Chains
империја
- Член од
- 15 август 2006
- Мислења
- 761
- Поени од реакции
- 678
Бугиман, Раде стојановиќ,оној јас што го знам никогаш не бил некоја зовриена фаца,со нагони да тепа некој како што посочуваш.во живо сум го гледал и во репрезентација,но и на секоја утакмица за Вардар на која настапил,и во ниту еден момент не викнал по судии,по делагат, за соиграчи и не доаѓа во предвид. затоа немој да му лепиш етикета на човекот,не е ко да го направил Темелковски боксерска вреќа. Не го оправдувам за тоа што го удрил( бокс сигурно не му дал,некоја заушка му врзал сигурно) но па и можам да му ги разбирам мотивите. Ти како би се чувствувал да носиш голем товар во квалификациите,да играш топ секој меч и да преземаш одговороност со важни шутеви, и кога ќе дојде време да бидеш награден со она што си го заслужил,настап на СП, да бидеш заменет со пилиштарец,кој е 10x послаб од тебе? има ли резон?драг мој Saber Rider, дигање рака на селектор или тренер не е ни најмалце наивна работа и само по себе е многу голема причина еден играч во било кој спорт да грее клупа. Викаш Раде имал право! Добро бе, Saber Rider, ај малце резонирај. А што би се десило доколку Раде во ефект го истурил својот бес врз некој од играчите, со оглед на тоа дека дечкото очигледно во ефект има проблем со самоконтрола. Денес дигнал рака на селектор, утре врз соиграч, задутре врз судија... Ма колку и да бил во право, играч професионалец, згора на тоа и репрезентативец не може така да се однесува. Колку и да мислиш дека тоа се ситници за да им се прогледа низ прсти, сепак тоа се постапки што многу влијаат на тимска атмосфера, расположение и игра.
Јоновски го ставив во контекст на тоа дека Раде Стојановиќ не е незаменлив и не би го ставил на пониско рамниште. Дечкото доби дефанзивни задачи последно време во репрезентација, но сепак мислам дека има голем капацитет како лев бек и се надевам дека веќе во квалификациите ќе добие повеќе можност на таа позиција. Висок, скочен, силен шут, борбен и најбитно добар момак!
а муабетот за Јоноски не ти држи вода. Да го зборевме ова пред 4 години ок,можеше да се дебатира. Но момакот последниве 2ипол години во металург игра строго одбрана,на прсти од една рака се брои колку пати играл напад.
--- надополнето: 1 февруари 2012 во 21:27 ---
Tomasino the wise has spoken. Се што мислев и јас,срочено со точни констатации.Се е на место. End of discussionСкок шут,силен удар,робусен играч,пред се играч шо не му ја мисли многу дали ќе шутира,не се плаши од противничките одбрани,значи ИГРАЧ СО ЈАЈЦА,за разлика од Филип...
Таков играч очајно ни треба/ше,разбивач...
Овие дена ги гледав снимките на нет од утакмиците во Ниш(на раат).....
Замислете колку голови ќе дадевме на ЕП,при толку слободен простор шо се отвораше со чувањето на Лазаров...
Ќе сомелевме се пред себе....
Дали 5,6 вистински гола од лев бек дадовме...(од можеби најважната позиција во ракометот)....
А ние останавме со Мојсо,со едвај 187 см на лев да ни решава утакмици...
Баш тој хендикеп на сантиметри беше одлучувачки фактор шо грото на ударите на Мојсо завршија надвор од голот,за квалитетен и пред се прецизен скок шут од бек треба висина.......
Реков јас и пред ЕП,овде се игра вистинска одбрана,нема милост,се виде дека Мојсо нема да се наигра...го изедоа.....
За вакви одбрани треба МАЖИШТЕ...чоек шо ќе распали од 10,11 метра...а не да шутка во блок,или да го тренира голманот....