Работа на брод

Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.520
Поени од реакции
1.149
Ми се наметнува прашањето, зошто работат воопшто, зошто баш тие и под кои мерки?
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.518
Поени од реакции
5.008
Италијанските компании во Италија затоа што нивната влада ги поддржува. Не се ко идиотите во американската влада.
Кинеската Стар Крузис во Кина поради исти причини. Арапските земји очајно бараат диверзификација на бизнисите кои влеваат капитал.

Условите се 50% исполнетост, носење маски во затворен простор, мерење температура пред одење на вечера, ПЦР тест од брзите пред качување на брод...
И со такви услови е подобро отколку бродот да им стои празен у некое пристаниште или укотвен среде океан.

За сето ова време на крстарење со вакви услови имаше само еден false positive случај на МСЦ брод. Доказ дека бродскиот туризам е најбезбедна форма на туризам на планетава.
 
Член од
19 јули 2017
Мислења
7
Поени од реакции
1


Мислење? :)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
5.001
Поени од реакции
5.954


Мислење? :)

Lol... gluffffci

Sleeping pod e tokmu toa, da prespies ako ti kidnal posledniot voz u tokyo.

Se nadev ne ve hranat grav na brod :pos:
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.198
Поени од реакции
7.171
Работа на брод нема да има до септември


Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално критериумот вакциниран е во условите за аплицирање, но до август не се знае дали и ќе остане.
Македонците кои сакаат да работат на брод ќе треба да почекаат до крајот на август или до почетокот на септември за кога се очекуваат првите огласи и почетно активирање на индустријата за крстарење. Во меѓувреме можеби ќе треба и да се вакцинираат за ковид-19 и да поседуваат вакцинален пасош.
Зоран Кочоски од агенцијата за посредување при вработување „Коузон“ преку која оди вработувањето на нашите сограѓани на бродови вели дека моментално само 50 луѓе од земјава работат на брод.
– Тоа се луѓе кои или се затекнале таму или се прегрупирале. Најава за нови огласи има за крајот на август и почетокот на септември кога се очекува ситуацијата во овој дел да биде појасна со оглед дека оваа индустрија цела година е во застој поради пандемијата – вели тој.
Дополнително, додава Кочовски, не се познати и критериумите поврзани со ковид-19, а оние кои ќе се одлучат да работат на брод.
Засега и критериумот вакциниран е внесен во условите за вработување. Тоа важи како за вработените така и за патниците. Но, ЕУ сѐ уште не се одлучила како ќе се однесува во однос на вакциналните пасоши, бидејќи и во Унијата нема доволен број вакцинирано население. По неколку месеци сигурно ќе се знае дали и вакцинирањето, покрај другите критериуми ќе треба да се исполни при вработувањето на брод. Засега само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум – вели Кочоски.
Во однос на вработувањето во странство, додава тој, нема побарувачка, бидејќи земјите различно се затворени со оглед на ширењето на коронавирусот.
– Состојбата ќе стане појасна по Велигден, односно некаде од мај или јуни кога се очекува земјите да почнат да се отвораат, а бројот на вакцинирани да биде повисок. Моментално и во овој дел не се знае дали ќе важи условот вакциниран за вработување во земјите од ЕУ. Само Германија се изјасни дека нема да го бара овој критериум при вработување на странци – вели Кочоски.
Вообичаено од земјава на бродови работат меѓу 400 и 800 луѓе годишно. Интересот за оваа работа иако спласнува сепак е голем бидејќи платите се високи, а работата трае осум месеци со можност, ако работникот се покажал во работењето, за продолжување.
Се проценува дека индустријата за крстарењa која е најголем вработувач на угостителски и друг вид кадри на брод ќе биде во криза најмалку уште две години и нема да се врати на нивото пред пандемијата барем до 2023 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom