Работење во грчка фирма. Понижување? Предавство?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Во една дискусија со еден член се зачудив на мислењата на луѓево. Хмм предавство било да работиш во грчка фирма, да заработуваш и да го прехрануваш семејството. Подобро било да се моли за леб, него да се работи во грчка фирма. Зар?
Понижување е? Предавство? Непатриотизам?
Не ми е јасно како може во се да се меша политиката. Има многу грчки фирми во Македонија, илјадници вработени луѓе во нив. Без нив којзнае колку би била невработеноста кај нас.
Предавници се оние што работат во Веро, Стопанска банка, Окта, Усје, Жито Лукс, Алфа банка, Пивара ...???
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Не треба воопшто да се чудиш, особено ако си водела дискусија со некој "патриот" од форумов. Мислиш знаат што значи зборот предавство?...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ако работиш таму, ама потајно не ја сакаш фирмата и крадеш спајалици, ок е.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Ако работиш таму, ама потајно не ја сакаш фирмата и крадеш спајалици, ок е.
:pos2: Ама ме насмеа :pos2::pos2:

Он: Работа и политика се 2 различни поими,мора да си малоумен за да ги мешаш :smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Во една дискусија со еден член се зачудив на мислењата на луѓево. Хмм предавство било да работиш во грчка фирма, да заработуваш и да го прехрануваш семејството. Подобро било да се моли за леб, него да се работи во грчка фирма. Зар?
Понижување е? Предавство? Непатриотизам?
Не ми е јасно како може во се да се меша политиката. Има многу грчки фирми во Македонија, илјадници вработени луѓе во нив. Без нив којзнае колку би била невработеноста кај нас.
Предавници се оние што работат во Веро, Стопанска банка, Окта, Усје, Жито Лукс, Алфа банка, Пивара ...???
На светов, а не само кај нас има многу дркаџии. Некој, на пример, ќе те труе дека си предавник ако работиш за Грк, додека со цевчето од коктелчето у уста си жабурка патриотски балончиња сунчајќи си го газето на некој грчки остров, правејќи си чести шопинг-тури пред и во Солун, све док ти скапаваш работејќи да врзеш два краја. Така ти е тоа. Двојни стандарди.
А национализмот (и тоа веќе врапците го знаат) е само средство за да се сврти вниманието од многу поголеми проблеми...еве, док ние овде плетеме за грци, гејци и пигмејци, оп-рипнал бенЅинот, па оп рипнало лепчето, па оп со иЉадарка не можеш ни пакетче влошки и кутија мастики да си купиш-и така по некое време, гледаш дека некој тоа здраво ти го опнал, а ти не си приметил од патриотизам...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.507
Поени од реакции
1.722
Глупости според мене.
Тоа што работодавецот е од југот на Македонија не го менува фактот дека вработениот со таа плата преживува и си го прехранува семејството.
Да, глупава е целата национално-политичка ситуација со нашиот јужен дел, ама тоа не значи дека треба да се соѕидаме со гордоста и тврдоглавоста на сметка на она што се вика живот. И тоа не само наш живот, туку и на оние кои зависат од нас.
Работодавецот не ја прави политиката на својата земја, ниту пак вработениот на својата. Тоа се вика професионален однос и не е никако поврзано со политичките пропаганди на двете земји.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.230
Поени од реакции
45.359
Не е никакво предавство, работење леб е тоа. Предавство е што им се даде да ја купат пола држава и да експлотираат народ ко американците у Банког.
 
Член од
2 мај 2008
Мислења
5
Поени од реакции
2
ako grcka firma funkcionira regularno i zakonski. site sto rabotat vo firmata se regularno osigureni nema nikakov problem

a dokolku i makedonska firma ne funkcionira regularno i toa moze da bide predavstvo... (vo makedonija i sekade vo svetot ima iljadnici milioni nezakonski firmi)

jas sakam da bide dobro za makedonskiot narod !!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Македонци работат, Македонци земаат плата од тие фирми, нема нешто лошо во тоа.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Abe ich kuro da ne te boli ako e predavstvo . togash toj sho ke se prijavi na forumov deka ja ponizhuvash makedonija neka ti dava toj plata ?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Не е никакво предавство, работење леб е тоа. Предавство е што им се даде да ја купат пола држава и да експлотираат народ ко американците у Банког.
Тоа ми е и мене целта..некој погрешно ме сватил...:raz: Не е срам да се работи за Грк, него за што работиш кај него и во какви работни услови и каков е односот на него спрема тебе..тоа ми е поентата.. П.С. Росонерка фала за темава, се надевам дека ќе ме просветли :smir:
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Нема ништо срамно во тоа да се работи и заработува, било тоа за да се преживее или едноставно заради по поволни услови (повисока плата, осигурање итн..) Дали фирмата е македонска, грчка, албанска или било каква, работата си е работа, за таа работа се земаат пари и лошо е што многу луѓе (читај:кретени) ја мешаат политиката во се и сешто. Се додека не се постигне одредено ниво на професионализам во Македонија каде работата ќе биде само работа и ништо друго, нема да имаме никаков напредок.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Тоа ми е и мене целта..некој погрешно ме сватил...:raz: Не е срам да се работи за Грк, него за што работиш кај него и во какви работни услови и каков е односот на него спрема тебе..тоа ми е поентата.. П.С. Росонерка фала за темава, се надевам дека ќе ме просветли :smir:
Ти си несфатен на поише теми овде, ама не се секирај, до нас е...а за односот на грчките газди према вработените, паааа мислам дека е ист како на нашиве газди према вработените. Пара збори. Малку пари за вработените-повеќе за газдите, проста логика...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.719
Поени од реакции
9.829
Ти си несфатен на поише теми овде, ама не се секирај, до нас е...а за односот на грчките газди према вработените, паааа мислам дека е ист како на нашиве газди према вработените. Пара збори. Малку пари за вработените-повеќе за газдите, проста логика...
Oд тебе не очекувам ни да бидам сватен :smir: Него еден член спомна дека ако си заминеле од МК грците ќе сме плачеле...епа ај објасни,за плата од 500 -700 евра и ја би плачел,ама за 150-200 евра не, посебно за Грк never !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom