Разлики меѓу државни и приватни болници

Член од
7 декември 2021
Мислења
50
Поени од реакции
17
Кој се разлики меѓу државните и приватните болници? Дали е многу поквалитетно лечењето во приватните болници, дали обраќаат повеке внимание и за тие пари што ги даваш вреди. Дали докторите се поискусни и ти даваат права дијагноза.
Кој се најдобри приватни болници?
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.520
Кои - множина
Кој - еднина

Дај научете се еднаш пизда му лепа материна. Па уште ќе го браниме јазикот да не бил со фусноти.

На темата - Не знам што би ти одговориле. Вакви прашања може се за во држави како Скандинавските па да правиш споредба помеѓу државно и приватно.
Кај нас се знае како е...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.291
Поени од реакции
45.801
Што би рекле стрините на Беровски Бисере: На државно те убдуваат дека ништо не ти е, на приватно дека те убедуваат дека све ти е.

Пријатно утро желим, Попиј ову кафицу
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Кои - множина
Кој - еднина
Дај научете се еднаш пизда му лепа материна. Па уште ќе го браниме јазикот да не бил со фусноти.
На темата - Не знам што би ти одговориле. Вакви прашања може се за во држави како Скандинавските па да правиш споредба помеѓу државно и приватно.
Кај нас се знае како е...
... не се нервирај, кажи со убаво, секој греши намерно или ненамерно, како пример компаратив и суперлатив пишување „по“ „нај“ секогаш се пишува заедно слеано со зборот, а не посебно, ете и ти погреши и сега што, како се чувствуваш кога некој на таков начин ти кажува, е така му е и нему!:toe:
Нај интересно од целава ситуација
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Разликата веројатно е во тоа што кај приватните болници митото што треба да се плати на државно за истата услуга, кај нив е вкалкулирано во цената.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Кој се разлики меѓу државните и приватните болници? Дали е многу поквалитетно лечењето во приватните болници, дали обраќаат повеке внимание и за тие пари што ги даваш вреди. Дали докторите се поискусни и ти даваат права дијагноза.
Кој се најдобри приватни болници?
...широка тема за да се објасни разликите, односно секое си има предност и мана!

... приватните болници само што имаат можност сами да менаџираат и дополнително да склучат договор со фондот за некои пакет со партиципација за пациенти, кадарот конкретно што прашуваш дали докторите се поискусни, ако им го следиш работниот тек сите првото и своето искуство го стекнале во државните медицински институции, па потоа се префрлиле во приватните болници, така да трансферот нивни е само и само поради поголема месечна исплата, посредено дежурство или поради некој мобинг во државна болница што морале да попуштат и да дадат отказ, па да се префрлат во приватна болница,

...со еден збор тој што ја сака медицинската професија подеднакво ТРЕБА да е добар и во државно и во приватно здравство, но биди сигурен ниеден доктор не се префрлува во приватна болница поради подобра апаратура или некои подобри услови за дијагностицирање за пациентите, туку напротив само и само според лична корист и истакнување на авторитет што не можел да го добие во државните болници, зашто? затоа што во приватните болници сосема малку удел има партиските влијанија, менаџерот на поинаков начин го средува тоа немешање, а во државните има големо влијание непотизам, партиските директиви, што не е во интерес на медицинската професија.

... искутвата се различни, а исто зависи од „среќата“ на пациентот, во приватните болници добиваш „домашни услови„, комодитет и многу пријатен однос од медицинските лица (понекогаш многу вештачки), но тоа не лечи, тоа може само да го релаксира пациентот, но не навистина да го лечи, често приватните болници се „звучни“ според некој познат искусен специјалист, но таму приемот е од сосема друг лекар кој работа под капата и славата на тоа звучно име на приватната болница и ако тој што ќе направи прием е некој „лош“ доктор кој се префрлил во приватна болница, тогаш пациентот не само што нема да добие точна дијагноза и терапија, туку и финасиски ќе биде исцицкан за плаќање кредити за два живота, незгодни примери има многу, би рекла многу вешто премолчени, затоа што во приватните болници секогаш се кажува тој што „се спасил“, „оздравел“, но многу ретко се кажува за неуспесите и смртните последици (најчесто навремено пред да починат, префрлени во државни болници)

...така да успешност на една приватна болница не е од рекала казала муабет, туку од процентот на пријавени пациенти и процентот на успешни заздравени пациенти и колку е можно мал процент или ич на починати, е тогаш ќе кажеме дека таа приватна болница е успешна и најдобра, но не како што прават во нашите приватни болници кога пациентот веќе нема шанса ќе го испуштат за да не го имаат тој процент на починати, па после тоа го носат пациентот во државна болница.

...често пати, преку јавни медиуми ќе кажат успешноста на некоја болница конкретно во породени нероткини со ин витро метод (вонтелесно оплодување) или успешност со инсеминација, ДА, се сложувам да биде тоа успешност ама да се каже на пример на која возраст е пациентката и колку од нив се јавиле и колку од нив забремениле и се породите, така да ако од сто пријавени пациентки, да болницата се фали со десетина пациентки и тоа на возраст под 30 години, за мене лично е неуспешна приватна болница за ин витро, без разлика од убавиот прием, посебна соба, насмеани медицински лица и услуга!

П.С.
секогаш има исклучоци на двете страни од медицински лица посветени на својата професија, но сосема малку што се губат во таа џунгла на тие што те гледаат како вреќа со пари!
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.420
Поени од реакции
4.249
Разликата веројатно е во тоа што кај приватните болници митото што треба да се плати на државно за истата услуга, кај нив е вкалкулирано во цената.
Баш мое искуство.
Друго искуство
Докторкава ме прати на едно место.
Идам таму,чекам, ми се дерат, ме праќаат на друго.
Идам на третото, за среќа ме третираат после долго чекање, ама сум требал да идам на четврто.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
- Кој се разлики меѓу државните и приватните болници?
...ги има многу, зависи што те интересира!
- Дали е многу поквалитетно лечењето во приватните болници,
...зависи од многу фактори, но според тоа колку наплаќаат не се баш за фалење!
-Дали обраќаат повеке внимание и за тие пари што ги даваш вреди.
...Да, исто како во хотел „ол инклузив“, но туристите се дојдени за морето, а не за хотелот! (читај меѓу редови)
- Дали докторите се поискусни и ти даваат права дијагноза.
... не се поискусни, затоа што се најачесто истите од државните болници префрлени во приватните, искуството е тоа веќе стекнато, а има и доста вработени и без некое работно искуство, но со звучно презиме што може да збунува, затоа што кај нас како народ најчесто лечи „името- авторитет- титула“, а потоа лечи умешноста и посветеноста на докторот!
- Кој се најдобри приватни болници?
... не постои таква констатација, треба да се најде посветен доктор на својата професија, макар работел на село, болницата не лечи, лечи навремено последователно следење на пациентот со сите потребни анализи и консултации со соодветни субспецијалисти, денеска медицинското его е големо, никој со никого не се консултира или тоа го прави онака невистинско, ради протокол, всушнот доволно да се присуствува на тие нивни утрински состаноци, па да се заклучи многу работи, на жалост има стагнација на тоа поле!
 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
... не постои таква констатација, треба да се најде посветен доктор на својата професија, макар работел на село, болницата не лечи, лечи навремено последователно следење на пациентот со сите потребни анализи и консултации со соодветни субспецијалисти, денеска медицинското его е големо, никој со никого не се консултира или тоа го прави онака невистинско, ради протокол, всушнот доволно да се присуствува на тие нивни утрински состаноци, па да се заклучи многу работи, на жалост има стагнација на тоа поле!
Тикви шарени. Експерт кардиолог нема да работи во село. Разлика помеѓу Филип втори и болница е ден и ноќ.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Тикви шарени. Експерт кардиолог нема да работи во село. Разлика помеѓу Филип втори и болница е ден и ноќ.
...токму тоа го пишувам експерт во својата професија не ја прави локацијата каде работа ако нема самобендисано утепувачко его, ,,јас работам во Филип II" и што?

... докажаниот експерт е Жан Митрев, а не тој, сите пациенти идат да бидат прегледани од Жан Митрев не од некој си таму рандом кардиолог во прва смена!
...и немој да бидеш толку сигурен, пред извесно време административно ги испомешаа документите на двајца пациенти што за малку ќе оперираа некого што не треба да се оперира.

... ако Жан Митрев е врвен доктор сепак работата му зависи од тимска работа тој не може да делува 24/7, на пример кога не е присутен, тој рандом кардиолог непоправливиот однос што си го носи од државна болница, како да ти кажам, пак таков ќе си го има, ароганцијата не се менува,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom