Различен Закон за денационализација на општините Карпош и Центар - можно ли е?

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14


Во постапката за денационализација, адвокатот што ме застапува мене (со полномошно) и другите наследници на правото на денационализација на имотот на дедо ми, не го напишал моето име во формуларот за листата на барателите, туку го додал дополнително, (по истекот на рокот, иако барањето е дадено на време) иако јас кај неа го покренав тоа истиот ден кога и останатите наследници (баратели). Сите останати документи (од кои повеќе прибавив и донесов токму јас), вклучувајќи го и решението за оставинската постапка (јас сум наследник на 1/4 од имотот на дедо ми, односно делот на мојата покојна мајка), се додавани дополнително и прифатени како валидни. Во сите решенија на првостепената комисија на општина Карпош сум изоставена. Адвокатот што ме застапува ми објаснуваше дека тоа е небитно, бидејќи на формуларот немало место за сите наследници, а меродавно е решението за оставинската расправа. Откако ме зачуди што и на подоцнешните решенија сум изоставена, поднесов жалба на првостепената комисија и ми беше одговорено дека, и покрај оставинското решение, сум “неовластено лице„. Напоменувам дека тоа спаѓа под Карпош, а во решението од Центар со истата постапка сум наведена уредно во листата на баратели и наследници со 1/4. Притоа ми е објаснето дека според Законот за општа управна постапка, штом барањето е поднесено во рокот, може и треба и по службена должност да се надополни со барателите кои се наследници според наследното решение и биле државјани (што сум!) Како е можно да се постапува различно во секоја комисија? Дали во Р. Македонија важи истиот Закон за денационализација и истиот Закон за општа управна постапка во сите (барем) скопски општини? На овој начин законот дозволува и остава место за измами на еден од наследниците од страна на другите наследници. Може дел од наследниците едноставно да исфрлат еден од наследниците. Лишена сум од мојот дел, доделен со судско решение и не сум се откажала од наследство. Освен тоа, приложив уверение за државјанство токму да го докажам правото да бидам барател. На жалбата во Судот пред некој ден ми беше одговорено дека комисијата правилно постапила што не ме смета за барател и што сум „неовластено лице“.​
Знам случај во кој комисијата по службена должност 2008 година го надополнила списокот на барателите од приложеното наследно решение. Дали и во други постапки важеле поинакви закони за поинакви случаи?​
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
не само различен закон- туку и таксите од општина до општина им се разликуваат - што и мене ми е несфатливо - ко да станува збор за различни држави а не за општини
 

VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
не само различен закон- туку и таксите од општина до општина им се разликуваат - што и мене ми е несфатливо - ко да станува збор за различни држави а не за општини[/quo
Штотуку ми јавија од Управа за имотни доноси дека НЕМАМ ПРАВО. Не сум на време додадена во листата на баратели за денационализација. Изгледа дека адвокатката го даде барањето ден-два пред изминување на рокот за да не можам да забележам на време. Да биде доцна! Спрега на адвокат и наследници (УСПЕШЕН) да елиминираат еден наследник. и, што е најлошо во сето тоа, најголем дел од документите јас прибавив и адвокатката ги земаше и ги додавшсе кон предметите за на крај да ми биде речено дека не сум СТРАНКА. Не сум воопшто барател. И сега едноставно немам кому да му се обратам. Нема никаква можност да се справам со измамата. Закон кој не ти дозволува да се избориш за правото да не бидеш изигран! И кога изигрувањето е очигледно, отворено ти се дава на знаење дека немаш никакви можности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom