Работа на брод

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Здраво дечки, ве молам за повеќе инфо за фотограф на брод, конкретно Карнивал. Дали се исплати да се оди за плата од околу 1100$ со многу работни саати, кои се најчесто работните обврски освен нормално фотографирање гости? Има ли можност за напредување.. Pros and cons? Колку може да се заработи реално од 1 договор? Ви благодарам однапред :)
Сите други компании и концесионери се подобри од Карнивал, ако ме прашуваш мене после 5 договори со Имиџ и со другарчиња на NCL, MSC, Princess...
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Прашање со C1D visa дали може да седиш со неа пример 10дена во УС пред да се качиш на брод?
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
Сите други компании и концесионери се подобри од Карнивал, ако ме прашуваш мене после 5 договори со Имиџ и со другарчиња на NCL, MSC, Princess...
Зошто се подобри? Објасни поради што се подобри? Поради тоа што не посредувате за Карнивал или?

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.313
Поени од реакции
2.834
Здраво дечки, ве молам за повеќе инфо за фотограф на брод, конкретно Карнивал. Дали се исплати да се оди за плата од околу 1100$ со многу работни саати, кои се најчесто работните обврски освен нормално фотографирање гости? Има ли можност за напредување.. Pros and cons? Колку може да се заработи реално од 1 договор? Ви благодарам однапред :)
Се исплати секако. Кога бев јас беа 1200 плус бонус и таргет, со добар брод и менаџер може да се дојде до повеќе. Тоа време имаше фотографирање свадби и од тоа се земаат плус пари. Секако за да ти дадат да сликаш свадба треба да се докажеш како добар фотограф и менаџерот да има доверба во тебе. Од прв договор тешко да ти дадат освен ако за кратко време се докажеш како одличен бродски фотографер. Знам дека воведоа пред некоја година, а дали сеуште тоа функционира незнам нешто као приватен фотограф. Тоа е нешто као гостин изнајмуваат фотограф и он ги фотографира преку целиот круз нешто како приватен фотограф. Тогаш си ослободен од други активности и си цело време во договор со гостите и ги фотографираш. Нормално за тоа да ти дадат треба најпрвин да се докажеш и да си доста креативен. Знам имаа и работилници и обуки посебни за тоа. Тие ги држеше еден хрват.
Е сега додека стигнеш до таму обврските горе фоле се следни:
Ако сте на док прво сликате додека излагаат гостите, или некој слика со индијанците или шип ин д бек зависи како ќе ве распредели менаџерот и каде сте. После тоа во принцип имаш слободно. Попладнето се местат сетапи каде покасно ќе сликаш. Па имаш кратка пауза, потоа или сликаш на сетап или дајнинг рум, или си во галерија редиш слики или на регистер продаваш слики. Имаш по кратки паузи од пола час до час. Ако сте на море може да слукате на дек горе итн. Се тоа зависи кој ден е на бродот како ве распределува менаџерот, какви активности има што може да се сликаат итн. Во секој случај иако се собираат од 8 до 11 часа брзо поминуваат и не се целосни туку со паузи. Пример сликаш савајле од 8 до 11 потоа пауза до 4 па потоа од 4 до 11 вечер со паузи. Пример работаш 2 часа па 1 одмор па пак 2-3 работаш па пак пауза итн. Се завису каков ден е далу си деј дали фирмал најт итн. Инаку ова беше пред неколку години не верувам дека има големи промени. Од прв договор колку ќе заработаш зависи само од тебе. Ако не купуваш ништо не излагаш многу по портови, не трошиш на појачке у кру бар и сл, ќе донесеш доста, за 6 месеци можеш мин 6000 долара. Пак ќе кажам се зависи од тебе.

Инаку има една позиција принт шоп техничар (тоа јас работев) платата беше фиксна 1200 долара ама пак ако добро се организираш работиш макс 3-5 часа ефективно. Така да имаш еден куп време за шетање али пак платата е фиксна но се заработуваше плус од страна со супер шоперите. Заработував 200 долара плус неделно така да стигнав и до 2000 но пак ќе кажам тоа не е сигурно дека ќе го имаш.

Има уште многу да се пишува ова е во пократки црти.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Зошто се подобри? Објасни поради што се подобри? Поради тоа што не посредувате за Карнивал или?
Јас веќе не работам во Коузон ;) Наскоро се враќам пак на брод. Повеќе инфо, после рекламите :)

У принцип на карнивал фотографите работат секој генгвеј, цел фото тим искача надвор и лови гости. Кај другите комапнии имаш или пола тим да излезе да фотка генгвеј или само 2-3ца, или како на Дизни (Имиџ) или добар дел од МСЦ, нема генгвеј.

Во врска со обуки, Карнивал и Имиџ се тука некаде со обуките, на другите компании имаш малку помалку обуки, но тоа не значи дека ако не ти фаќа црпката не можеш да научиш повеќе.

Летање до брод: Карнивал и Имиџ, фотографите сами си се снаоѓаат да стигнат до брод (сами си плаќаат авион, и организираат хотел ако им треба, и превоз до бродот). МСЦ, НЦЛ, Принцес, компаниите покриваат авионски трошоци во двете насоки и организираат хотели и се останато доколку е потребно.

Плата: Имиџ се за никаде сега, од најдобри плаќачи станаа најлоши. НЦЛ, МСЦ и Принцес имаат основна плата 1000-1200 УСД плус комишн, така да ептен ако ти се погоди тиња мсц брод па да стигнеш само до 1200. Обично платата е 1400-2000.
Не знам колку договори имаш истерано Вормастер, ама фаќање таргет на Карнивал брод и не е баш лесна работа.

У принцип, за добар морнар нема лоша компанија, ќе се снајде на соодветно место. За лош морнар сите компании не чинат.

@curious.me најтопло ти препрачувам да се качиш и да истуркаш барем еден договор, потоа ќе знаеш што и како понатаму.
Јас на времето 2012та се качив за да одработам 1-2-3 договори и останав се додека Имиџ не ги сјеба платите у 2015та.
За месец дена треба да се качам на брод за една нова интересна компанија.
 
Незнам дали смениле но кога бев на карнивал карта се плаќа само еднаш првиот пат кога одиш, потоа они ти плаќаат нон стоп. Хотел исто така они ти обезбедуваа освен ако сакаш да одиш порано со Б виза и да прошеташ.
За таргетии бонуси убаво кажав со добар менаџер и добар брод се фаќа. Имаше на Карнивал еден македонец кој беше задолжен за обука на менаџери. Него го викаа спасувач на бродови коои тонат, т.е. кој и да е брод и нема профит од фото го праќаат него и фото станува меѓу најдобрите. На мојот втор брод прво имаше еден романец 2 месеца беше и беше хаос неможеше да се носи со притисокот и се врати како фотограф, а после него дојде исто романец и освен првите 3-4 круза додека бев фаќаше и бонуси и таргети, дури во најмртвиот месец февруар. Така да убаво пишав зависи од бродот и менаџерот. И во принцип повеќе работа поголема шанса за бонус. Ганг вејот е 2-3 часа во принцип.
Така да не гледам зошто е најлош карнивал нормално не е најдобар ама далеку од најлош.

Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Карнивал е посебно добар за оние кои прв пат одат на брод и пред се им е важно да се аклиматизираат на бродски живот и да стекнат искуство. Имаат систем за new hires и + речиси секој оддел си има т.н Карнивал колеџ кој трае 28 дена а тоа е на самиот старт кога обично е тешко ако си прв пат на брод и не си фрлен буквално во оган или шо би рекле on the job training. Не се највисоко но не се и најниско рангирани платите во просек земено како компанија. Фото како оддел слично со казино и спа често и се концесионери и со тоа имаат други правила, настрана шо се мали оддели споредено со другите.

@warmaster ти си бил Господин човек :icon_lol:

Media manager е сега што во новиот систем @warmaster ?
 
Член од
21 декември 2018
Мислења
169
Поени од реакции
75
ne se isplakat 10 sati minimum dnevno 7 dena nedelno za 1000 evra ne gi lazete lugevo sramota e
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
ne se isplakat 10 sati minimum dnevno 7 dena nedelno za 1000 evra ne gi lazete lugevo sramota e
За 2-3 евентуално 4 години тие 1000 евра пораснуваат на 2-5 илјади.

Башка уникатен лајфстајл е. Не за џабе имаш луѓе од цел свет (вклучувајќи ги и земјите како САД, Англија, Германија, Австралија...) на брод.
 
kazanski

чилакс
Член од
3 октомври 2011
Мислења
458
Поени од реакции
486
ne se isplakat 10 sati minimum dnevno 7 dena nedelno za 1000 evra ne gi lazete lugevo sramota e
не е точно дека се БАШ 1000 евра. Зависи од позицијата, варира и платата.

Таму те ценат по тоа што знаеш да го работиш. Јас со положени сертификати за графичка обработка, професионална фотографија и конверзационен англиски, ќе бидам револтиран ако земам иста плата со некој кој знае асортиман на кромањонски споени реченици на англиски, кој проаѓа со метлата по ходиник и собира ѓубренца.

Да, и тука може да се прават тие пари, под услов да си или способен во секторот каде што работиш (IT сектор само тие пари), или да си влезен со врски, или да си рекетар.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Некој што работи на брод а парите му стигаат на наша сметка, му стигна ли нешто во врска со ујп ?
 
Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Некој што работи на брод а парите му стигаат на наша сметка, му стигна ли нешто во врска со ујп ?
Колку што знам јас не е регулирано и се уште не подлежи на данок
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.839
Колку што знам јас не е регулирано и се уште не подлежи на данок
Подлежи на персонален данок се што легнува на македонска сметка законски тука. Посебно поради тоа шо речиси сите круз компании се офшор.

Инаку од пурсерите ми беше кажано дека Меѓународната поморска организација не знам дали налага/сугерира, секој еден кој е регистриран мореполовец (seafarer ID/Discharge/Seamans book owner) и годишно повеќе од 165 денови е на море/брод да биде ослободен од сите давачки во матичната земја по основ личен доход и сл.

Во доста земји сите средства кои доаѓаат од работа на брод се комплетно ослободени од давачки. Од Европа знам за Полска, Романија, Словачка и мислам Чешка.

Кај нас де факто парите стекнати со криминал се ослободени од секакви давачки и гонење :icon_lol:
 
затоа и прашувам дали на некого веке му стигнало, 4 до сега што работат на брод а парите ги ставаат на наша сметка(евра) нема ништо стигнато преку ујп а рокот нели е при крај 31мај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom