Работење како дистрибутер обиколувач(малопродажба)

Член од
12 мај 2015
Мислења
87
Поени од реакции
95
Здраво.
Некни по фејсбуциве налетав на оглас за работа како дистрибутер обиколувач(малопродажба). Се јавив, ме викнаа на интервју и супер се помина деновиве треба да почнам со работа.
Пошто сум без познавање на оваа работа, сакам да се информирам на форум од луѓе кои го имаат ова работа, колку толку да имам поим работава.
Btw се разносува производи со комбе знам, ме интересира како одат работоти со фактури, и враќање на роба.
Од блиску луѓе слушнав дека некои правеле грешки со таа документација и му кинеле на платата и сега скептик сум. Секакво искуство со ова е добредодејно.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.416
Поени од реакции
3.634
Овие прашања кај шефот.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.594
Поени од реакции
7.168
Едноставно е другар, фактурата ти ја даваат готова и во магацин ти ја товараат робата. Може да преку скампел и ти да правиш фактура, тогаш од магацин ти ја задолжуваат цела роба у комбе.
Има многу начини: дали некој ќе сака да те закрпи со некој пакет, дали ти ќе оставиш повеќе на некое место, намерно ќе стават/немаа да стават пакет со цел да видат дали ти фака рачето.
Не се плаши се ќе биде у ред.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Здраво.
Некни по фејсбуциве налетав на оглас за работа како дистрибутер обиколувач(малопродажба). Се јавив, ме викнаа на интервју и супер се помина деновиве треба да почнам со работа.
Пошто сум без познавање на оваа работа, сакам да се информирам на форум од луѓе кои го имаат ова работа, колку толку да имам поим работава.
Btw се разносува производи со комбе знам, ме интересира како одат работоти со фактури, и враќање на роба.
Од блиску луѓе слушнав дека некои правеле грешки со таа документација и му кинеле на платата и сега скептик сум. Секакво искуство со ова е добредодејно.
На кој реон работиш? Една од полошите работи во оваа работа е што често ке завршуваш многу подоцна од што ти е работното време.
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.594
Поени од реакции
7.168
На кој реон работиш? Една од полошите работи во оваа работа е што често ке завршуваш многу подоцна од што ти е работното време.
Reonot e plus, ramstor, tinex, Kit go, kje glavi po saat i povekje vreme da ja ostavi robata, pa uste ako mu se pogodi Awt, Podravka so po 300 stavki na 5 fakturi, dodeka gi vnesat na skampel, kje se ubie cekajki.. Ako go nosi Shutka, topansko, nema tamu fakturi keshot raboti.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Ќе главиш сите дистрибутери глават.Претпоставувам дека си помлада генерација за брзо ќе расчистиш со ова професија,иако ти посакувам се најдобро,но сигурен сум дека покрај сите ставки што ќе ги разнесуваш секојдневно ќе имаш една што констатно ќе ја носиш и ќе биде наполнета со пцофки,а кога веќе ќе се откажеш од пцофките и ќе ти дојде преку кур ондак си идеш уште истиот ден.Да не изгледа ова се вака апокалиптично она што ја ќе ти го посакам е со среќа дете и отварај 4 очи.
 
Член од
12 мај 2015
Мислења
87
Поени од реакции
95
Нз за реон, не се работи за СК, за помал град е :) Прилеп
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Е тогаш незнам ама знам дека Скопјево е џунгла.....
 
K

kicodarker

Гостин
Проблем е кај оваа професија што воглавно си возач, а тоа го сметаат како “бонус“ шефовите, и секогаш ќе ти речат се возиш. Доста потценета работа е возач кај нас. Работата што треба да ја извршуваат двајца најчесто се товари на еден со некоја илјадарка плус.
Дистрибутер и не е така едноставна работа.Рачунај треба да се пробиваш низ гужви,да пазиш кај паркираш ако се задржиш подолго дури растовариш роба, чекаш ред пред тебе друг дистрибутер да дорастовари и наплати, и ако носиш по колонијал продавничина рачунај само што си влегол вкола пак паркираш и пак истата процедура. Најдобра работа е кога си само дистибутер, а доколку треба да нудиш производи по локали сака малце и подобри социјални вештини да шитнеш пакет плус оти си остана со основната плата.
Најбитно во оваа работа ти е да ги научиш производите што ги носиш и да ги читаш убаво фактурите.Ако се мислиш вкомбе шо производ беше ова шо е на фактурата, па додека го најдиш, рачунај два дена ќе ти требаат да растовариш. Ако си пријавен дониа/винчини, тука ретко кој останува да работи долготрајно иако на прв поглед изгледа лесно и идеално. Не за џабе земаат околу 20.000 денари плата. Кај нив главна финта е “ништо тешко немаш во работава,си се возиш нонстоп“. Како возењето да е луксуз, и тотално ја занемаруваат професијата возач, и испаѓаш доставувач кој се вози.Ко нешто плус да е.
И најбитно ако работиш со пари/фискална касна стварно очи отворај. Често пати од магацин прават грешки, па кога ќе ја научиш робата убаво е да си ја проверуваш дали ја има или не, освен ако возиш некое големо комбе па нема да биди изводливо да ја проверуваш цела роба.
“Најлегален“ начин да заработиш плус од оваа професија и да не те избркаат е да разносуваш пратки.Ако те пратиле битола на пример, да си товариш нешто плус торбица ранец успат со одењето и да земиш некој денар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom