Работа на брод

Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Ми се наметнува прашањето, зошто работат воопшто, зошто баш тие и под кои мерки?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Италијанските компании во Италија затоа што нивната влада ги поддржува. Не се ко идиотите во американската влада.
Кинеската Стар Крузис во Кина поради исти причини. Арапските земји очајно бараат диверзификација на бизнисите кои влеваат капитал.

Условите се 50% исполнетост, носење маски во затворен простор, мерење температура пред одење на вечера, ПЦР тест од брзите пред качување на брод...
И со такви услови е подобро отколку бродот да им стои празен у некое пристаниште или укотвен среде океан.

За сето ова време на крстарење со вакви услови имаше само еден false positive случај на МСЦ брод. Доказ дека бродскиот туризам е најбезбедна форма на туризам на планетава.
 
Член од
19 јули 2017
Мислења
10
Поени од реакции
2


Мислење? :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112


Мислење? :)

Lol... gluffffci

Sleeping pod e tokmu toa, da prespies ako ti kidnal posledniot voz u tokyo.

Se nadev ne ve hranat grav na brod :pos:
 
  • Хаха
Reactions: A__

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Работа на брод нема да има до септември


Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално критериумот вакциниран е во условите за аплицирање, но до август не се знае дали и ќе остане.
Македонците кои сакаат да работат на брод ќе треба да почекаат до крајот на август или до почетокот на септември за кога се очекуваат првите огласи и почетно активирање на индустријата за крстарење. Во меѓувреме можеби ќе треба и да се вакцинираат за ковид-19 и да поседуваат вакцинален пасош.
Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално само 50 луѓе од земјава работат на брод.
– Тоа се луѓе кои или се затекнале таму или се прегрупирале. Најава за нови огласи има за крајот на август и почетокот на септември кога се очекува ситуацијата во овој дел да биде појасна со оглед дека оваа индустрија цела година е во застој поради пандемијата – вели тој.
Дополнително, додава Кочовски, не се познати и критериумите поврзани со ковид-19, а оние кои ќе се одлучат да работат на брод.
Засега и критериумот вакциниран е внесен во условите за вработување. Тоа важи како за вработените така и за патниците. Но, ЕУ сѐ уште не се одлучила како ќе се однесува во однос на вакциналните пасоши, бидејќи и во Унијата нема доволен број вакцинирано население. По неколку месеци сигурно ќе се знае дали и вакцинирањето, покрај другите критериуми ќе треба да се исполни при вработувањето на брод. Засега само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум – вели Кочоски.
Во однос на вработувањето во странство, додава тој, нема побарувачка, бидејќи земјите различно се затворени со оглед на ширењето на коронавирусот.
– Состојбата ќе стане појасна по Велигден, односно некаде од мај или јуни кога се очекува земјите да почнат да се отвораат, а бројот на вакцинирани да биде повисок. Моментално и во овој дел не се знае дали ќе важи условот вакциниран за вработување во земјите од ЕУ. Само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум при вработување на странци – вели Кочоски.
Вообичаено од земјава на бродови работат меѓу 400 и 800 луѓе годишно. Интересот за оваа работа иако спласнува сепак е голем бидејќи платите се високи, а работата трае осум месеци со можност, ако работникот се покажал во работењето, за продолжување.
Се проценува дека индустријата за крстарењa која е најголем вработувач на угостителски и друг вид кадри на брод ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата барем до 2023 година.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Освен Неуромедика прави ли друг медикал статус кај нас?
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Ме интересира дали бродскиве компании имаат отворени работни позиции за ИТ сектор ?
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Освен Неуромедика прави ли друг медикал статус кај нас?
Тоспаш беа овластени за Карнивал, имам вадено неколку пати пред некоја година.
Автоматски споено мислење:

Ме интересира дали бродскиве компании имаат отворени работни позиции за ИТ сектор ?

Microsoft, Cisco...etc certification.
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Освен Неуромедика прави ли друг медикал статус кај нас?
Контактирај ја твојата компанија и прашај ги која болница е овластена и прифатена за нив.
 

Kiril Bogatinov

Кико
Член од
18 декември 2020
Мислења
41
Поени од реакции
30
Здраво дечки...Дали тетоважите може да представуваат проблем при апликација за работа на брод...Искуства некои ?...Благодарам однапред :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Здраво дечки...Дали тетоважите може да представуваат проблем при апликација за работа на брод...Искуства некои ?...Благодарам однапред :)
При аплицирање нема да ти прават проблем но на брод можно е да ти бараат да ја покриеш тетоважата доколку ти е на видно место.
 

Kiril Bogatinov

Кико
Член од
18 декември 2020
Мислења
41
Поени од реакции
30
При аплицирање нема да ти прават проблем но на брод можно е да ти бараат да ја покриеш тетоважата доколку ти е на видно место.
Tetovazite mi se na racete...T.e desnata raka mi e cela (cel rakav ) i na levata do pola...Ipak rabotam vo ugostitelstvo veke 8 godini sum nemal problem bidejki se raboti pretezno na dolgi rakavi...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom