- Фотографија
Доволно ви е да поседувате обичен фото апарат без некакви специјалности, со мало знаење, талент и слободно време да заработите доволно пари за вашите потреби. Вежбајте, сликајте природа, урнаби средини, овошје итн инт... Квалитетни слики кои ќе ти бидат побарувани. Можете малку да ги средите и во Photoshop, но не се заигрувајте многу, за да не се познае. Некој од најпознатите сајтови што се бават со тоа се:
Alamy,
iStockPhoto,
123rf,
BigStockPhoto,
ShutterStock,
Fotolia,
DreamsTime.
Нема уште на почеток да почнеме одма со заработување на пари, но со тоа што ќе поставувате повеќе ваши фотографии, шансите за некој да ја зеде зголемуват. И кога сликате некој предмет, сликајте го од повеќе страни. Исто така и кога има празници, како што се нова година и божик... овие слики најмногу се купуват во Декември и Јануари.
Ова не ти иде баш како заработка од дома али добра е. Ќе шеташ, ќе сликаш... и не е нешто мачно. Барем имаме многу убави места во Македонија.
- Веб дизајн и развој
GetFreeLancer и
Guru, овие се едни од по-популарните сајтови. Кога ќе ви тргне работата купете лиценца за
eLance, а можете да пробате и со
RentACoder и
CodeLance
Кога се пријавувате немојте да ја давате најниската цена, некоја средна е најдобро и сигурно напишете добри причини зошто да ве избрат вас. А доколку е јавен конкурсот, видете ги и другите понуди, и извлечете го најдоброто од нив.
Бидете упорни, можда и 50-60 пријави ќе испратите додека да ја добиете првата работа, а кога ќе го добиете, дајте го својот максимум и добијте добар ревју. Што повеќе работа, толку повеќе критики и толку повеќе шанси да заработите.
На почетокот малку е мачно и тешко, но стварно може да ви донесе добри приходи колку-толку да живеете како луѓе во нашата земја.
Јас сериозно размислувам за оваа првото, а ништо чудно и со втората понуда што ја има да пробам, мада малце повеќе работа треба.