Работи што нѐ нервираат во македонскиот сообраќај

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Оние што секојдневно возат низ македонските градови, со посебен акцент на Скопје, веројатно веќе имаат бели влакна во косата поради сите стресови предизвикани од идиотите и пациентите со кои мораат секојдневно да се среќаваат низ сообраќајот. Направивме листа на неколку работи што редовно нервираат и за кои посакуваме да има многу повисоки казни.



Поминување на црвено
Семафорот не е комплициран инструмент - има три светла и едноставни правила на функционирање - на зелено се поминува, на жолто се прикочува, а на црвено се стои. Сепак за некои ликови во државава дури и тоа е комплицирано да го разберат. Особено нервираат оние што сакаат да се „шмугнат“ на жолто, но поминуваат толку длабоко во црвеното светло, што кај другите веќе се вклучило зеленото.

Посебна категорија на дебили, се оние што тргнуваат на црвено кога ќе видат дека нема автомобили од другите насоки, а меѓу таквите се оние со спортски автомобили кои мислат дека ако ставиле дреч боја и неколку ленти на хаубата, автоматски се дел од Fast and Furious. Во истата категорија влегуваат и оние бизнисмени со скапи автомобили што едноставно не можат да чекаат безначајни работи како црвено светло.

Пешаците што претрчуваат преку улица

Скопје, пред Градска болница


Ако некогаш сте возеле кај Градска болница или кај Битпазар, веројатно сте ги сретнале камиказите за кои ризикувањето на животот е помалку важно од 30-те секунди што треба да ги поминат за да стигнат до најблискиот пешачки премин. За да биде ситуацијата уште пострашна, тие пешаци се вообичаено пензионери кои и онака се движат бавно, па не е баш дека „претрчуваат“. Очигледно годините искуство не им донеле поголема мудрост, а постојаната опасност од сериозни повреди или пак казна од полицијата се комплетно неважни.

Влечкото во прва лента
Првата лента е позната и како „брза лента“. Тоа значи дека ако 40 километри на час е пребрзо за вас или пак ако само сакате да си уживате во возењето низ градот треба да се тргнете од таа лента. Ваквите редовно се појавуваат пред вас кога го бркате зеленото светло додека брзате за работа - тие ќе се влечкаат, ќе поминат на жолто, а вие ќе мора да застанете на црвено.

Посебен дел од оваа категорија се шоферите на камиони или на автобуси, кои едноставно уживаат да го кочат сообраќајот возејќи во првата лента. Како добро би дошла дополнителна опрема во стилот на Џејмс Бонд за справување со ваквите ликови.



Урбаниот тркач
Комплетната спротивност се урбаните тркачи. Ги знаете овие возачи - ви се лепат одзади, светкаат со долгите светла и свират бидејќи вие сте им застанале на нивната тркачка патека и сега ги кочите и им го спуштате „вајбот“ од возењето со 100 километри на час низ градските улици.

Тие влегуваат во групата на возачи кои мислат дека се најважни и дека нивните обврски се поважни од животот на останатите учесници во сообраќајот. Најдоброто решение за справување со нив е да се претворите во „влечкото“ од претходната точка.

Застанување на сред улица со трепкачи
Низ Македонија има некое општоприфатено мислење дека ако пуштиш трепкачи, тоа автоматски ти дава дозвола да застанеш било каде, дури и на сред улица, во најголемата гужва. Половина град треба да чека бидејќи ти мора да купиш леб и цигари од продавничка, да уплатиш спортска или пак да ја оставиш комшиката пред работа.

Се разбира, ти си најважен, сите ние останатите никаде не брзаме и немаме други обврски освен тоа да те чекаме тебе да си ги завршиш работите.

Мајстори за вакви застанувања се и таксистите бидејќи, нели, мора да застанат таму кај што ќе им каже патникот, а не три метри понапред каде што има проширување.

Паркирање во слободен стил
Ова е уште една активност што е прилично лесна и едноставна за луѓе со барем просечно развиени психички и моторички способности. Сепак, редовно се случува некој да се паркира комплетно спротивно од логиката, да зафати едно или две места повеќе од потребното, веројатно бидејќи неговиот слободен дух не сака да се ограничува во линиите на паркинг местото.

Овие идиоти заслужуваат одземање на возачката и повторно полагање се додека не научат дека не се сами на сопствен приватен паркинг.



Нестрпливиот што не може да чека во колона
Посебно иритантни возачи се оние што не можат да почекаат во колоната како сите останати, туку решаваат дека мора да ги претекнат сите и потоа да се буткаат преку ред. Веројатно овие ликови редовно се меркаат во ретровизорот и си зборуваат дека се најпаметни и најубави, убедени дека сите останати возачи се обични смотковци кои слепо ги следат правилата. Во основа се само обични егоцентрици на чија сметка редовно стигнуваат многу пцовки од останатите возачи.

Вреди да ги спомнеме
Покрај сите овие што ги набројавме досега има и уште некои ликови кои нервираат, но не доволно за да им посветиме целосен пасус. Такви се комшиките од помалите улички кои кога ќе се сретнат на сред раскрсница почнуваат да си ја раскажуваат последната епизода од омилената турска серија или пак пешаците што ги мрзи да се качат на тротоар, па гордо си чекорат на сред улица како да е тоа црвен тепих за нивното шоу. Вреди да ги спомнеме и оние возачи што редовно забораваат да пуштат трепкач, па залудно ги чекате да поминат кога тие веќе си испланирале да свртат непосредно пред вас. Но, кој ви е крив кога не читате мисли. На крајот тука се возачите кои спијат кога ќе се вклучи зеленото светло, но за нив веројатно е резервирано посебно место во пеколот.

Друго? :)

 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Луѓе кои ,,секогаш имаат првенство'' без разлика на знакот. Нормално ние ќе си чекаме иако имаме знак за првенствено минување. Исто ме нервираат и луѓе што поминуваат пешачки и кога ќе застанеш да ги препуштиш тие на сред пешачки ти велат да поминеш.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Најмногу од се мразам кога еден ќе запре на пешачки, а тој позади него не ја сваќа ситуацијата и пробува да го заобиколи и помине, колку пешаци имаат така настрадано, друго нешто е возење брзо по тесни уличиња каде што тешко се разминуваат две коли, плус шетаат луѓе со деца, се возат точаци, страшно нешто. Трето и најиритирачко нешто е оние со моторите, што намерно ставаат делови да им брчи моторот како трактор, повеќе брчи отколку што оди, го слушаш дека иде дури од 20км, не е само еден, повеќе се, стана мода тоа сеа, нарушуваат секаков мир ноќеска па и дење, катастрофа.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Возачи со СК - таблици што претекнуваат на полна лента и тоа на заебани кривини. Мислат дека дека најбољи возачи а не се. Највеќе сообраќајки се дешаават ради нив оти сељаците пред нив незнаат да возат и се влечкаат.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Кога возам и од десна страна некој велосипедист се клања лево десно, онака нестабилно зашантрува..............од такт ме вади.

Идиотите кои навечер низ град возат со долги светла (обично навечер возам така да и ова го имам заприметено низ Прилепов и напнува, што им е филмот абер немам)

Приклучување во сообраќај од нигде никаде, онака невнимателно, тераш тераш, и некој од страна паркиран се нурнува во колоната (се прави на три ипол)
 
Член од
18 ноември 2014
Мислења
694
Поени од реакции
1.778
Константно свирење на некоја нестрплива будала у гужва што мисли дека магично ќе се тргне колоната за господинот да помине.
Мотори кои ноншалантно си возат лево десно низ колони, од такт ме вадат коа ќе ми се избацат од нигде никаде.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.606
Поени од реакции
10.846
Јас не познавам еден возач во земјава што има култура, па дури ни јас. Така да излишно е да збориме за другите кога и ние истите гомнарии ги правиме.
 
G

Goldie

Гостин
Мене ме нервираат Скопјани што мислат дека и со автомобили имаат предност пред пешаците на пешачки премин, гледам и луѓево се имаат навикнато во Скопје па ретко се осмелуваат да зачекорат дури и на пешачки и чекаат прво да поминат колите
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Дрипци што го дрват курот со мотори, даваат гас ко морони, не почитуваат семафори, летаат без да гледаат и патем ти ги бушат ушите со неподнослива бучава предизвикана од срањето кое го возат. Одма фрлам клетва да се учукаат во наредната кривина и да цркнат во тешки маки, крвта да им ја ебам :mad:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
- Убацување во лента без жмигавец
- Кога ќе те претрка некој, ќе ти се убаци во лента и после наеднаш ќе му текне да вози со 30
- Таксисти
- Неписменоќата прикажана на кружните текови низ градов
- Влечкање во прва лента. Ова мора да го подобјаснам. Ако некој го има цел ден на располагање и планира да се влече со 20 на саат, во ред, влечи се ама не се влечи во лева лента, влечи си се или во трета или во средна. Никој не збори за возење со 150 ама некој има итна работа, некој брза за на лекар, на некого детето му е болно, имајте осет.
- Паркирање колку да се рече дека си паркиран, ни линија држење, ни дали фаќаш две места, само тресни ја колата. Ништо не кошта да потрошиш уште две минути, да ја исправиш, да ја ставиш како што треба во редот.
- Мерење курови по автопат
- Точачиња на асфалт а од страна има тротоар колкав сакаш (Иво Лола Рибар)
- Претрчување на пешаци секаде, главни места се пазарот во Ѓорче и кај Градска, како да играш некоја флеш игрица и треба да пазиш да не кренеш некого или нешто на шофершајбна
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
113
Поени од реакции
30
Во последно време овие се најинтересни што претекнуваат преку забранетата (заградена) лента на автопатот што се прави Велес-Скопје :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Возење точак по патека за пешаци, а имаш на 5 метра велосипедка патека. Исто така, на автобуска станица кога чекаат луѓе, а тука проаѓа велосипедската, не им текнува дека можат да свртат одоколу, а не да свиркат и после евентуално некоја расправија да падне.

БЕЛИ ФАРОВИ-ау, колку ги мразам...

Не сум возач, така да не би можел да зборувам од возачки аспект, но исто така иам приметено - неодлучни пешаци кои поминуваат на пешачки.
Не знам дали некој спомна - незастанување на пешачки од страна на возилата (обично тука им сугерирам да успорат кога гледам дека се улетале ко стоки. Он можда ќе закочи, али за секој случај)

Еднаш чекам автобус карши Скопјанка и еднава баба преминува улица кај што нема пешачки (тука има подземен премин, е сега малце е крш можда али врши работа), друга преминува од другата страна и они испадна да се знаат и почнаа да муабетат у средна лента. Ја гледам и се крстам со лева рака.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom