Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
23 април 2012
Мислења
420
Поени од реакции
585
па нормално кога ракометни школи како што се Струга, Велес и Битола немаат ни клуб ни услови за тренирање што сакаш да има младинци? голем број репрезентативци се од овие градови или поминале нивни школи..
a koj bese sampion ova godina vo mladinskoto prvenstvo ? da ne bese pelister ?
a nitu eden igrac nema od pelister za zal :(
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 16:43 ---
па нормално кога ракометни школи како што се Струга, Велес и Битола немаат ни клуб ни услови за тренирање што сакаш да има младинци? голем број репрезентативци се од овие градови или поминале нивни школи..
a koj bese sampion ova godina vo mladinskoto prvenstvo ? da ne bese pelister ?
a nitu eden igrac nema od pelister za zal :(
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Покрај Столе, само малиот Манасков ми остави впечаток некаков. Другиве уште долго ќе останат да играат у Македонска лига....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу е добро интервјуто, баш сега го гледав. Генерално супер е таа рубрика, ептен опуштено и добро. И тоа со Каролина ептен беше добро.(y)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.868
Поени од реакции
7.254
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=18981


КОЛУМНА БОРКО РИСТОВСКИ: Дали е доволно?
Екипа Интернационалци
20.07.2013 16:45



ЕКИПА.мк продолжува со вклучувањето на нашите спортски ѕвезди како колумнисти, за отворено да ги искажат своите мислења за случувањата во спортот во кој доминираат со години наназад. Борко Ристовски во својата прва колумна за ЕКИПА говори за очекувањата за врвни резултати од нашата репрезентација, но и за неопходноста што поскоро да биде извршено подмладување во националниот тим.



Оваа колумна би сакал да ја посветам на репрезентацијата, сегашноста.. иднината. Би сакал оние искрени љубители на ракометот и спортот воопшто да увидат барем мал дел од работите поради кој ние никогаш не го направивме она што реално го можевме, а тоа е освојувањето на медал. Последните два натпревари завршија успешно, тешко... турболентно и со одредени подметнувања но успешно. А тоа е најважно. Но, дали е доволно?

Дали е доволно да ја обезбедиме иднината на машкиот ракомет? Не очекува тежок период. Најпрво Европското првенство во Данска каде ќе го браниме високото 5-то место. И не само тоа, Македонија треба да одлучи по кој пат ќе тргне. Дали ќе бараме резултати веднаш или ќе бараме резултати кои во преден план ќе ја донесат иднината на македонскиот ракомет!? Тежок избор!

Од една страна е јавноста која (нормално и очекувано) бара резултати веднаш. Но дали Македонија не заслужува повеќе!? Дали не заслужува иднина? Јас не би сакал да ја видам оваа репрезентација после одреден период на колена... затоа што Македонија не го заслужува тоа. А од друга страна е иднината, иднина која мораме што побргу да ја осигураме.

Мора да им даде шанса на младите, но ВИСТИНСКИ да им се даде шанса. А не само декларативно како што некои тоа го прават, а истовремено носат странски засилувања на нивните позиции. Што е уште потрагично, истите тие себе се декларираат за грижни чуватели на македонскиот ракомет. Вистината е малку поинаква од тоа, сите оние кој барем малку посуштински ја познаваат оваа проблематика го знаат тоа. Не сакам да бидам сфатен погрешно, и ова да биде сфатено како паметување или пак притисок врз некого. НЕ! Јас само го кажувам моето мислење, и благодарен сум му на бога и моето семејство кое ме создаде таков. Секогаш искрен, отворен и директен... понекогаш на своја штета но без разлика јас сум таков. НО, да не се одалечуваме од темата. Во репрезентацијата мора да има место за Н.Маркоски, Пешевски, Ојлески, Чаневски...како и многу други. Тоа е иднината на македонскиот ракомет.

Мора уште од сега да им се даде шанса, да осетат што е притисок, што е големо натпреварување. И веќе за следните квалификации да ги имаме спремни, да го добијат потребното искуство. Ова може и не е моја работа но за жал нашите тренери (со должно почитување на тренерската фела) се презафатени одејќи по кафеаните во Дебар маало и размислувањето како ако е можно да “убедат” некој новодојден репрезентативец да им позајми пари. Да драга македонска јавност, тоа е вистината. За жал!

Затоа, искрено се надевам дека ќе тргнеме по вистинскиот пат. По патот на вистината, распознавање на вистинските пред се човечки квалитети и посветеноста. Затоа што друг начин едноставно и не постои. Верувам дека ќе дојдат млади кои ќе ме заменат мене, Кире, Мојсо. За ние да можеме мирно да се повлечеме и на било кој начин да му помогнеме на новиот претседател и федерацијата да бидат поуспешни. А до тогаш.. Се гледаме на терен, каде заедно со вас ќе ги водиме сите битки се со една цел, сите заедно да се радуваме и да пробаме да ве направиме среќни и горди.

Искрено, Борко Ристовски
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Борко искрено ми е најнеомилен лик во цела репрезентација. Само тера некои си негови политики, бистри памет, а се понаша како главен мангуп за репрезентација и не вложува онолку труд колку што е потребно. Барем да играше стварно со срце, ај ќе го разберев, ама повеќе пати сум го гледал на утакмица и секогаш брани ноншалантно со 50% од можностите.

Го замолиле да напише една колумна и наместо да даде некое квалитетно мислење, предлог или што и да е нешто конструктивно изнапишал еден куп зборови а не кажа ништо.

На сите му е јасно дека треба подмладување во репрезентацијата. Ама Борко наместо да каже конкретен предлог пак си брка некои лични политики. Дали некој клуб си мислеле за свој интерес и каков ПР вршел ниту е работа на Борко, ниту пак има врска со репрезентацијата. Ако сака да зборува за подмладување на репрезентација, супер, ама оваа колумна е се само не тоа. Мене ова ми звучи како: "Сакам да оцрнувам еден македонски клуб, ама бидејќи темата не треба директно да биде за тоа, ај ќе му ја украдам темата за која Лазаров повеќе пати пишувал многу подолго и понашироко на неговата веб страна, па одоколу пак ќе си зборам за тоа што сакам".

А инаку дека треба дебата за младите категории не е спорно, ама вакви написи според мене се контрапродуктивни.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Многу му е без врска колумната, ни тема, ни почеток, ни заплет, ни расплет, доказ за тоа колку е неписмен :) За вакви состави во основно се добива единица :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom