Да го споделам моето искуство со двете најголеми агенции за посредување за работа на брод
Отидов во Коузон,прво што направија ми земааа 500 ден за пријава и некое си предавање од дечкото по име Атанас,кое наликуваше повеќе на курчење и фалење како тоа тој бил прошетал виделдобив 10тина пораки од нив,дека морам да поминам некаква си обука,која ја платив нешто повеке од 100 евра,обуката се состоеше во материјал ископиран со инструкции за Housekeeping,иако имав работно интернационално искуство како Хаускепер ми рекоа дека МОРАЛО да поминам тренининг или со други зборови,мора да им ги дадам парите,интересно е кога плакаш за таа обука потпишуваш дека се согласуваш дека коузон нема никаква обврска да ти обезбеди интервју за работа на брод.Помина обуката,ми понудија интервју за на една компанија ( како што им нудеа на сите други затоа што речиси само тоа го имаа да понудат.Дојде интервјуто го поминав,но пред тоа ми побараа околу 50 евра за превод на документи(требаше да се преведе само документот - уверение за неосодуваност),50 евра за превод на еден документ !!!Откако помина интервјуто ни кажааа дека ке треба дополнително практично интервју некаде во текот на летото,во мегувреме истата компанија имаше ново интервју и кога ги контактирав ми рекоа дека сега само собираат кандидати за да имаат повеке за на второто интервју,и после завршувањето на тоа интервју имаше дечки што лично ги познавам заминаа на брод,а ние што го поминавме ова првото не извисија и излажаа дека ке треба второ.После некое време отидов да прашам што ке се случи господинот зоки и никој од неговите вработени незнаеше дека сум поминал интервју.....По некое време добив е-маил дека ако не научам барем уште еден свеетски јазик да се збогувам од помислата за одење на брод,имаше интервју за една компанија ,ми викаат мораш да знаеш германски плус,отидов во Мајоми,никој не спомна ни германски и турски и тунгузиски ,за период од 4 месеци ми организраа 3 интервјуа,од кое поминав на две и чекам датум....а им платив само 3 000 ден,а коузон....Не ми е целта да рекламирам некого,само решив да го споделам моето искуство,аплицирав во мај 2014,еве сега е септември 2015...