Работа на брод

Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
Некој да не има случајно инфо како со заодоволство од различниве бродски компании? Кои ги бива, кои не? Знам дека ова може и да е малку релативна работа, зависи од човек ама сепак.. да знам каде да се насочам :) Деновиве ќе одам и јас конечно да аплицирам. :D
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
489
Поени од реакции
530
споделив две искуства до сега (1 и 2) и двете на Norwegian Cruise Line. Ако не те мрзи, have a бујрум.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
споделив две искуства до сега (1 и 2) и двете на Norwegian Cruise Line. Ако не те мрзи, have a бујрум.
Воопшто не ме мрзеше хаха, всушност многу добро ми дојде да прочитам уште едно искуство плус. Имам веќе другар кој сега брзо отиде на NLC само незнам дали беше pearl или некој друг. Тера втор договор и колку што знам е доста задоволен.
Фала ти сепак. :)
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.441
Поени од реакции
7.827
Мене на Дизни ми е ТоБ. Едини бед е што го немам срочено тоа у еден пост. Уствари не е тоа едини бед, има уште еден, а тоа е дека вработуваат само со препораки од друга круз компанија или препорака од некој кој е веќе каст мембер.
Да бидеш фотограф на мојата фирма Имиџ ти е лотарија. Може ќе те стаат на некој ТоБ брод и ќе ти биде ептен убаво, или ќе те шибнат на некој банана брод има да се утепаш од работа за 1.000$.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сите компании се исти, она што треба да бираш е позиција, од тоа што ќе работиш всушност ќе ти зависи убавината на целиот договор.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
Фала ви дечки. За позиции би за бар келнер или да забављам деца, бејбиситер. Трета опција за сега нема :)
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
edinstevenata dobra rabota na "rabota na brod" e toa sto ke se prosetas i ke go vides svetot :)
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
489
Поени од реакции
530
Фала ви дечки. За позиции би за бар келнер или да забављам деца, бејбиситер. Трета опција за сега нема :)
За бар е лесно, збори англиски и товари послужавник. А бејбиситер на брод ти е Youth Staff (Youth Counselor), тие на NCL имаа лабава работа, затоа што немаше многу деца на пензионерските крузеви. Ако имаш било какво искуство со работа со копиљаци, поголеми ти се шансите за во тој оддел.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
И уште едно прашање (можеби веќе сум прашала ама јбг, не ми текнува), вие што имате веќе заминато на брод и ве гледам баш сте генерално задоволни, преку која агенција теравте прв процес? Коузон или Мајоми? :D
 
Член од
3 јуни 2014
Мислења
79
Поени од реакции
49
Сестра ми сега оди преку Мајоми на Crystal Cruise , брод Serenity. На позиција Cabin Steward. Бродот ќе бил полн со пензионери, така да ќе имало и доста бакшиш, а и помалку работа :) Па ќе видиме како ќе биде. :)

Sent from my C1905 using Tapatalk
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.441
Поени од реакции
7.827
Кристал владее, бродчињата им се у просек под 1000 гости, и цените за крстарење се оѓин и пламен. Со лесно нека и е :)

@twinkoli јас аплицирав и кај двете агенции и отидов преку Мајоми. Коузон уствари и не посредуваат за фотографи, само ми дрпнаа 500 денари и ми кажаа дека ќе ми јават коа ќе имаат нешто (читај никогаш). Мајоми од друга страна праќа фотографи на три различни фирми Имиџ (мојата), Карнивал и НЦЛ.
 
Член од
6 февруари 2013
Мислења
39
Поени од реакции
10
@Tonchie фала ти. Имам слушнато најразлични муабети за двете агенции. Во просек повеќе ја фалат Мајоми со оглед на тоа дека се побрзи и не ти зимаат пари за шит ствари. Но од друга страна се подзамислив дека сепак коузон е некако повеќе позната па ме стави во мисла.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.441
Поени од реакции
7.827
@Tonchie фала ти. Имам слушнато најразлични муабети за двете агенции. Во просек повеќе ја фалат Мајоми со оглед на тоа дека се побрзи и не ти зимаат пари за шит ствари. Но од друга страна се подзамислив дека сепак коузон е некако повеќе позната па ме стави во мисла.
Коузон работат се и сешто, Катар, Дубаи, work&travel... имаат договор со Селебрити круз лајн, и повеќе удираат на маркетинг отколку на вистинска работа. Кај Мајоми е обратно, повеќе удираат на работа отколку на маркетинг.
Еден од вработените во Коузон беше долгогодишен член на форумов ама кога се насобраа членови со лоши искуства со Коузон типот едноставно си го избриша акаунтот тука. Исто така во лоши односи се и со форумот Иноземство-посао (хрватски форум за работа на брод).
 

kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
489
Поени од реакции
530
Бродот ќе бил полн со пензионери, така да ќе имало и доста бакшиш, а и помалку работа
"пензионери" и "бакшиш" не одат заедно. Ран, ран уајл ју стил кен!
Коузон или Мајоми? :D
Мајоми, минатиот вторник по вторпат потврдив дека Мајоми мене лично повеќе ми одговара.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom