Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.373
Поени од реакции
5.575
Велковски ја сура тотално ама не беше само он. Имаат талент ама им треба играње за да размислуваат у одредени моменти ладно не темпераментно
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
За млади млади се, ама какви аматерски потези одиграа одредени ракометари.. тоа чудо како се нашле у репрезентација.
 
И

Игнориран член

Гостин
Неам глеано по-себична екипа !!
Секој за себе си игра, тимски дух НУЛА.
Ми се чини дека на 90% од овие деца, побитен му беше сопствениот скор, одколку крајниот резултат на репката. Секој нормален селектор ќе ги нашлака овие мочковците во соблекувална и правец дома, ама Ико вештерот одамна не е материјал ни за суперлига а не камоли да води репка.

Срамота е да се толерира ваква недисциплина во младинска репрезентација.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Добро бе,не ми е јасен овај Ико.
Најнестабилниот играч во цела постава го враќа во клучен момент,и ја РЕШИ.
Добро си беше со Крстевски па и Станковски,Крстевски со една нога напрај далеку повеќе од Велковски на цел меч.
Таман ја најдовме поставата и одма ДЕМАНТ.
Ејјј,контра чиста на тацна им дава,алооо,а го гледа ирачот дека веќе тргна накај топката и пак ја даде бе :tapp:,ОЧАЈ,и во последен напад кога иаме и право на тајмаут,да чекаме ситуација за шут,а како шо имавме ДОМАЌИНСКО СУДЕЊЕ ќе ни свирнеа некое пеналче,и шо прај Велковски?Пробивање нормално,ејј ролинг дечкото ќе праел:tapp:
Оф леле.
Талески,кога избега и ја искрши стативата,можеше повеќе да извади,вака џабе преку блок шутираше,можеше или да оди малку повнатре во зона или обид за вишок да се прај,иако добар удар,фалеше среќа.
Палевски,:tapp:пример како не смее да игра едно крило,не е ни чудо шо ќе е вечита резерва во Металург на разно разни ИлиЌи,МаргуЧи итн,10 зицери поеба,зошто?
Сака да глуми некој акробат,непотребни потези во најпотребни моменти,така е,кога не го гледа голманот туку цела енергија и концентрација ја троши во скок и желбата да закуца шо поатрактивно,така само си затвора агол.
Полека бе дете,мирно,вака само голман го направија онај Капдевила кој само добро се поставуваше и толку требаше,и Шилегов исто како колегата.:tapp:
Многу треба за овие работи.
Треба да сме среќни и со бод,реално требаше да изгубиме,и покрај толкава помош од судии и грешки на Португалија ништо не искористивме,уствари извадивме,веќе изгубен меч го претворивме во некоја надеж,браво за Томовски пред се.:aplauz:,иако не го испратија колегите до крај,штета,веќе ќе славевме сеа,ама Македончето секогаш го одбира најтешкиот пат:boksix:
П.С
Како е сеа есапот?
Ние треба да ја тепаме Турција нормално и да чекаме Полска да изненади.
Ако тепа Португалија се гледа гол разлика?
Или има уште нешто?:icon_mrgr:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Ги симнаа од олбаци на "загарантираната ракометна иднина на Македонија".
Веќе прочината книга, големо медиумско форсирање, кревање во облаци као демек освоиле некоја медаља, а ништо нема од тоа.
После секоја победа се излегува со изјави као да сме освоиле првенство, а на следната средба со ку*от во раце, и некој друг ни е крив.
Многу добро ќе биде доколку си ја гледаме реалната слика, од секој можен аспект.
Не ми е јасно која опција ќе беше вистинската за да победеа?
Па имаа домашен терен, плус енормно лошо судење кое беше во полза на нас, неверојатен беше тој судиски пристап према Португалија, ги осакатија... дури гадно ми беше за гледање, и пак ни доделија лекција за ракомет, тоа е слика која јасно покажува колку вредиме. :)
Да игравме во некоја друга држава, ќе не потопеа сите, бар тоа е мое мислење.
Велковски.. толку одиграни утакмици ( за негови години ) , толку слобода што му ја доделува чиката, да се однесуваш на терен како да си опција 6+1 за противничкиот тим.. стварно е неверојатно.
Талески е добар, една од причините што спортската јавност се пали на него е затоа што едно добри 15 години сме немале ниту 1 надежен играч, од ракометна стагнација добри 15 години се појави "капка во море", и веднаш почна тоа медиумско форсирање, кое апсолутно е непотребно.
Шилегов го направија Абало, а детево нема основна конструкција за крило, као факинг Злате Мојсо е.
Фокусиран сум на сениорите, баш ме интересира што ќе се случува на ова СП. :)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Ц ц ц...

Мора да признаам дека стравував од Португалија. Колку од нив како селекција, толку повеќе од нашиот менталитет и несериозност. Очигледно беше дека не беа спремни за овој натпревар за разлика од мечот со Полјаците. Е тоа ти е скаутинг. Без него не се може дури ни во младински категории веќе. Штом сфатија како играат, после криминално прво полувреме во одбрана, на полувреме очигледно ја постави Ико тактиката и се изгубија Португалците. Средниот бек Соарес Мартинс се шеташе низ нашата одбрана во прво со лесни влезови ниту еднаш не го задржаа еден на еден. Во второ тоа колку толку се среди и резултатот почна да се движи во наша корист. После 26 минути во второ полувреме нашите имаа 12-5. Ама пак во елемент нашиот менталитет и ги вративме во игра и подаривме бод.

Томовски одличен, главен виновник за пресвротот. Талески не одигра којзнае што но солиден беше. Не може да се очекува сам да ја носи екипата на свој грб.

Од друга страна Велковски катастрофа. Крилата слаби. Пикерот просечен. Нелоски слабо. Со два раасположени играчи не се игра. Ја бараше играта Темелковски, сите кадети ги изреди на среден, ама премногу се зелени и без самодоверба тие за да имаат толку битна минутажа во ваков натпревар. Во отсуство на Кузмановски мораше Нелоски повеќе да прикаже на овој натпревар и во напад а не само во одбрана. Плус и Крстевски очигледно повреден, иако и таков се бореше, секоја чест (а се гледаше дека не може да се движи како што треба).

Како и да е, преживеаа некако. И со реми имаме солидни шанси да се пласираме на СП. Треба нашите да ја победат Турција со 6 гола разлика повеќе отколку Португалија што би ја победила Полска (што не е ни сигурно, тоа воопшто не е сигурен натпревар за Португалија, но прашање е какви ќе бидат мотивите на Полјаците). Турците досега изгубија 13 разлика од Португалија и 9 разлика од Полска. Победа против нив под 10-15 разлика е неприфатлива со првиот тим кој ќе мора да игра сега и тоа да игра до крај. Позитивно е што Португалија-Полска се игра пред нашиот натпревар, па ќе знаат нашите точно колку разлика бркаат против Турција.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.153
Поени од реакции
8.127
Назад ни е зимата во ракометов, големо такмичење нема со очи да опулиме наредни 10 години во сениорска конкуренција. Кога ќе видам некоја новина, све споро, вештачко, со сила. Ништо.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Или судиите нас ни подарија бод? :)
Дека имавме помош од судиите, нема збор, голема помош имавме, иако мислам и дека португалците малку наивно влегуваа во одредени ситуации и им ја "олеснуваа" работата на судиите.

Ама пак мислам дека сами го подаривме бодот. Особено во последните 4 минути кога реално криминално се изигра, има вина тука и Темелковски кој мораше да побара тајмаут и да ги смири. На 21-19 и 4 минути до крајот се игра максимално концентрирано и бавно а не она што го играа нашите, тотално надвор од контрола.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Мене ме чуди зошто Португалциве повеќе не се бунеа на судискиве одлуки..па криминално беше судењето на моменти, да беше ова врз Македонија сигурно ќе летнеа милион пцовки и скокања и бунења и што ти знам..
 
L

Löwe

Гостин
Него од кладиониарска гледна точка, еве Португалија моментално има + 10 со Полска. Еве да речиме ќе тепаат 10, со колку ние ќе треба да ја тепаме Турција? Ако е мисион импосибл, тогаш треба да се товари 2ка хендикеп (13.5 е моментално) оти факт е дека ќе се откажат и нема да се замараат и ќе играат оние што не играле.
 
G

Goldie

Гостин
Него од кладиониарска гледна точка, еве Португалија моментално има + 10 со Полска. Еве да речиме ќе тепаат 10, со колку ние ќе треба да ја тепаме Турција? Ако е мисион импосибл, тогаш треба да се товари 2ка хендикеп (13.5 е моментално) оти факт е дека ќе се откажат и нема да се замараат и ќе играат оние што не играле.
18.5 е хендикепот на бет365
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.200
Поени од реакции
10.231
Велковски и Андоновски аут од сениори. Велковски треба и од младинциве аут.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom