Рагби во Македонија

Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.341
Здраво на сите,

Видов дека нема никаква тема поврзана со Рагби на форумов па решив да отворам и да напишам што е можно повеќе информации околу овој спорт.

Сосема накратко, рагбито е еден од најстарите спортови кој потекнува од Англија каде што се развива паралелно со фудбалот во почетоците на 19ти век. Рагбито е екипен спорт кој се игра со овална топка. Еден тим се состои од 15 играчи на терен. Рагбито се игра и во друга форма - рагби 7ки кое е исто олимписка дисциплина но со многу побрза игра поради тоа што се помалку играчи на терен.

Поради малкуте преводи ви ги испраќам позициите на англиски јазик.



Како што можете да забележите еден тим е поделен на Forwards (Напаѓачи) и Backs (Бекови) кои во својата природа се поделени најчесто поради физичките предиспозиции. Најчесто напаѓачите се поголеми и покрупни а бековите се послаби и побрзи играчи.

Топката не смее да се подаде напред, туку само латерално или назад, но смее да биде шутната напред.

Најчесто улогата на позициите од 1-8 е да ја земат топката и да освојат метри низ контакт, а додека бековите играат пас игра со цел да ги претрчаат противничките играчи и да освојат што повеќе метри и да поентираат.

Поените се постигнуваат на неколку начини-

- Доколку се стигне во крајната зона на противничкиот тим и се спушти топката на земја се постигнуваат 5 поени. Тоа се нарекува (Try)
- По постигнување на Try, играчот има можност да ја шутира топката помеѓу двете стативи, и доколку успее тоа се +2 дополнителни поени (односно 5 од try + 2 дополнителни од конверзија)
- Шутирање за време на игра помеѓу стативите и доколку топката помине помеѓу двете стативи се постигнуваат 3 поени.
- Пенал - слободно шутирање слично на претходното само од прекин и се постигнуваат 3 поени.



Еден натпревар има 2 полувремиња - по 40 минути и слично на фудбалот, нема прекини.

Секако ова не е се, во продолжение ви испраќам и уште една слика со повеќето важни и основни работи околу рагбито



Околу рагбито на Балканот, Србија е една од посериозните земји кои имаат првенство и играат компетитивно рагби, за разлика од другите земји каде што се по неколку тимови.

Македонија беше една од неколку земји во светот каде што не се играше рагби се до 2018 година каде што група на фанови на овој спорт кај нас и неколку странци кои живеат во Македонија решаваат да го создадат првиот клуб во Скопје - Скопје Диви Вепри Рагби Клуб - Skopje Wild Boars Rugby Club, кој моментално е единствениот активен клуб составен од сениори кој игра компетитивно рагби.

Fun Fact - во Пробиштип е креиран првиот рагби клуб во Македонија - РФК Рудар, но веќе не се активни како клуб.

Skopje Wild Boars како што напоменав е единствениот клуб кој моментално се натпреварува со тимови од соседните држави и е дел од Јужно-Балканската Рагби лига со екипите на Тирана, Солун, Приштина и Пеќ. Целта е да се оформи рагби федерација и првиот национален тим кој ќе ја претставува Македонија на интернационалната сцена.

Клубот моментално брои 25+ активни играчи.

Тренинзите моментално се одржуваат на теренот во Бардовци и се на прилично аматерско ниво така што се погодни за сите без разлика на физичките предиспозиции, години, став, религија и слично. Секој еден има место на една од 15те позиции.

Доколку сакате да спортувате но мислите дека сте веќе возрасни/стари за да почнете, еве можност да пробате нешто ново, нешто што се гради сеуште па зошто да не бидете и првите што ќе го облечат националниот дрес :oeoeoe:

Во продолжение ви испраќам и линкови каде што можете да погледнете слики, видеа и слично од сите досегашни активности.

 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.341
Таму доле играат Рагби Лига, но ги имаме контактирано да знаат што се случува во матичната земја :)

патем сега Косово кои веќе имаат федерација и репрезентација имаа повик за сите оние кои имаат Косовско потекло и документи, но не живеат во Косово да се пријават на повикот за оформување на националниот тим, па истото верувам би било случај кога ќе се оформи и Македонската Рагби Федерација и национален тим.

Во контакт сме со повеќе Македонци кои не живеат во Македонија, но играат рагби низ европа и светот
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.719
Поени од реакции
6.006
На дечкото од Пробиштип кој го донесе рагбито во Македонија колку само се цимаше да основи клубови низ цела држава, треба посебни почести да му се одадат кога ќе (ви) се реализира идејата до крај, немаше град каде не контактираше, наши кои играат во странство, странци кои играле да ги активира овде па така дојде и до основање на клубот во Скопје, имаше амбиции за уште еден плус, исто така во Струмица се видовме неколку пати се имаше проект за рагби клуб БЕЛАСИЦА кој не успеа дека немаше интерес овде за практикување на спортот што не значи нема да има во иднина, има струмичани кои се во В.Британија кои играат па можеби понатаму ќе се реализира идејата до крај па ќе имаме прв рагби клуб во градот под царевите кули.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
9.168
Поени од реакции
15.203
ovde se igra se, mada da league e najpopularno... imas inace i union pa i sevens e se popularno. uglavno tie sto igraat mozat da igraat i u drugite disciplini prilicno lesno. jas bi rekol union e za nijansa potesko posto e mnogu potecno dodeka league e bar mene mi e najinteresno bas zaradi toa sto e nekako najskockano so pravila i e polesno za pratenje. kako i da e, bi imalo igraci od ovde pa i nasite vo NZ veruvam deka igraat poslebno vtorite generacii sto uste od skolo/sredno go imaat igrano ko regularen sport. aus ti e inace podelena, nov juzen vels i kvinslend se ragbi terirorija (isto i NZ) a viktorija, juzna avstralija i zapdna aus e poveke po avstraliski fudbal, ragbi mnogu slabo.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
1.341
На дечкото од Пробиштип кој го донесе рагбито во Македонија колку само се цимаше да основи клубови низ цела држава, треба посебни почести да му се одадат кога ќе (ви) се реализира идејата до крај, немаше град каде не контактираше, наши кои играат во странство, странци кои играле да ги активира овде па така дојде и до основање на клубот во Скопје, имаше амбиции за уште еден плус, исто така во Струмица се видовме неколку пати се имаше проект за рагби клуб БЕЛАСИЦА кој не успеа дека немаше интерес овде за практикување на спортот што не значи нема да има во иднина, има струмичани кои се во В.Британија кои играат па можеби понатаму ќе се реализира идејата до крај па ќе имаме прв рагби клуб во градот под царевите кули.
само почит кон дечкото од Пробиштип, вистински фан на рагбито
 
Член од
5 октомври 2016
Мислења
73
Поени од реакции
203
Фала на убавите зборови на @ultras1988 и @ТојодТаму. :)

Рагби Клубот РУДАР е во фаза на ре-активирање, после две годишна пауза, па да се надеваме дека на пролет ќе го имаме и првиот официјален рагби натпревар помеѓу два македонски клубови.

:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom