ОК, вадиш бугарски, идеш у Германија или некоја друга земја, работиш, плаќаш даноци, плаќаш кирија, плаќаш за храна, и што ќе ти остане?
На брод со првиот месец ги покриваш трошоците кои си ги имал за да се качиш и потоа се ти е чиста пара. Знам дечко кој што издржа цел договор од 7 месеци без ништо да купи (уствари у Италија купи паста за заби, немаше понесено доволно од Македонија).
И плус, шансите да напредуваш на брод од позиција на позиција ти се многу подобри отколку у било која западно-европска земја. Колку време ќе ти треба за да стигнеш до тоа од плата да ти остануваат чисти 5000 евра?