Се изначитав глупости.
Прво, мора некои од членовите да сфатат дека Western Union во банка, и Western Union во менувачница/агенција е потполно исто. И тотално си нема врска од кај ќе ги подигнеш парите.
Второ, апсолутно неточно е дека е забрането да примаш пари од странци.
Уствари, тоа е и дејноста на компанијата. Трансфер на пари - во странство? - за провизија.
Од физичко на физичко лице.
Трето, мора да се разликуваат парите кои ги праќаш/примаш, дали се веќе оданочени во државата од која се испраќаат (односно се заработени на легален начин), или се со сомнително потекло (црни пари).
Апсолутно никој не забранува да примаш пари од фамилијата која живее во странство, напротив, да ги нема парите кои влегуваат од иселениците, пола Македонија ке гладува.
Затоа се и овие документи кои ги даваат во Банките, за да го објасниш основот.
Доколку парите се од превари, па и по основ на реална работа/услуги, тие мора да се пријават, и да се плати персонален данок од 10%. Исто како и при примање на пари од странство на сметка во банка.
Во случајот на
@Marick14 , најпаметно е да не се мешаш во такви матни зделки.
Со тек на време ќе те блокираат и ќе те оданочат.
Но, теоретски, ако си плаќаш данок на примените пари, и милиони евра да стигнат на твое име, ако не ти се наменети за нечисти работи нема да си битен, битен ќе биде испраќачот и него ќе го проверуваат за потекло на парите.
Легални пари, се праќаат преку банка каде што е најсигурно + помала провизијата од Вестерн.