Рада Манојловиќ

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Епа драги мои форумџии, дојде време да отвориме тема и за мојата омилена пеачка.

953999-18.jpg
Единствената, Радмила „Рада“ Манојлович, мојата муза и инспирација за подобар живот, е српска пеачка, родена во 1985 година. На музичката сцена е активна од 2003 година.

Биографијата на Рада не почнува толку среќно, бидејќи таа израснала во своето родно село, Четереже, имала тежок живот, а на 19-годишна возраст починала нејзината мајка. Но, тоа не ја спречило оваа прекрасна убавица со извонредни вокални способности да се пријави на најекстравагандното балканско музичко шоу, „Ѕвезде Гранда“. Сепак, првиот настап на ова шоу не поминал толку добро за неа, бидејќи била елиминирана во почетните рунди. Но, ова не ја спречило Рада да го оствари својот сон. Благодарение на нејзината упорност, по неколку години таа повторно се пријавила, и тоа било нејзината најпаметна одлука во животот. На натпреварувањето стигнала до самото финале, освојуваќи ги слушателите со својот прекрасен глас, убавина и харизма, по што го освоила второто место. Како и сите останати финалисти, ја добила својата прва песна во кариерата, „Никада више“.

Веќе било јасно дека од тука Рада може да оди само нагоре, па кога набрзо почнал „Гранд Фестивалот“, настапила со песната „Како боле усне неверне“, со што дополнително се прославила. Но, најголем бум предизвикала со нејзината трета песна, „Боље она него ја“, која е нејзиниот прв голем хит.

По овие три чекори, Рада веќе се стекнала со репутација на славна пеачка. Но, нејзиниот најславен момент доаѓа во 2010 година, кога прави дует со Саша Матич и заедно ја снимаат песната „Мешај, мешај“. Оттогаш, оваа песна стана еден од најпознатите хитови на Балканот, а со тоа Рада засекогаш го врежа своето место во историјата на балканската естрада.

Останатото... е историја :)

rada-manojlovic-1381760131-17104.jpg

Ќе оставам на членовите да ги постираат своите омилени песни од неа, јас само ќе ја оставам мојата омилена, првата која ја слушнав од неа:

 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.084
Поени од реакции
15.919
Секако дека ви останува само да постирате омилени "песни" од "пеачкиве" зашо реално и немате што друго да пишете и дискутирате. За што ќе дискутирате, за нивните дваипол албуми, музичкиот невкус кој го промовираат или бројот на пенетрации со кои биле принудени да се соочат за да доспеат од позиција на село до, пазете сеа - "свое место во историјата на балканската естрада" ?:icon_lol:
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Пуно ко Маракана пева се песма стара, дали сад ту олују и твоје уши чују.
Пуно ко Маракана скачем без падобрана, и више не знам где сам али знам без тебе јесам.
танам тананм танам...
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Пуно ко Маракана пева се песма стара, дали сад ту олују и твоје уши чују.
Пуно ко Маракана скачем без падобрана, и више не знам где сам али знам без тебе јесам.
танам тананм танам...
32f2165dab6df6efab8681f2d545d0b4752897e95d36c3ec4e628fb75354b422.jpg
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.211
Баш отворив видеата од настапот во финалето, ако не пишуваше дека е Рада немаше да ја познаам.o_O

Пластиката и фарбата завршиле работа,:icon_lol: сега имаме материјал за => :drk::ROFLMAO:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Секако дека ви останува само да постирате омилени "песни" од "пеачкиве" зашо реално и немате што друго да пишете и дискутирате. За што ќе дискутирате, за нивните дваипол албуми, музичкиот невкус кој го промовираат или бројот на пенетрации со кои биле принудени да се соочат за да доспеат од позиција на село до, пазете сеа - "свое место во историјата на балканската естрада" ?:icon_lol:
Среќа па другите теми за квалитетните изведувачи пукаат од дискусии.

Еве на пример Ајрон Мејден од 2007ма до денеска има 18 испишани страни, импресивно. http://forum.kajgana.com/threads/iron-maiden.11844/

Неповторливите Архангел од 2008ма неверојатни 18 страни http://forum.kajgana.com/threads/Архангел.15956/

Легендарните Мизар од 2005та фантастични 5 страни, полни квалитетна дискусија за неверојатната музика. http://forum.kajgana.com/threads/Мизар.1781/

Дорс од 2007ма 9 страни http://forum.kajgana.com/threads/the-doors.59072/

Дип Парпл од 2006та импресивни 6 страни. http://forum.kajgana.com/threads/deep-purple.5062/

Металика, 19 http://forum.kajgana.com/threads/metallica.7324/

И Лед Цепелин од 2007ма недостижни 11страни http://forum.kajgana.com/threads/led-zeppelin.8463
 

Kajgana Shop

На врв Bottom