Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Храбар потег е ова на Червар со Борко. Од една страна, се согласувам дека во репрезентацијата не е ни бледа сенка од она што е во клубовите и дека едно 3 години не играл во право светло за репрезентацијата. Ама од друга страна, големо прашање е колку овие што треба да го заменат имаат капацитет да постигнат повеќе.... Само времето ќе го даде одговорот на ова прашање.

Бришењето на Јоновски беше целосно очекувано и оправдано. Реално веќе не е од корист на репрезентацијата. Катастрофа е одбраната веќе подолго време и Ацо-Велко дуото е серазбира прво на удар. Велко ќе добие шанса само затоа што е помлад.

Прибак ми се чини дека сеуште има што да понуди, но во ситуација на враќање на Миркуловски нема да биде во прв план како што на прв поглед изгледаше по поврдата на Кузмановски. Ќе видиме колку е паметно ова. Баш и нема некој огромен избор Червар на среден бек, па јас мислам дека ова е грешка.

Генерално се планира игра со агресивна дефанзива и 7на6 во напад. Колку ова е добро или лошо којзнае. Многу ќе зависи од противничките голмани. Фокусот дефинитивно е на одбраната и ќе видиме колку ќе успее да изделка одбрана со која ќе може да брка победи Лино.

Во секој случај со ваков список Червар си стави мета на својот грб. Мислам дека со најавеното подмладување и објективно тешката група, бевме помирени дека многу тешко ќе се помине групата, а не пак да се направи некој резултат. Но по овие потези ќе мора некако да ја оправда стратегијата Лино и ми се чини дека евентуален неуспех да се мине групата, ќе предизвика лавина на реакции и пцовки.

П.С. Враќањето на Миркуловски ја прави ми се чини уште поболна повредата на Кузмановски. Со нив двајца плус Лазаров и Талески според мене ќе имавме поубоита бековска линија од било кога што сме имале. Ама тоа е...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
http://sportmedia.mk/rakomet/reprezentacija/nema-svetsko-za-borko-i-za-jonovski

"Падна ВЛАДАТА",односно "министерот" за одбрана:shook:
Малце непопуларно на форумов али мене ми е глупо невикањето на Борко. Пред се овдека Лино не го вика Борко ради расправиите што ги имаа во Металург, а не ради тоа дали е Борко добар голман или не. Сакал нејќел Борко ни е најдобар голман, реално не гледам солидна замена за него. Од 5 меча ќе имаше 1 супер меч сто посто.. а и башка сигурно ќе беше дополнително мотивиран да му се докаже на Лино па од таа негативна тензија ќе излезеше нешто позитивно....

Така да не ми се допаѓа овој потег пошто е приватен а не професионален. А можеби и ќе ни донесе нешто добро, и создавање на наследник на Борко....ама кој знае. Мислам ќе извадиме 2 победи и 4 порази и убедлив пораз во 1/8 финале на Светсково...и тоа е ако уште го нема фатено заморот Ил Капитено.[DOUBLEPOST=1481926916][/DOUBLEPOST]
П.С. Враќањето на Миркуловски ја прави ми се чини уште поболна повредата на Кузмановски. Со нив двајца плус Лазаров и Талески според мене ќе имавме поубоита бековска линија од било кога што сме имале. Ама тоа е...
Да не беше Кузмановски повреден можда и Миркуловски немаше да се врати во репрезентацијата можеби
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.876
Поени од реакции
1.633
Список на младинска репрезентација

http://www.gol.mk/rakomet/taleski-lider-na-poshirokiot-spisok-na-temelkovski-za-sp-2017

Инаку мислам дека е добра идејата младинската и сениорската заедно да се подготвуваат.
Чисто ме интересира Талески ќе игра за јуниорите или сениорите затоа што го има и на двата списоци.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Чисто ме интересира Талески ќе игра за јуниорите или сениорите затоа што го има и на двата списоци.
Теоретски можно е и за двете селекции. Неколку дена пред ЕП се квалификациите и тоа во Скопје.

Во секој случај за сениорите 100% ќе игра, а за младинците ќе видиме. Можеби само на 1-2 а не на сите 3.
 
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286
Да не има некој информација кога ќе излезат во продажба новите дресови?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.676
Поени од реакции
2.771
Дали е време е за нова тема за СП во Франција?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.395
Поени од реакции
7.049
Дали е време е за нова тема за СП во Франција?

http://www.idividi.com.mk/sport/ostanatsport/1114500/index.html

Доста реална анализа.

Со моменталниот доста изменет состав, со нова тактика за која сигурно ќе бдат потребни години да се уигра знаејќи колку ретко всушност имаат можност репрезентациите да тренираат, веројатно 5 место и разигрување за 17-24 е најреален исход. Во секој случај шанси за пласман во осминафинале има. Исланд и Тунис ќе бидат фаворити против оваа Македонија, но не и убедливи фаворити. Со малку среќа може да се мине групата, а минување на групата дефинитивно би го окарактеризирал како успех.

http://www.gol.mk/rakomet/chervar-go-vrati-nikola-mitrevski-vo-reprezentacijata

Според скратениот состав од 21 би требало да отпаднат уште 5мина (најверојатно 4ца ќе останат во Скопје, 1 ќе оди како резерва)

Моја претпоставка за 16:

Колев / Митревски
Манасков / Ојлески
Георгиевски / Поповски
Стоилов / Н.Маркоски
К.Лазаров / Митков
Миркуловски
Талески / Ф.Лазаров / Арнаудовски / Нелоски
В.Маркоски

Отпаѓаат Велковски, Дрогришки, Андоновски и Трајковски. Пешевски е резерва.

Со оглед дека ќе се форсира агресивна одбрана (веројатно доста 3-2-1 ќе гледаме) јас лично би го заменил Ф.Лазаров, со оној од отпаднатите кој е најдобар во одбрана. Со ваква тактика потребно е да имаш голема ротација на играчи за во одбрана и според мене за друг играч во еден правец освен Кире Лазаров место во екипата не треба да има, без разлика што Филип е веројатно подобар играч од овие што отпаѓаат.

Наумче, Борко, Јоновски, Прибак и за жал Кузмановски аут. Колев, Арнаудовски, Нелоски, Поповски и на некој начин Талески ин.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Околностите(повреди,откази итн)и формата кај ДУШМАНИТЕ ни оди нас во прилог.
Сите имаат проблеми,LIKE.
Тунис има мака со главните играчи Теж и Жалуз,не дека нема да играат ама нема да бидат целосно фит шо е плус за нас,но сепак имаат тие многу играчи на лагер,видовме шо ни направија во Полска,доста се напреднати,грото играчи години играат во Европа,и тоа не во шогоде екипи и сигурно спремни ќе не чекаат,ама и ние конечно треба да ја научиме лекцијата и да не дозволиме повторно да НЕ ИЗНЕНАДАТ.
МАСТ ВИН меч е овој со Тунис,се освен победа е неприфатливо,без разлика шо сеа во овие околности ја немаме улогата на фаворити,можеби е така и подобро.
Ако се задржат тие бекови како Жалуз и тој другиот (како се викаше сеа не ми текнува) и да не примаме милион голови од наши наивни грешки ќе иаме голема шанса да тепаме и да ја повториме партијата од СП во Катар,со таква игра нема шо да бараат чоколадните.:kuracc:
Словенија се испука на тој турнир во Шведска,отогаш се бараат во форма,не успеаа и повторат да ја достигнат таа игра од мечевите со Шпанија и Шведска.
Сеа и со неиграњето на Зорман +отказот на Бомбач губат сериозно на организација на игра,пред се на искуство губат,иако имаат уште играчи да уфрлат тука,како Миха Зарабец или пак се подобриот Стас Скубе,посебно овај вториот партали напрај во Пик Сегед,опасен играч,вистински КВОТЕРБЕК,не троши многу топки а страшно ги разигрува другите,посебно пикерите,а имаат пикери и тоа какви Словенците.
Плус тука се тие опасни леваци како Доленец,Јанц,па и Кавтичник,заебана селекција на техничари се,овде одбраната ќе е на вистински испит,посебно голманите.
Со овие ако успееме нешто да напрајме ќе е кец на десетка,потребна ќе ни е добра одбрана,и Вујо е како Лино,инсистира на јака одбрана,па нашиот меч треба да е минималец.
Тука имаме некои шанси,зошто да не?Кога можеше една Португалија да ги изнамачи зошто да не и ние.
Иако тие ќе ја имаат предноста од клупата и техниката,ама и ние иаме коњи за трка.посебно ако ја намести Лино одбраната како треба.
Ова е клучот,ако примаме над 26,27 гола пер меч ништо не прајме,мора одбраната да не вади во мечеви на кои нема да оди во напад како шо е планирано.
Мечеви од типот ЧЕШКА AWAY не смеат да се повторат,дури ни со Шпанија.

Ако изиграме паметно,и да ги натераме Словенците да ја играат нашата игра имаме шанси.
Со Исланд според мене имаме поголеми шанси да тепаме отколку со Словенија,зошто да не?
Одамна Исланд не е некој фактор во ракометот,мечевите со Чешка дома и Украина на гости докажаа дека се далеку од некогашното ниво.
Сеуште имаат играчи за респект како Палмарсон кој сезонава не е ни бледа сенка од некогаш,се испусти во Веспрем,сигурно мислата му е како побрзо да си оди во Барса,Гудјон најави дека ќе игра?не знам Петерсон Гунарсон ќе играат?ама иаме шанси со нив,ни лежат тие,посебно ако не дозволиме брза игра и голови од транзиција.
Треба да иаме добра текма со Рибарите,зошто да не ги тепаме?
Со Шпанците реално нема шо да бараме и тука треба Чиката да ги пушти да се делкаат младите,нека ги пушти таму нека собираат искуство играчи како Нелоски,Талески,нека се пробаат против Морос и Гвардиола.
Сума сумарум би требало да имаме 3 победи,зошто да не е нешто повеќе?Реална прогноза,противниците се по мерка,иако ќе имаме 3 екстра тешки мечеви со Тунис,Словенија и Исланд,ама треба да имаме можност за игра и да ископаме бодови.
Се зависи прво од одбраната(и нормално ГОЛМАНИТЕ и плус таа измена одбрана-напад како ќе функционира,посебно кога за прв пат по толку години ќе го нема АЦО ВЕЛИКИ),второ дали Киро ќе добие добар бекап во некој од бековите(без ова нема шо да бараме) и дали ќе имаме игра за пикер,крила?
Нека одморат сеа некој ден,па ќе видиме со БИХ како ќе изгледа барем навидум целата оваа слика за новата Македонија.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Какви три победи бе, максимум две, врз Ангола и Словенија. :angel:

Црнчугиве и нивниот индијански ракомет не ни приелга воопшто, ама не верувам дека ќе успеат Англоциве толку да не изгубат у простор и да не изненадат. Словенија е шашма, Вујо и таму направи р’веж ко во Загреб и веројатно е да попие отказ после СП, ако имаат дебакл а мислам дека ќе имаат. Едино што ќе игра против Чиката, а увек против него кога е има посебна мотивација па може да не исчукаат. :D

Oд Тунис губиме сигурно, со Исланд ќе биде тесен пораз а Шпанија ќе не претепа. :icon_mrgr:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Какви три победи бе, максимум две, врз Ангола и Словенија. :angel:

Црнчугиве и нивниот индијански ракомет не ни приелга воопшто, ама не верувам дека ќе успеат Англоциве толку да не изгубат у простор и да не изненадат. Словенија е шашма, Вујо и таму направи р’веж ко во Загреб и веројатно е да попие отказ после СП, ако имаат дебакл а мислам дека ќе имаат. Едино што ќе игра против Чиката, а увек против него кога е има посебна мотивација па може да не исчукаат. :D

Oд Тунис губиме сигурно, со Исланд ќе биде тесен пораз а Шпанија ќе не претепа. :icon_mrgr:
Мирен бе,не прај инкери:icon_mrgr:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Мене нималку оптимизам не ми влева ова СП. Доста промени имаме, посебно во одбраната. Во нападот не осакати повредата на Кузмановски, вака со само Миркуловски на среден тешко ќе оди. Кире си е Кире, но ќе мора останатите бекови што ќе се земени да се покажат доста добро, иначе попара ќе бидеме. Иако останативе репрезентации имаат доста проблеми, сепак немаме сили за повеќе од 2 победи мислам.

Тунис сега на подготвителниве утакмици ги нема Жалуз и Теж, а Теж најверојатно ќе го пропушти СП. Сепак и во Полска не бомбардија, Бугами е тука, има и уште неколку играчи што играат низ Европа. Ако не стегнеме одбрана со овие, ако им дозволиме да не бушат пак од 9м, немаме шанси.

Словенија без Зорман и Бомбач. На списокот го немаше ни Стас Скубе (машина е дечкото, ама од кога дојде Вујо не го има повикано), така да останите средни бекови се Зарабец, Разгор и Безјак. Сепак имаат играчи како Јанц, Доленец, Кавтичник, добри пикери имаат, крила, голмани Лесјак и Шкоф. Ќе имаат мака и овие сигурно без Зорман и Бомбач, доста непредвидлива репрезентација се, знаат да изиграат перфектен натпревар и да тепаат некој фаворит, знаат и да влегуваат од грешка во грешка со некои отепани. Ако успееме со овие да изиграме некоја цврста одбрана и меч со помалку голови, имаме некои помали шанси.

За Шпанија нема што да се каже, иако и тие последниве години се во надолна линија и сега на списокот кога го гледав имаа доста измени, сепак се многу поквалитетна репрезентација од нас.

Исланд немам видено со што ростер ќе оди, ама сигурно ќе бидат Палмарсон, Сигурдсон и остала багра. Сепак со Скандинавци нема играње. Со овие ми се чини ќе одиграме некој run & gun натпревар со многу голови, а во таков тешко дека ќе имаме шанса.

Ангола ќе ја тепаме. :icon_mrgr:

Сепак ќе видиме до каде сме, еднаш на пријателскиве да видиме што ќе одиграме. Вака од прв поглед на СП ќе треба да одиграме максимално добро и со многу малку технички грешки (а кај такво нешто малку потешко) за нешто повеќе. Иначе мое мислење 2 победи максимум.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Можеби неосновано али ја сум оптимист. Вие не гледате дека не не бива и дека се подмладуваме и одма у старт значи дека другиве репрезентации се топ све спремни во најдобри години? Нема везе, Исланд се како нас па и бетер. Реално можеме да завршиме и со една ама и со 3-4 победи.

Очекувам сигурен пласман во 1/8 финале. И тоа е целта уствари после што и да се случи нема простор за пцуење.

Вака како што го гледам тимов се некако мислам дека џокерите ќе бидат пикерите (каква рима) Ако Столе ја батали македонштината и реши пак да стане ѕвер како пред пар првенства мислам дека ќе бидеме солидна просечна екипа. Во крилата не се сомневам, Кире си е Кире дури и кога не му е денот. Миркуловски не очекувам многу али ќе помогне колку може нели (само се надевам Лино нема премногу да го форсира со сила). Од младиве очекувам да добиеме еден играч што ќе му тргне првенствово.
Е сега голманиве ми се табула раса и криво ми е што ете Лино се хејта со Борко па затоа пред се брани он на првенството (а не тоа дека Лино решил дека не е во форма, реално и во форма да беше немаше да го викне), па не знам што да очекувам на таа позиција...

Ајде ќе видиме, не е тешка групата, Ангола ќе ја тепаме 4-5 гола разлика (очекувам да биде до 50 минута тоа израмнето) а после со Тунис и Исланд очекувам израмнети мечеви до крај. Словенците исто не се премногу појаки од нас, ваљда ќе игубиме али компетитивен меч ќе имаме. Шпанија не ја ни рачунаме, само се надевам ќе се тестираат таму играчи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom