Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Го отече со тоа анти игра на Металург , добро што е за тебе адекватно да се игра со овој состав . Да не сакаш да изиграваме Франција и Данска ? :facepalm:
До минатата година Талески , Нелоски и Кузманоски ги немаше во репрезентација , играа Наумче , Ангелоски и Митков .
И тоа да отишле во странство да играле , е тогаш нема да видиме репрезентација со играчи кои ќе греат клупа и тотално вон форма играчи .
А има игра Металург?Послаб напад нема во ЛШ(тешко дека и ќе има некогаш).
Сега не греат клупа?Требаше да се повредат Драгаш,Обрадовиќ и Младеновиќ за да играат барем со Цеље кај шо треба,а не пикери,крила,ротации на секој втор напад,ефект нула,ниту играчите ќар ниту клубот,најмалку репката.
Освен Талески,другите освен голман шо не играа,самодоверба нула,напредок нема,освен шо влегоа во 16 најдобри.
Ако одат во странство ако докажат дека вредат ќе играат,додека не најдат подобри од нив ќе играат,ќе работат со нив,сигурно подобро од тука,а овде играат со лимитирана минутажа,на позиции кои не им одговараат.
Ќе почекаме,ќе видиме,млади деца се,треба време,ама и минутажа да добиваат,ама не одат работите како треба,требаше да има поголем ефект досега,еве веќе 2ра сезона ја играат,посебно за Кузмановски се однесува,и самите играчи треба да се свесни дека при толкава конкуренција нема да играат многу,некогаш конкуренцијата е здрава,ама не секогаш,ете сега ако го земат и Стегавик уште поголема конкуренција,и тие шо играа на среден ќе изгубат минутажа.
За млад играч секоја минута е важна,сами си бираат какви играчи ќе бидат во иднина.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Има Талески понуди од странство колку што знам ама решава да си дреме дома. Тоа е голем проблем со македонските играчи, не сакаат да излезат од зоната на комфорот наречена Македонија.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Има Талески понуди од странство колку што знам ама решава да си дреме дома. Тоа е голем проблем со македонските играчи, не сакаат да излезат од зоната на комфорот наречена Македонија.
Талески има привилегиран статус,минутажа добива огромна,слобода во игра,нема зима за него,добар си е овде(засега),мене најмногу ми е криво за Кузмановски,детето има страшно голем потенцијал и мора да го пуштат да експлодира,време е,не да игра онде само одбрана за да го менува Драгаш,:tapp:му треба само минутажа и добар ментор,Нелоски исто,и тој е потенцијал голем,само да фати ритам и да добие самодоверба.
А ова не се добива со играње на неколку пати×неколку одиграни напади,треба барем по 30 минути да добиваат,барем за почеток,па потоа ако се изделка нешто од нив полека но сигурно да станат носители.
Не е ова нешто ново.
Едни анононимуси (до оваа сезона)како Билик и Нилсон на 20 години лупаат прва постава во еден Кил,фул минутажа комбинираат двата7,8 бека во тим,заедно со Дисинџер кој е повреден.
Овде Дрогришки,Печенко,Младеновиќ,Обрадовиќ,Драгаш,Нелоски,Талески,Нелоски,Кузмановски,Велковски,Брајовиќ+Стегавик(ако го земат):pos:
Не се поклопуваат математиките,не е НФЛ ова.:D
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Тоа е, едноставно треба да се помириме со фактот дека ќе бидеме лесен плен на гостински терен.
Изгуби сјај репката, заминувањето на Мојсо и Миркуловски не лимитираше на оваа позиција среден бек, речиси да неаме ниту еден полупросечен кој може да покрие колку толку?
Прибак? никако да му легне националниот дрес, можеби ја нема потребната слобода, невоиграноста до некаде е проблем, ама многу време е тука, пред се со лидерот на репката Кире, ВРЕМЕ... сосема доволно да се увидат грешките, да се направат анализи и да се искористи потенцијалот на Прибак, ама ете.. си талка човекот во место, не е ова од сега тој да одигра лошо.
Кире? човекот е прочитан кога станува збор за репката, ама и годиинте го прават своето, неможеш доживотно да очекуваш од него, мада не е тоа проблем колку што е анализиран 99% од противниците, доволно е да го запрат него и да се изгубиме целосно во нападот.
Тројцата новајлии? Што да очекуваме од нив? веќе добиваат значителна улога во репкава, останаа избор и на долг рок на кој може да се потпреме.. ама си сака сериозна работа со овие деца, па потоа може да очекуваме напредок, дури и минутажата не би била доволна(во случај да е на потребното ниво) за да се постигне нешто, еве Пешевски најавуван како "вонсериски пикер" , го уфрлаа уште во 2011-2012, изигра голема бројка на "големи утакмици" , па од утакмица во утакмица е се по катастрофален.
Столе, се запусти човекот, отсечени сме на пикерската позиција, а таму треба да имаме ПИКЕРИШТЕ кое ќе прави позиции за тие шутери со кои располагаме, пред се новајлиите.
Никола Маркоски, толку може, единствена предност кај него е што игра и одбрана, друго ништо.
Едноставно некои работи не одат едно без друго, тимска игра е.
Да имавме еден таков пикер како овој Петровски, тогаш би биле друга приказна, 100% учинок од детево, какви ли само блокови и чисти ситуации изнуди за бековите, маестрална партија од него.
Одбраната одамна ни претставува сериозен проблем, дуото Ацо-Велко тотално изгубени, Червар се обидува да ги вметне Талески и Нелоски, ама ете се деси потоп, ништо ново.
И според мене голем проблем е назначувањето на Червар, репката ни се наоѓа во лоша ситуација, тешко дека тој ќе успее да ја подигне на потребното ниво, доволно е прочитан, безидеен во нападот, на гостински терени се губи тоталка, незнае да повлече еден прав потег, и не е баш логично да очекуваме добри резултати.
Си требаше Скандинавец таму, тренер шо се разбира од модерен ракомет, шо разбира работа со млади играчи, кој ќе има спремено опција план Б.
Вака тешко.. воопшто не ме изненадува овој дебакл од Чесиве.
Баш ме интересира што ќе понудиме на СП.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Добро е,само да најдат добри комбинации на бои,онаа бела комбинација на ЈАКО без врска беше,со црни шорцеви:eek:се знае кој треба да се боите,црвени домашни дресови,и жолти гостински,за трета варијанта нека е белата,ама без црни елементи.
Е сеа зависи Хамел шо нијанси на бои има.

А не е лоша и на репката на Данска опремата,вака би ни одговарало нешто,ако изработат во некоја црвено-жолта варијанта.
 
G

Goldie

Гостин
Дали се пуштени во продажба ?
Тек сега потпишале договор, чекај малце има време ќе испаднат. Инаку одлична работа е ова, квалитетен дрес ќе биде обавезно го купувам

Јас мислам вака нешто дека ќе биде
Црвената само во посветла нијанса да си остане на горниот дел а шорцевите и она на ракавите ќе биде во жолта боја
1.png
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.677
Поени од реакции
2.774
Тек сега потпишале договор, чекај малце има време ќе испаднат. Инаку одлична работа е ова, квалитетен дрес ќе биде обавезно го купувам

Јас мислам вака нешто дека ќе биде
Црвената само во посветла нијанса да си остане на горниот дел а шорцевите и она на ракавите ќе биде во жолта боја
Прегледај го приврзокот 160825

Не вервам дека ке стигнат да ги пуштат во продажба за публиката за следниот месец.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Има репрезентацијава најавено пријателски во скоро време?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Има репрезентацијава најавено пријателски во скоро време?
Со Босна ќе играме на 4, 5 и 6 јануари ама само една од овие ќе биде отворена за јавноста.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Со Босна ќе играме на 4, 5 и 6 јануари ама само една од овие ќе биде отворена за јавноста.
....мене ова ми звучи како потпросечно спремање или?

Ниедна поквалитетна екипа а? Босна..што знам што може да се дознае од пријателски со факинг Босна..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom