Народот секако ќе озборува, секогаш ќе суди затоа што уживаат да се мешаат во туѓи животи, за жал не можеш да им ги затвориш устите, секогаш ќе се појави некој нов кој ќе сака да соли памет.
За тоа дали е добра одлуката, ќе покаже времето.
Доколку не е како што треба, доколку имало караници и била поголема причината подобро е секој по свој пат отколку да бараат изговори за да останат заедно.
Општо за разводите, никогаш не сум разбирала кога некој ќе рече дека не може да се разведат за да не страдале децата.
Децата секако страдаат, или на еден или на друг начин.
Во нефункционални бракови разводот е само прашање на време.
Кога се оставија вујко ми и вујна ми по 15 години брак , луѓето не престанаа да озборуваат. И по неколку години тоа е уште тема на разговор, секогаш ме прашуваат, секогаш ми кажуваат некои работи кои не сум ги знаела, па си додаваат свои причини за разводот.
Искрено, јас бев шокирана за тоа, бев мала но веќе разбирав кој е проблемот, ми објаснија на благ начин.
Децата им живеат во туѓина, едната ќерка си остана идиот (братучеда ми е, моја крв но искрена сум за тоа каква личност е) другиот си го среди животот и секој по свој пат.
Е сега знам и други примери каде што останале во брак, жената бега од мажот, во село, па по некое време се враќа назад, така неколку пати, се тепаат еден со друг, децата исто така тргнаа по лош пат, нормално, родителите им беа пример за лошо однесување.
Пред мене се случувало мажот од примерот да ја вреѓа жената, да измислува работи за нејзе, а мене ми беше многу незгодно бидејќи сето тоа се случуваше пред мои очи и не знаев како да реагирам затоа што едниот од нив беше агресивен.
Сега уште се заедно, како функциунираат не знам, но знам дека доколку не се разделат, еден од нив ќе заврши лошо со оглед на тоа колку агресивни еден кон друг се.