Разочаран гастарбајтер-повратник

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
Разочаран гастарбајтер-повратник: Во Македонија владее тотална исполитизираност

Заминал по подобар живот во Германија и го пронашол. По 10 години се вратил во Македонија да почне бизнис и се разочарал. Ништо не се променило, дури работите тргнале надолу, вели Илија Митрески од Охрид.
Во 2001. година, на 26 години, Илија заминал за Германија. Во потрага по нов живот, надевајќи се дека таму ќе му биде подобро. Работел како обичен работник во една од поголемите германски шпедиции во градот Бремен. Стигнал до раководна позиција – шеф на компјутерски системи во фирма која „живее“ три века .
„Шефот ме праша: каде се гледам за пет години? Му реков дека сум задоволен од работата и условите и дека со задоволство би прифатил поголема одговорност. По една недела ми рече дека сум добил раководно место. Тоа за мене беше вистинско изненадување, некој од Македонија, од Охрид, да успее и да стигне до добра позиција. Посебно што доаѓав од едно до коска исполитизирано општество во кое без членска книшка од некоја политичка партија немаше и нема шанси да стигнеш до работно место. Сфатив дека во Германија повеќе се цени тоа што го работиш и дека не им се важни партиите и туѓите совети“, вели Илија.

Бремен-нов начин на живот за Македонците
Шок, депресија и сознание дека се‘ функционира под конец
Сепак признава дека почетокот не бил лесен.
„Точно. Бев шокиран. Доаѓав од земја во која бев научен се‘ да се одвива брзо, преку врски, роднини и пријатели и почнуваш живот во земја каде што се‘ е средено. На пример не можев да сфатам дека за обична возачка дозвола треба да чекам шест недели да ја проверат и да добијам право да полагам и таму. Разбрав, дека за се‘ треба да се чека термин“.
Сончевата Македонија и тмурноста на Германија биле силен контраст и за него:
„Денот кога го напуштив Охрид температурата беше 30 степени, а слетав во Хамбург на само 12 степени. Три месеци не видов воопшто сонце. Пред да заминам во Германија не знаев што е тоа депресија и по нон – стоп движење, таму морав да седам затворен меѓу 4 ѕида. По неколку години ги сфатив и Германците зошто се такви, повлечени во себе. Ако сакаш да се сретнеш со некого, треба да закажеш термин барем две недели однапред. Темпото на живот им ја украло спонтаноста. Ми се допаѓа што таму функционираат сите закони, се‘ е како што треба“.
Новата генерација Македонци во Германија има друг живот
Македонците од крајот на шеесеттите беа вистински печалбари. Живееја со идејата дека еден ден ќе се вратат назад. Многу од нив тоа го сторија. Но, по војните во поранешна Југославија, девдесет одсто од Македонците кои живееја сами, семејствата ги повлекоа во Германија. Така се разби фамата дека во Германија можеш да спечалиш многу пари. А, новите генерации се влезени во системот и живеат со тамошен стил на живеење, раскажува Илија.
Се вратив и се разочарав-во Македонија уште нема клима за здрав бизнис
Пред неколку месеци решил да се врати во Охрид. Очекувањата не му се исполниле и покрај желбата:

„Се вратив и уште сум тука. Се надевав дека во Македонија многу работи се изменети. По 11 години минати таму, немав толку допир со Македонија, доаѓав на кус одмор и не забележував што се случува. Мислев, Македонија се стреми кон ЕУ и НАТО и се надевав дека ако не е исто, дека ќе биде барем слично на она што го навикнав во Бремен. Но сфатив дека за оваа деценија речиси ништо не е променето, дури е и полошо. Тотално е се‘ исполитизирано и до работа можеш само преку партиска книшка. Во Германија за сите години никој не ме прашал од која партија си, а со колегите никогаш не сме воделе политички, туку сосем нормални разговори на социјални теми. А овде уште се гледа кој од кого е поголем Македонец, на штета на другиот“.
Размислувал да ги искористи германските контакти и да поврзе некој овдешен шпедитер и фирма со тамошните:
„По неколку разговори ми беше јасно дека со начинот на којшто работат Македонците, на ’жими мајка’ не би го фрлил својот авторитет. Кога видов кои услови ми ги нудат овде и како ќе одат плаќањата решив да се повлечам. Освен корпупција, гледам и нефлексибилност. Едноставно македонскиот и германскиот начин на работа се одвоени со неколку светлосни години“ , вели Митрески.
Разочаран, признава:
„Најверојатно ќе се вратам. Овде не гледам перспектива. За среќа, Бремен за мене е втор дом и го доживувам исто како и Охрид.

http://www.dw.de/dw/article/0,,15978885,00.html
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Па затоа и подобро функционираат тие држави а ние со НИШТО сакам да им конкурираме !!
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
хах
ако толку му чинело таму што се загнал да се врати-
Сега нешто не му штима и ќе критикува:mad:
не иде тоа така......
 
Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.400
Поени од реакции
11.096
хах
ако толку му чинело таму што се загнал да се врати-
Сега нешто не му штима и ќе критикува:mad:
не иде тоа така......
За мене сосема све ми штима. Сакал човекот да замине на печалба и да се врати во Македонија и да ги вложи парите во свој бизнис. Финтата е што се разочарал мислеќи дека за тие 10-11 години се има нешто сменето но очигледно не е така дури и полошо е, тоа му е поентата. Некојпат е и добро да видиш на други места како одат работите за да процениш како стојат во Македонија. Јас потполно го разбирам дечково.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
нека замине за Јапонија или Кореја- па ќе почне да ја критикува Германија со истиот тој заклучок „Едноставно јапонскиот и германскиот начин на работа се одвоени со неколку светлосни години„
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.283
нека замине за Јапонија или Кореја- па ќе почне да ја критикува Германија со истиот тој заклучок „Едноставно јапонскиот и германскиот начин на работа се одвоени со неколку светлосни години„
не го разбираш дечкото - немал капитал тука,па кога свртил во странство сакал да го вложи и да си работи во својот роден крај......арно ама нашите закони можат да го упропастат секој бизнис и зошто би ризикувал да го изгуби своето мало богатство и стекнато реноме во Бремен ?!

далеку сме од држава,ами протекторат кој функционира за богатите и моќните,додека народецот треба да биде задоволен со 120 евра месечно и да,да навива за Македонија.........
 
Igorcemk

Само Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
9.400
Поени од реакции
11.096
Клучната изјава му е дека во Македонија без партијата ништо не оди, посебно не вработувајне. Е сега ја се слагам со таа изјава пошто во најголем дел е така, секако има и исклучоци.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
не го разбираш дечкото - немал капитал тука,па кога свртил во странство сакал да го вложи и да си работи во својот роден крај......арно ама нашите закони можат да го упропастат секој бизнис и зошто би ризикувал да го изгуби своето мало богатство и стекнато реноме во Бремен ?!

далеку сме од држава,ами протекторат кој функционира за богатите и моќните,додека народецот треба да биде задоволен со 120 евра месечно и да,да навива за Македонија.........
капитал?!
тоа е знак прашалник
колку има и што бизнис сака да започне
неможе некој 10 години да работел ко општ работник (со исклучок на последните 2-3) и да стекнал незнам ти каков капитал:rolleyes:
И......решил да дојде -да речеме со тие 20-30 000 евра
Но, доколку и пред тоа немал „ништо“ овде- значи тој треба да почне од нула и сега нему му недостасуваат изгледа баааааааајаги пари - та решава да критикува и да се чатали дека ќе замине
КОГА и самиот знае дека со тој стекнат капитал па во Германија не ќе може ама баш ништо да започне.
ако овде тие пари не вредат - таму па ИЧ
(можеби со кредити и слично ДА)
 
и 10 евра кога ги немаш в џеб се многу !

по претпоставка нека не се 30,ами 15-20 илјади евра - сосема доволни за започнување на мал бизнис и самовработување негово и на членови од семејството........знаејќи дека луѓето во институциите се корумпирани,дека конкуренцијата лесно може да ги подмити за да те затворат,кога ќе видиш жолти траки на секој втор-трет дуќан,дека повеќето работат за 120-150 евра плата кои им стигаат за животни потреби и прашање е дали ќе им стигне нешто да одвојат за да купат или бидат услужени од твоја страна......сфаќаш дека работите отишле надолу и за разлика од многу,овој младич се решил јавно да критикува што е за секоја пофалба.........некој пробува свест да ти тури барем некој грам,ама кога се неќе - се неќе .........
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.501
Поени од реакции
13.352
Ме чуди само фактот,како од работник се стигнува до раководна функција
таму.Тоа е несватливо.Нели има газдата братучеди,баџовци или браќа затие места.Или пак шевовски места се отвараат секоја недела,и нема кадар.А сите знаема како е кај нас.Или еве како е кај јас што работам близу 40год.Ми носат шев да ми биде и ми е,кај со несоодветно образование и млад но важно е син на некој бивши шев.Или ако еден влезе во фирмава на некоја функција а е од Дебар за кратко време фирмата е веќе „дебарска“ по место на раѓање на повеќе работници или ај службеници де,работници лошо звучи
бидеииќи и не се и не дошле за да тоа бидат.И нема никогаш да бидат.А да речеме те бива ама не си нивни или ничии си, нагорниот успех ти е = 0.
Па макар бил и во рамниште со знаење на Никола Тесла, и би измислил нов
извор на енергија, „пре“ ќе те напраат шлакнат отколку да ти го признаат знаењето и способностите.(пишуваше еднаш за оваа појава во еден текст за „негативна селекција“ и тоа многу убаво)Затоа има кај нас не запослени и по 10 год.од дипломирањето (и со 9-10 ) не ти дават шанса,да бидеш пред нив,тогаш каде тие би биле,тие се зацементирале на тие позиции а иако нема резултати и чекат време и прават пат-остават места за наследници пак од нивните,нечии а никакви.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
и 10 евра кога ги немаш в џеб се многу !

по претпоставка нека не се 30,ами 15-20 илјади евра - сосема доволни за започнување на мал бизнис и самовработување негово и на членови од семејството........знаејќи дека луѓето во институциите се корумпирани,дека конкуренцијата лесно може да ги подмити за да те затворат,кога ќе видиш жолти траки на секој втор-трет дуќан,дека повеќето работат за 120-150 евра плата кои им стигаат за животни потреби и прашање е дали ќе им стигне нешто да одвојат за да купат или бидат услужени од твоја страна......сфаќаш дека работите отишле надолу и за разлика од многу,овој младич се решил јавно да критикува што е за секоја пофалба.........некој пробува свест да ти тури барем некој грам,ама кога се неќе - се неќе .........
е па бате ти со 20-30000 евра овде само гарсоњера можеш или не да купиш зависи од градот, а не пак деловен простор.
Така да, ако сака и колку сака нека критикува - но мислам не е во право (што очекувал - дека ќе може ГАЗДА преку ноќ да стане??!!)
таквите„газди„ се со краток век на траење-затоа и самиот ти пиша жолти траки на секој втор-трет дуќан
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.542
Поени од реакции
3.438
Ваквото однесување на нашите гастарбајтери може да се толкува секако, оти секој си има своја приказна. Јасно е дека Германија и повеќето поразвиени држави нудат подобри услови, па нашите одат таму. Век и кусур е така. Некој се збогатил таму, некој умрел, некој се вратил а другите останале. Некој пак имал таква несреќа да пере садови и да чисти нужници, да штеди и штеди, и потоа да се чалами овде еднаш на 5 години. И тие не се малку.
Инаку, кај нас работите се јасни, навистина не е нешто сменето од пред 10 години. Ризично е за започнување бизнис и инвестирање. Ок. Е сега, мене ми е јасно дека дечково бил таму една деценија, ама не ми е јасна неговата неинформираност за тоа што се случува овде, како в затвор да бил испаѓа. Ретко идел па не забележувал што се случува и мислел дека ние сме се стремеле кон НАТО и ЕУ (па и пред да замине се стремевме:)) - ако се случувало нешто ќе забележел. Се надевал дека ќе биде слично како во Бремен? Отворило батево некоја македонски информативна страница на интернет? Не му кажале другиве гурбетчии како е? Барем абер од дома да му прателе (писмо по пошта, по гулаб, што знам, и телефони сега имаме)...
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.481
Поени од реакции
329
нека замине за Јапонија или Кореја- па ќе почне да ја критикува Германија со истиот тој заклучок „Едноставно јапонскиот и германскиот начин на работа се одвоени со неколку светлосни години„

Jas mislam deka ti si najgolem GLUPAK na forumov ili si tolku glup ili nejces da procitas sto pisuva Igorcemk

Sakal da vlozi nekoj denar da zaposli nekogo sto e loso vo toa se dodeka ima vakvi kako tebe tesko na ovaa drzava
Idejata mu bila super ama nema so kogo da ja realizira ako podobro procitate sakal da se povrze so spediterite tamu da sorabotuvaat ama ovde site se znajat pa ne moze da profunkcionira nisto
Mora li ducan da kupi vo Ohrid gluposti nevideni imas barem vo mojot grad ducani ,ducani kolku sakas za iznajmuvanje 150-200 eura ( moze i poevtini da se najdat)
Najverojatno e razocaran od birokratijata za otpocnuvanje biznis ama nikoj ne znae mozebi sakal da se vraboti na drzavno pa videl kako odat rabotite deka so kniska primaat ova se samo nagadjanja
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.753
Поени од реакции
7.639
Во земјите на Западна Европа е се средено. Ми требаше време да се навикнам на таквата леснотија. И мене ми е тажно кога се вреќам и гледам дека ништо не е променето. Се е само политика.
 
На врв Bottom