Радио или песните од МП3 плеерот?

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Името на темата кажува се.Кога ви се слуша музика,прво го вклучувате радиото , наоѓате некоја добра песна, и продолжувате со вртењето на радио станиците барајќи понатаму, или пак верувате на својот вкус, и песните кои се наогаат во вашиот МП3 плеер, па ги слушате нив?
Лично јас, секогаш право проверувам што има по радиостаниците, па ако ми се допаѓа музиката на некоја станица продолжувам да слушам, ако не,се префрлам на омилените песни кои се наоѓаат во мојот МП3 плеер.
Вие ?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Си иам едно 5-6 плејлисти посебни зависи од расположение....радио ептееееен ретко...у кола слушам радио :)
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
мп3 до смрт! хаха стриктно моја музика во мои уши :salut:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Најчесто мп3 и рокам музиче:) Сепак, на радио ми е некако поопуштено... Се вртат песни кои не ги знам, песни кои ги знам и се чувствувам послободно некако. Не сум врзан за мој избор туку слушам нешто што е селектирано од најдоброто.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
50-50

Некогаш слушам радио, зависи од расположение си одбирам станица која ќе ја слушам.
А некогаш мп3, си пуштам моја одбрана музика и уживам.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
радио никад зошто поише слушам реклами него музика така да мојата плејлиста
 
S

StormRage

Гостин
паа шо ќе иам по телефонот пуштам... радио поретко
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дома ретко слушам радио, најчесто си слушам песни од компјутерот т.е плејлистата со песни кои ми се хит во моментот и кои обично си ги слушам... иако радиото кога шетам по улица или кога одам некаде ми е секогаш прв избор... и многу се радувам кога слушам радио и ќе ми погодат некоја песна што ја немам којзнае од кога чуено... ко среќно мало дете сум. :lizavce: Многу сакам радио, само ме нервираат рекламите...
И така. :plete:
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
секогаш од ајфонот(односно мои мп3) и во кола(преку aux) и дома и сегде... освен кога сум на автопат, тогаш или неслушам ништо или некој класики од Моцарт,Бетовен,Бах... ме опуштаат да не напраам беља :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Моја плејлиста секогаш. И по улица кога идам не слушам радио, туку на мобилен песните што ми јас сум ги наредила и кои ми се хит во тој момент. А дома на компјутер секако си имам своја плејлиста. Радио слушам ептен, ептен ретко.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Порано бев премногу посветена на мојата плејлиста(и).Меѓутоа последниве 3 месеца непрестајно слушам радио:).Било каде да сум, на улица, дома, со друштво заедно ќе пуштиме радио.Повеќе го преферирам радиото затоа што ќе слушнам нешто ново и добро и секогаш ќе можам да бидам во тек со музичките вести, но и за да се слушнат некои добри стари хитови на фортуна или бубамара:).Кога сме кај радио најслушано ми е метрополис, дечките се феноменални, моментално можат да ти го дигнат расположението:).Ај доста рекламирам:pos:
Значи да, радио:).
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Какво радио бе, ептен ретко го слушам. Ко ќе ми се здосадет песните од плеерот, инаку јок. Можда грешам? :O
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
радио само кај таткоми в дуќан кога ке одам инаку не
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Во кола радио обавезно, Life и само Life.

На PC, зависи, ако најдам некој нов пејач/група ги ставам на рипит со цела дискографија да видам кои песни ми се ин (како во моментов Jason Mraz), а ако не, пуштам некои од интернет станициве кои ми праат мерак.
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Претежно слушам радио бидејќи ме мрзи да шетам по нетов и да симнувам музика, а единствено преку радио дознавам која музика е актуелна во моментов. Исто така, многу повозбудливо е кога не знаеш што ќе засвири следно (ОК, постои shuffle опција на МП3 ама не е тоа тоа) и тоа единствено го добивам преку радиото, како и преку интернет сајтот Last FM каде може да слушаш радија кои сам ги креираш според твојот вкус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom