Што се однесува до младите и Кире кажа дека тие се непрофесионални. Тука под непрофесионални не велам на тоа дека дремат на Инстаграм и играат Фортнајт туку најверојатно на тренинзите не се посветени во целост. Навистина е штета да имаш привилегија да тренираш со Кире Лазаров, да ги следиш потезите а да си индиферентен спрема тоа.
Не е толкав проблем што се веќе на 22-3 години, ракометот не е некој спорт каде што на овие години си веќе дефиниран како играч, ми текнува Радуловиќ почна да игра ракомет на 20 години па стигна до најдобрите крила во светот. Проблем е што ми делува дека се задоволни со статусот на „маалски фраери“, како само поради тој факт да се занимаваат со ракомет.
Само не се согласувам со Кире кој вели дека требало македонските тимови да ги форсираат, си има денес агенти, фирми кои те застапуваат, ќе си излезеш од зоната на комоција па ќе си заминеш во некој европски клуб. И да те форсираат нашиве клубови што, кога лигата за жал ни е смешна со еден професионален клуб и останатото само декор.