Развод

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.199
Едно мислење барам.
Доколку мириса на еден развод во брак, а при тоа едниот поради децата не сака да даде развод барем не до 18г дали постои шанса туку така некој да си замине и да ги земе децата дали е тоа казниво? Било во друга држава или друг град да ги однесе?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.833
Поени од реакции
6.333

-Туку така да си замине, може, секако.
-Да ги земе децата од домот, може, ама не е законски.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.199
-Туку така да си замине, може, секако.
-Да ги земе децата од домот, може, ама не е законски.
Да затоа прашувам што може против законски да се покрене? Полиција? Тужба?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.095
Поени од реакции
2.924
Да затоа прашувам што може против законски да се покрене? Полиција? Тужба?
Да се пријави во полиција, затоа што тоа се третира како грабнување, независно што децата ги зел еден од родителите но е без знаење на другиот родител.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.199
Да се пријави во полиција, затоа што тоа се третира како грабнување, независно што децата ги зел еден од родителите но е без знаење на другиот родител.
Благодарам.
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.392
Поени од реакции
3.420
Едно мислење барам.
Доколку мириса на еден развод во брак, а при тоа едниот поради децата не сака да даде развод барем не до 18г дали постои шанса туку така некој да си замине и да ги земе децата дали е тоа казниво? Било во друга држава или друг град да ги однесе?

Јас имав такви случаеви ги пријавуваа за киднапирани децата.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.716
Поени од реакции
2.826
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.809
Поени од реакции
1.199
Јас имав такви случаеви ги пријавуваа за киднапирани децата.
Доколку не ти е проблем, напиши што се случи понатаму дали "киднаперот" т.е еден од родителите ќе сноси некаква одговорност доколку туку-така реши без да каже нешто да ги однесе децата/детето во друг град или држава ? Што понатаму ?
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.392
Поени од реакции
3.420
Доколку не ти е проблем, напиши што се случи понатаму дали "киднаперот" т.е еден од родителите ќе сноси некаква одговорност доколку туку-така реши без да каже нешто да ги однесе децата/детето во друг град или држава ? Што понатаму ?
Не го знам понатамошниот тек на случаите. Имаше такви во МК но имаше и надвор од МК што ги изнеле децата. За МК донекаде гајам надеж дека ќе има некаква разрешница затоа што овде имаат информации едни за други партнерите освен ако немаат во изобилие куќи и имоти па да не знаеш кај ти си децата но надвор од граници искрено се сомневам и дека има некој нешто средено знам дека одеа преку мвр па амбасади. Од околинава имам еден човек што веќе 30г нема никаков абер од Германија. Детето му го однесе жена му кога имаше 3години.

Генерално разведени или бракови пред распаѓање водат војна преку децата и цело време се пријавуваат во центар за социјални работи од таму после 3та пријава јасно им е дека сакаат да се повредуваат на таков начин а никој освен децата не страда.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
755
Поени од реакции
2.194
Имам другар по струка професор по природни науки, а си има ресторан, не му се работи во школо, трговската интелигенција повеќе му работи и повеќе му е мерак така. Се разведоа од жена му можда мај месец или средина на април.
Имаат мало дете 3 и пол години беше тогаш сега 4.

Многу заљубени се зедоа и на честито им бев, на мој роденден се регистрираа. Не ни чекаа многу по неколку месеци, а пред тоа овој имаше врска 9 години и никако не го прифатија нејзините, а мислам дека ни он немал таква намера со неа штом девет години ја влечкал небитно. Нешто стручно сакаа да се консултираат со мене пред една недела бев, жената уште не беше стигната. Ми раскажа, они без да прават разглас пролетта си се договориле, овој се пресели во друг град заради економски причини, помала кирија а повеќе заработувачка. Цело лето ќерка им со него беше во тоа место како на долг одмор. Таму татко ѝ полека на тенане, чекор по чекор ѝ објаснил, дури и тоа се договориле татко ѝ да ѝ каже дека посмирен човек мајката емотивна. Девојчево додека беа во брак имаше проблеми со плачење со концентрација. По разводот го видов девојчево многу посмирено. расположено, муабет прави, не е зависна одма да ја земе некој од двајцата в скут. Се договориле наместо секој викенд или секој втор викенд, ради далечина, последната недела од секој месец си доаѓа, кај неговите седи тој период и си ја шета, прави муабет со бившата жена да не им треба нешто.

Пред да дојде му се јавува нешто во врска со некој дуќан што си го закупила додека биле во брак и газдата не знам што ѝ рекол. Овој вика „Не се секирај, ја правев муабет со него, викам Х не можеш така лесно да ја заплашиш“ ова она, си се смеат на телефон буквално како другари. Алиментација не станува збор, сѐ што треба за детето за мајка му, жртва е. Дури за образование, дека поинтелектуален од нејзе, он комплетно има земено одговорност. Ѝ вика како за некои полиња јас тебе не ти се мешам, ти за ова нема да ми се мешаш.

Му викам, „Брат , абе многу убаво се согласувате и сте си поддршка. Сигурно сте се договориле да се посветите само на детето, затоа.“
Ми вика „Бог да чува, сега едниот дека продолжил со животот, треба ли другиот да му се свети? Кој век сме жити сѐ? Јас многу си ја ценам и она мене и знаеме да се насмееме и да гледаме утакмица во паб и да направиме муабет. Нашата улога како љубовници, како сопружници заврши само. Малку мои грешки, малку нејзини, нешто што можеше многу убаво да се развие, се растури на парчиња и почна на детето да му смета.“

Кога зборуваме за заедничко старателство и однос по развод, на детето на овој начин може најголема услуга да му се направи.
Ама и разводот да е промислен и одлуката да е откако веќе гледаш дека нема решение. Овие на неколку пати се разделуваа по 2, 3 недели, месец дена без отворено да покажат на детето. Кога не бива, не бива.

Знам случај детево со таткото ќе се види, мајка ти ваква онаква, се враќа кај мајка му, она , тој пак многу знае, ваков, таков. На таквите и на двајцата правото на родителство внимателно да им се разгледа. Детето го користиш ко муниција против екс партнерот, ми нема бетер.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
755
Поени од реакции
2.194
од професионално искуство ви кажувам дека разведените жени никој потоа не ги зема за сериозно, ако имате над 37-8 години, тешко до нова сериозна врска потоа. Само 10% од сите разведени жени потоа нашле брачен партнер или момче. Мажите толерираат се, освен разведени жени. Ако имате разведени жени во ваша околина погледнете дали тие нашле некој нов.
Го правите мажењето/премажувањето како баба Рога. Од мажените мои другарки во доцни 30ти, многу повеќе има разведени одошто немажени.

На многу им се гледа како невозможна мисија, а речиси сѐ друго е потешко од мажење/ женење. Работата е што се чека да биде од вистинските причини и многу повозможно станува кога престанеш да го мислиш. Така животот ни вели не можам да се променам раат ако постојано ѕиркаш од некаде. Некогаш чекањето е заштита за којашто не сме свесни. Не е некоја привилегија и џек пот, туку едноставно двајца луѓе што се компатибилни или не. Не е некакво признание или награда, едноставно е создавање гнездо.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.179
Поени од реакции
12.822

Убаво што ги спомна вистинските причини, еве едно потсетување за истите. :D

Член од
11 декември 2023
Мислења
50
Поени од реакции
142
Го правите мажењето/премажувањето како баба Рога. Од мажените мои другарки во доцни 30ти, многу повеќе има разведени одошто немажени.

На многу им се гледа како невозможна мисија, а речиси сѐ друго е потешко од мажење/ женење. Работата е што се чека да биде од вистинските причини и многу повозможно станува кога престанеш да го мислиш. Така животот ни вели не можам да се променам раат ако постојано ѕиркаш од некаде. Некогаш чекањето е заштита за којашто не сме свесни. Не е некоја привилегија и џек пот, туку едноставно двајца луѓе што се компатибилни или не. Не е некакво признание или награда, едноставно е создавање гнездо.
Не постои вечна компатибилност и континуирана среќа. Проблемите излегуваат и треба да се решат. Од искуство знам, за 35-45% разводи се виновни совети од другарки кои „мислат добро“ а „знаење “ црпат од Кардашијанс и Сексот и Градот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom