Работење во грчка фирма. Понижување? Предавство?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Доколку е тоа така како што кажуваш јас сум прв кој ке потпише петиција за реципроцитет да им се направи како што бев и за се друго до сега во врска со гејците...
Не е само Грција. Колку што ми е познато, македонски државјанин (без друго државјанство) не може да отвори фирма во ЕУ членка...се имаат заштитено од надвор, но истовремено немаат слободен отворен пазар (за кој во ЕУ се залагаат), што е реално неприфатливо.
А за работниците се изјаснив...луѓе кои си го заработуваат лебот.
Текстот што беше пишан погоре беше во контекст на муабетот за засилен инспекциски надзор врз грчките фирми во Македонија...можеби со право им праќаат толку инспекции, хохштаплери се par exellence.
 

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
Се сложувам треба инспекции секој ден да ги чешлаат а и конечно и некој кривично да одговара од нив а не да помине со опомена или временски рок на усогласување, мислам дека према нив треба да има 0 толеранција за тие работи
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Leandra ,

абе ајде :) има фирма... и фирма, не си единствената Македонка која работела во грчка фирма, како што и не си работела во секоја грчка фирма.

Не сум против работа во грчки фирми, сум против дискриминаторскиот однос доколку има таков случај, особено доколку тие грчки фирми треба да претставуваат некоја повисока култура и стандарди во работењето не би требало да се изедначуваат и оправдуваат со примитивните македонски фирми.

http://www.time.mk/cluster/baf86297f6/grchkite-gazdi-vrshat-teror-vrz-rabotnicite.html

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=17573&egId=13

http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1092_22092009/026_pelagoniska_k.html

http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2484&stID=35200

итн. итн.
Брат бе,аман бе :)
Ако почнам да ставам линкови од Македонски газди во овие 20 години ќе треба да земам едногодишен одмор од работа додека ги испастирам.
Јас разбирам да не ја сакаш Грција,ама да ги претставуваш како полоши од македонскиве душовадачи немаш основа.Или немаш работено кај Македонец?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Грчките и македонските газди не се баш за споредување, почнувајќи од тоа што грција е ЕУ членка од која добиваме лекции за демократија, култура, работнички права, граѓански и цивилни права и обврски...препишуваме закони од истите тие држави па до тоа што се странски фирми кои (иако наши луѓе го вадат лебот) сепак го носат профитот во грција-сигурно стопанска целосно преземена од грчката национална банка нема парите да ги остава во Македонија, не се будали. На страна фактот дека највлијателните фирми во македонската економија се во нивни раце.
Како македонец, не верувам дека во Грција ќе ме толерираат како што нивните газди ги толерираат во Македонија.
Тоа е она што не чека при зачленување во ЕУ, "инвестиции" и "вработувања"
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Брат бе,аман бе :)
Ако почнам да ставам линкови од Македонски газди во овие 20 години ќе треба да земам едногодишен одмор од работа додека ги испастирам.
Јас разбирам да не ја сакаш Грција,ама да ги претставуваш како полоши од македонскиве душовадачи немаш основа.Или немаш работено кај Македонец?
Ако почнам јас да ти раскажувам свои искуства и ставам примери на европски газди ќе ми биде потребно исто толку време.

Не знам од каде ти е идејата дека проблемот во газдувањето, нередовните плати, работата на црно е патент на Македонците.

Впрочем примерот со економската криза во Грција повеќе од доволно сведочи за нивната работа, отколку јас да ти давам дополнителна основа за тоа.

Јас разбирам ти да си лојална на работодавецот, па доколку си задоволна имаш и потполно право на тоа. Но, претпоставувам сепак постои уште едно нешто со кое сакаш да се идентификуваш, освен фирмата?

Во Македонија многу нешта треба да се сменат, но тие нешта само ние можеме меѓу себе да ги разрешиме, а не оние кои сакаат да профитираат на наша сметка. Треба време, треба многу време и многу работа, повеќе отколку време :) за да дојдеме до посакуваниот резултат и да бидеме конечно задоволни од себе.

Грчкото газдарење во Македонија треба да се зема претпазливо и со резерва, премногу политика е во прашање за да одиграме несмасно и наивно.

Македонците кои работат во грчките фирми не се предавници во никој случај, ниту било кој има право така да ги именува.

Понижувањето пак, е составен дел од секоја професија во нејзиното авансирање, низ тоа сите поминуваме и сите различно тоа го поднесуваме.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
работев во грчка фирма луѓето плаќаа вака
- 5% плус на платата ако одиш редовно една недела прва, една недела втора, една недела трета
-трета смена 35% повеќе отколку прва и втора
-35% плус за прекувремени саати т.е за се што е над 168 саати во месецот
-сите државни празници
-ако работиш за празник или недела дупла дневница
-ако не работиш цел месец 70% од основицата
-осигуран од првиот ден
колку македонски газди ги даваат тие услови:toe:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
работев во грчка фирма луѓето плаќаа вака
- 5% плус на платата ако одиш редовно една недела прва, една недела втора, една недела трета
-трета смена 35% повеќе отколку прва и втора
-35% плус за прекувремени саати т.е за се што е над 168 саати во месецот
-сите државни празници
-ако работиш за празник или недела дупла дневница
-ако не работиш цел месец 70% од основицата
-осигуран од првиот ден
колку македонски газди ги даваат тие услови:toe:
Скоро никој колку што знам.Ама интересното е (имам спомнато и претходно) барем во грчка фирма во Велес се има случено...Гркот сакал да дава 300 евра,а нашиве го наговориле да дава до 150 највише.Значи сами си копаме гроб.Друго..македонскиве газди се договараат меѓусебно по колку плата да биде минимална и по тој договор одат.Не е ни чудо што во Велес може да се најдат и мизерни работни места(конфекција) со мизерна месечна плата(4500 ден.).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Понижувањето пак, е составен дел од секоја професија во нејзиното авансирање, низ тоа сите поминуваме и сите различно тоа го поднесуваме.
Сите ние, кои сите ние, не можеш да знаеш за сите. И понижувањето не е дел од секоја професија туку мислењето и дозволувањето да е човек понижен може да биде дел од секоја професија. Ако човек не мисли дека е понижен и не дозволи да се случи истотото тогаш нема понижување.....
 
T

Tetro

Гостин
Еден другар работи во Грчка фирма.Грков кога дошол,рекол ке давам по 300 евричи на човек.АРНО АМА ПЕДЕРИВЕ НАШИ МАКЕДОНСКИ рекле,НЕ БЕЕЕЕЕЕЕ УЛАФФФФ,тука им даваат по 150 евра шо ти е тебе..........
No koment !!!!!!!!!
во Велес се има случено...Гркот сакал да дава 300 евра,а нашиве го наговориле да дава до 150 највише.Значи сами си копаме гроб.
мислев имам дежаву од ова второто, неврмајнд.
Така е со конфекциите. Имало, има, и секогаш ќе има, додека има офци, ќе има и волци (или обратно беше).
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
Како може да помислите на тоа, многу ми се банални ваквите муабети, или пак муабетите нема да користам Грчки производи, нема да одам во Веро, ама кога ќе одам во некое кафуле пијам Кока Кола, потоа ќе одам во Стопанска Банка и ќе си ја земам платата или ќе платам некоја сметка, Сакале или не Грчките фирми се околу нас. Бизнис и политика е банално да мешаме да речеме на пример некој од оние кој стојат на тезата дека не треба да користиме ништо Грчко а ако во животот имаат свој бизнис и ако имаат шанса да се промовираат и да продаваат производи во Грција ќе одбијат поради политиката?
И само како информација за мене поголем патриот е некои Грк кога ќе го осигура работникот и ќе плаќа регуларно сите давачки отколку некои кои се прават патриоти и пола од вработените им се на црно и гледаат во секој момент да украдат од државата, од таквите партиоти до овде сме стигнати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom