Работење во грчка фирма. Понижување? Предавство?

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Тоа ми е и мене целта..некој погрешно ме сватил...:raz: Не е срам да се работи за Грк, него за што работиш кај него и во какви работни услови и каков е односот на него спрема тебе..тоа ми е поентата.. П.С. Росонерка фала за темава, се надевам дека ќе ме просветли :smir:
Aх да финтата беше за 8000 несакаш да му црнчиш на грк и не му се понижуваш.
Епа касиерките во Веро да речеме зимаат тука некаде, некоја илјадарка плус. Тие значи како црнци работат на Грк? Му се понижуваат?
Епа и касиерките во Тинекс исто зимаат и му се понижуваат логично на градоначалникот на Скопје.

Јас би рекла вработувањето во фирмиве погоре е кец на десетка. Сон на речиси секој човек.
Кој неќе да се "понижува" на грк нека си бара работа кај македонец. А колку само ги има работодавачи македонци кои можат ѓубре да те направат!
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Oд тебе не очекувам ни да бидам сватен :smir: Него еден член спомна дека ако си заминеле од МК грците ќе сме плачеле...епа ај објасни,за плата од 500 -700 евра и ја би плачел,ама за 150-200 евра за не, посебно за Грк
Aj pojdi rasprashaj se koj Makedonec ke ti dava 150-200 evra plus osiguran?! :O Ovde site se stipci drugar.. :S Nemoj da mislish
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Oд тебе не очекувам ни да бидам сватен :smir: Него еден член спомна дека ако си заминеле од МК грците ќе сме плачеле...епа ај објасни,за плата од 500 -700 евра и ја би плачел,ама за 150-200 евра не, посебно за Грк never !
Не плачи тогаш, работи за македонец за истите пари. Мислиш дека на нашиве газди им се истураат пари за плати? Работиш ли бре ти негде???
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Фирмите со странски капитал имаа подобри услови за работа, не се сјајни, но за македонски стандарди се солидни. А тоа што Веро, Окта, Стопанска банка се грчки тебе како на вработен не ти мењава ништо. Шефовите се македонци, колегите се македонци и некои од директорите се македонци. Значи грците се поврзани само со вложувањето во фирмата-капиталот и уживање на добивката-профитот. За цело оперативно работење на овие фирми се грижат македонци. Така да според мене нема некоја разлика дали фирмата е грчка или македонска.
 
Член од
4 август 2010
Мислења
51
Поени од реакции
9
Oд тебе не очекувам ни да бидам сватен :smir: Него еден член спомна дека ако си заминеле од МК грците ќе сме плачеле...епа ај објасни,за плата од 500 -700 евра и ја би плачел,ама за 150-200 евра не, посебно за Грк never !
Ти не би плачел за 200 евра, но илјадници вработени таму со што ќе живеат после ? А што има лошо дека е грк, тој не ги прави проблемите, тој само си го шири бизнисот :)
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Би ги гледал своите деца како се мачат и страдаат, немаат услови како нивните другарчиња, едвај се прехрануваат и ред други работи, поради што? поради патриотизмот и гордоста?
хмм...
Едно е да бидеш патриот и да ја сакаш својата земја, но ова веќе ги поминува сите граници.
Јас и тоа како би рмбал и би им овозможил на моите деца/жена да живеат убаво, барем просечно, воопшто не колебајќи се и работејќи во фирмата.
А можеби, како што кажа Мац, потајно ќе крадам спајалици и а4 формат бели листови, но тоа е друг муабет.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа ми е и мене целта..некој погрешно ме сватил...:raz: Не е срам да се работи за Грк, него за што работиш кај него и во какви работни услови и каков е односот на него спрема тебе..тоа ми е поентата.. П.С. Росонерка фала за темава, се надевам дека ќе ме просветли :smir:
Само што го прочитав насловот знаев дека овој талент стои зад дискусијава.
Росонерка ти си паметно девојче,зарем ова треба да му го објаснуваш?!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Се трудам да не трошам користам нивни услуги. Ја затворив сметката во Стопанска отворив во тутунска дури и бољи се. Не купувам во веро само Кам Тинекс и Макс. Се пребацив на други кроасани и павлака има некој хрватски дури се и поефтини. Едноставна ствар. Во основа ако можам да бирам не би работел со Грчка фирма(и не работам) но, се сомневам дека би имал избор. Во грција и бугарија не одам на одмор не толку поради тоа што имам нешто против нив туку дека не ми е пријатно таму...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Јас работам во Грчка фирма.
Како шпион нормално, се за мајка Македонија.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Само што го прочитав насловот знаев дека овој талент стои зад дискусијава.
Росонерка ти си паметно девојче,зарем ова треба да му го објаснуваш?!
И Leandra дојде е сега е фул :) Сега сите се тука со кои се тегнев за спомениците, ја ЗА они ПРОТИВ...
Па ќе кажам, не сум против Грчки фирми, мада помило ќе ми беше да се од друга земја, Казакстански на пример,него тоа е јбг

... Против сум тоа што некои мислат да не се они ние ќе пропаднеме (плачеме- цитирам). За ефтини пари земаа многу наши фирми кои беа искасапени (знаеме од кого и како ) и сега трупаат огромни профити, а народот работи за некој дебел Грк за 150 евра...
тоа само ми боде очи..а они што со свој капитал од нула створиле фирма тука,тоа е ОК... мада во оние текстилни погончиња по Штип и други градови владее типична "робовладетелска" ситуација
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Подобро било да се моли за леб, него да се работи во грчка фирма. Зар?
Ова може да го каже само некој кој нема молено за леб. Не дај Боже да почне, ќе видиш како ќе го смени мислењето.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Ако имам платени придонеси, солидна плата и добри работни услови ( пример без фамозното прекувремено кое во просек трае колку пола работно време и притоа е неплатено )
зошто би ми било гајле дали газдата е Грк, Македонец или родум е од Маурициус? Алооооо опрајте се!
 
B

boki10messi

Гостин
Абе, замислете едно малечко бебе се раѓа во моментот во Грција од двајца родители Грци. Тоа само има добиено душа од природата и не знае сега дали Македонија треба да смени име или Грција да се распадне или не знам што. За неколку години тоа дете ќе порасне, ќе стане на пример бизнисмен, ќе го шири својот бизнис насекаде, па ќе отвори фирма и овде. И сега, што е виновен тој бизнисмен, што по националност е Грк, па да го ограбуваат тука или да го пцујат, тепаат, или не знам што(немој да речете сега оти нема вакво нешто. знам оти нема само чисто давам обичен пример).

Луѓето кои би рекле дека нема таму да работат, за мене не се стабилни. Што треба сега??? Ако е од друга националност газдата, јас да умрам за леб?? F##K OFF!!
За мене, луѓето кои ги делат другите по национална, етничка и било каква основа се непожелни во мојот круг. За мене луѓето кои не би прифатиле работа во странска фирма(само заради тоа што газдите ќе бидат Грци или Бугари или од Тунгузија) се само луѓе со низок IQ.

Можеби, некогаш и јас ги делам луѓето, но ги делам според нивните ставови и размислувања, човек секогаш го гледам што има внатре, а не од каде е, кој е и каков е.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Во една дискусија со еден член се зачудив на мислењата на луѓево. Хмм предавство било да работиш во грчка фирма, да заработуваш и да го прехрануваш семејството. Подобро било да се моли за леб, него да се работи во грчка фирма. Зар?
Понижување е? Предавство? Непатриотизам?
Не ми е јасно како може во се да се меша политиката. Има многу грчки фирми во Македонија, илјадници вработени луѓе во нив. Без нив којзнае колку би била невработеноста кај нас.
Предавници се оние што работат во Веро, Стопанска банка, Окта, Усје, Жито Лукс, Алфа банка, Пивара ...???
Јок, само борба низ животот, да се изживее колку толку нормално во вакви услови. Ниту е срам да се работи за грк во Македонија, ниту во државна администрација (забележувам омраза и према нив), ниту во бугарска, албанска или српска фирма (пошто и со нив некои имаат постојани забелешки)... кога се работи за чесно и без криминал заработување на лебот и прехрана на семејство, не е срамно. Зарем тие лица од споменатите фирми треба во име на патриотизмот да се откажат од нормален живот?
За мене барем не, се додека "лебот е алал". Кога е арам (криминално заработен преку стопански криминал, буџетски криминал, корупција, подмитување, насилство, дрога и слични дејствија), тогаш би бил за осуда.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
факт е дека доста фамилии живеат од парите заработени во грчки фирми..... браво за македончето кое немаше капацитет самостојно да си живее и вади лебот,сега треба да чека и трпи од некои си гејци кои идат тука,работат со кредити од Грција и ЕУ и се курчат врз сиромаштијата....огромен срам и резил што сме доволиле вака да дојди ситуацијата....50 години биле малку за овој народ да свати и конечно да покажи карактер,изгледа полесно е да се врати на старо-јаремот за 100-200 евра е најдобрата опција
 

Kajgana Shop

На врв Bottom