско..Сигурно има и други варијанти ротации.Утре треба цела да играат останатите и да се виде на кого може да се рачуна.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
Не беше толку лоша играта во одбрана, грото од головите кои ги примивме беа кога грешевме 7 на 6. Макар што вакви мечеви не даваат реална слика за ништо. Како што кажа и членот погоре, верувам дека Раул има уште џокери во ракавот кои не ги открива.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Само да не им ја пушти пак Раул на Шпанија ко на европското и добро ќе биде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.891
Поени од реакции
84.239
Само да не им ја пушти пак Раул на Шпанија ко на европското и добро ќе биде.
Не можеме ние ништо да им пуштиме на Шпанците :D Можат само Шпанците на нас :D

Премногу сме слаби за да "попуштиме" на некого.

Ова е исто ко да кажеме "Се надевам Јапан нема да ни ја пуштат утакмицава" :D
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Не можеме ние ништо да им пуштиме на Шпанците :D Можат само Шпанците на нас :D

Премногу сме слаби за да "попуштиме" на некого.

Ова е исто ко да кажеме "Се надевам Јапан нема да ни ја пуштат утакмицава" :D
На Европското бевме блиску да ги победиме, Раул почна да ги вади играчите на кои им одеше за да Шпанија направи разлика и победи. Таа утакмица им беше битна колку што се сеќавам, после тоа освоија нели. Така да ако Раул е тренер на Македонија треба да гледа за Македонија, а не за тоа што направила Шпанија. А ако му се битни парите што ги лапа тогаш нека не биде тренер и нека оди во Париз.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.054
Поени од реакции
5.549
На Европското бевме блиску да ги победиме, Раул почна да ги вади играчите на кои им одеше за да Шпанија направи разлика и победи. Таа утакмица им беше битна колку што се сеќавам, после тоа освоија нели. Така да ако Раул е тренер на Македонија треба да гледа за Македонија, а не за тоа што направила Шпанија. А ако му се битни парите што ги лапа тогаш нека не биде тренер и нека оди во Париз.
Се надевам дека не си сериозен, тој меч го изгубивме со 11 разлика. Со тоа што дадовме "ДУРИ" 20 голови за 60 минути, а примивме 31. Шпанија доминираше во текот на целиот меч.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom