Разбирање

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Колку разбирање имате вие за луѓето околу вас?

До која граница оди вашето разбирање?

Што за вас претставува да разберете некого и дали е воопшто возможно да го направите тоа?

Мое лично мислење е дека иако имам разбирање за многу работи, сепак не можам комплетно да разберам некоја друга личност, затоа што без разлика на тоа дали јас сум бил во истата таа ситуација или не, сепак односот кој сум го имал јас не е ист со одност кој го имала таа личност кон конкретната ситуација.
Мислам дека луѓето и покрај тоа што искусуваат слични, па и исти работи, сепак не се способни до крај и во целост да го разберат другиот затоа што сепак станува збор за лично доживување на нештата.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ова треба во фантазија да стои, зошто е реткост меѓу нас.

Освен нели, разбирањето со домашните, и најблиските.
Мене ме интересира што мислите колкав е степенот на разбирање тука на форумов?
 
С

сашенко

Гостин
Зависи од расположение.Понекогаш немам доволно живци ни чаша вода да испијам убаво и ке ја наполнам до пола ке испијам малце ке ја расурам и ке ја наполнам повторно и тогаш ке ја допијам до крај.А понекогаш сум толку смирен што да дојдат да ми кажат дека утре умирам око нема да ми трепне.Тотално ладнокрвно делувам во некои ситуации понекогаш што човек да се запраша дали сум човек воопшто.Разбирањето кон луѓето зависи токму од тоа кај мене.Ако сум расположен и ако сакам да соработувам ке го имаш пред себе најразбирливиот човек со кого некогаш си правел мубает.Огромна толеранција, разбирање, човек кој ке те слуша да му зборуваш за се и сешто и за какви сакаш глупости прај муабет единствено нешто што може да се деси е да ти се придружам и да ја тераме така до бескрај.И ме пцуеле и ме заебавале и пак со некоја насмевка на лицето останувам.Едноставно има некои денови или можеби не е до деновите туку некоја внатрешна позитивна енергија од мене излегува и тогаш нема шанси да ми го расипеш денот.Се толерирам, се прифаќам, се е ок и кулирам.Ама има денови како што спомнав кога неможам чаша вода да испијам.Ја плакнам, ја полнам до пола, ја пијам до некада и ја истурам полнам по малце уште 2-3 пати и како да ми се тресе раката кога го правам тоа и неможам да се смирам.Ке дојдам ке пуштам компјутер, ке нема ништо ке исклучам.Пак ке пуштам и додека се уклучува ке го исклучам зашто знам дека пак нема да има ништо ново.Ке почнам да читам нешто, ке ми дојде некоја идеја луда и ке се уфилмам и ке забегам на некаде со мислите и тогаш најчесто пишувам.Во тие денови или моменти немам енергија да се концентрирам и да сватам што луѓето се обидуваат да ми кажат.Ги прекинувам, не толерирам ништо, роботски се понашам, идиотски, многу цинички и гледам да се тргнам од објаснувања и муабети, можеби и некоја глупост ке кажам неконтролирано и не сум пријатно друштво тогаш.Така да кај мене тоа разбирањето за луѓето зависи секогаш од расположението.Некогаш можам се да разберам и да простам и да оставам така а некогаш за минимална работа можам светска војна што се вика да почнам.
 
Член од
13 март 2011
Мислења
18
Поени од реакции
1
Инаку тоа што го изнесе Саш. е во суштина многу блиску до профилот на повеќето луге, а во различни периоди од животот се среќава кај секој човек.Па така и јас се пронаоѓам некаде во тие рамки...
Разбирањето е доста важна институција во човековата свест, општество и севкупното постоење.Всушност учествува како основен градивен елемент во текот на градбата-замислата а понатаму преставува темел на се што се гради, се градело и ке се гради.Па затоа може да е само привид(или замор-немоќ од полнотата на структурата наспроти тешкото применување во реалноста) споредната улога во нашата лична и колективна свест...
Убаво е да се разложи поимот барем на наша ‘‘форумџиска‘‘ разбирлива логика.Со тоа можеме и да си имаме корист едни од други а потоа и секој од себеси.Па така на пример сакаме да не разберат секогаш но не го сакаме оној став ‘‘ок. те прочитав цел свет е таков, досаден си па еве ти по некоја излитена дефиниција, играј си со нив дур не си шлапнеш една и се освестиш и кажеш ееј чекај што праам дај да бидам овца ко шо треба и да се носам и мирисам ко стадото-крдото‘‘.Од друга страна пак не секогаш сме силни да можеме да разбереме некого или пак себеси.Некогаш(или претежно) си треба златен добар шаблон и ‘‘фурај мали‘‘ што ќе ни е жешка вода сред лето.Сега што би можеле да направиме и зошто?
Па треба да посветиме некое внимание на разбирањето како поим и функција наша за другите и за нас.Ако размислиме и ја земеме в‘предвид вистинската големина и улога, тогаш ке сфатиме дека навистина вреди и стои во поздина(или основа) на сите наши идеали и замисли желби.Самиот труд ќе ни даде мир...

Кога можеш обиди се(и јас) да разбереш секого колку можеш и задржи си го ставот дека разбрав/сослушав/соживеав колку што можев и знам дека не сум совршен ама се трудам да р./с./с. и ке се трудам зошто тоа е мојот идеал-желба кој ке ме разбере и мир ке ми даде


Поздрав
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Имам разбирање за другите, најчесто можам да разберам (сфатам) кој што и зошто направил, ама ете понекогаш не можам да ги толерирам....
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Мислам дека генерално имам разбирање за луѓето, и можеш да разбереш друга личност со тоа што ќе се ставиш во нивна ситуација и околности
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Па разбирање да, имам доволно околу секојдневиево. Живееме во такво време каде што свашта се случуваат, што се‘ не нема да видиме. Ипак едно е да ги разбираш, а друго е да ги оправдуваш луѓето. Тргајќи според мене, увек коа сум несфатена и го неам добиено потребното разбирање, секогаш е поради недостаток на комуницкација, односно кога личноста не сака/не може убаво да си се отвори.
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Колку разбирање имате вие за луѓето околу вас?
Колку разбирање имам за другите околу мене - зависи само од мене ... порано мислев дека зависи од другите ... но, со време научив дека - не - напротив ... зависи од моите ставови, предрасуди, мисли за нив или за животот воопшто

До која граница оди вашето разбирање?
Се трудам луѓето да ги прифатам онакви какви се и да не менувам ништо на нив, да покажам само разбирање и да помогнам доколку можам и биде побарано тоа од мене.

Се трудам да ги проширам своите видици, преку читање книги, набљудување, медитација, молчење ... прифаќање на уникатноста на луѓето токму поради нашите различности како предност, а не како разлика и одбивност

Признавам, не е лесно тоа да се постигне секогаш, но си дозволувам некогаш и да згрешам ... сепак, човечки е да се греши

Најтешко, сепак, морам да признаам е да се разберам себе си ... се трудам ...

Што за вас претставува да разберете некого и дали е воопшто возможно да го направите тоа?
Повторно ќе споменам, да разбереш некого е да го прифатиш онаков каков е и да не менуваш ништо за таа личност, да не кроиш филмови и сценарија за нив/ неа ... да не гаиш очекувања дека треба да биде ваков или онаков за да ми е мене по ќеиф

Да разбереш некого е да сфатиш дека таа личност не е на светот да ги исполни моите очекувања (не е тука дојдена за мене) ... ниту јас за неа ... ние сме тука за да си ги исполниме сопствените цели и идеали ... и притоа доколку се сретнеме и ни е убаво заедно - да бидеме и останеме заедно

Скромни, одговори од моја страна, но во друга прилика повеќе ....
 
П

Пепси_

Гостин
Имам големо разбирање кон сите но понекогаш не е така.....само знам дека мене никој ме може да ме разбере како да сум некој изрод.А тие што не можат да ги сватат другите или поточно не сакаат а не ни се трудат се многу ограничени со размислувањето.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Треба да сте доста open minded, широк хирозонт и видик да имате пред вас и убава доза на толеранција !

Застапени ли се сите 3 во текот дискусијата, немате мака .. НО, мора да имате и свое ЈАС. Сигурно во вас и вашата перцепција постојат работи преку едноставно не можете да поминете. Тоа е нормално, човечно. Вашиот поглед на тоа треба да умеете да го преточите во туѓиот ум со што тој би ве разбрал и сфатил вас и вашиот став.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom