- Член од
- 7 март 2009
- Мислења
- 1.127
- Поени од реакции
- 788
Ако е така како што си напишал,зошто токмакот вработи други луѓе без никакво искуство во овој бизнис?!? Лично ги познавам луѓето,никогаш немале работено у оваа дејност а некои немаат ни ден стаж иако се на 40-тина години....Така да твојава теорија изгледа е само теорија на хартија а у пракса причината поради која мене не ме викна на работа е изгледа политичка,изгледа некој ме има цинкарено кај токмакот дека не сум од нивната партија пошто они функционираат како секта,и немој да шириш тука дезинформации дека 1500 долари ги плаќаат тука оние кои работат како диспечери,сумата е далеку помала и плус не се осигурани,ама пошто живееме у банана-држава со криминалци политичари диспечерчињата не се ни осигурани,што е најжално! Си се запрашал зошто токмакот кој има 200 камиони у САД и можел да плаќа по 3500 долари у САД тамошни диспечери не може тука да ги плаќа истите по 500 долари и уредно осигурани и пријавени?!? Се разбира дека ќе ги обучи и на тоа ќе изгуби време и некоја ситна пара,ама од 3500 на 500 долари?!? Знаеш која заштеда е тоа за токмачката секта 8-мо одделенски газди? Затоа и нагрнаа овде ко печурки по дожд,во банани-држави ко нашава се е можно,порано тие шо имаа конфекции вака им правеа на работничките у погони,денес у друг бизнис,нема крај на ова,жалосноВо секоја работа потребно е искуство а тоа се стекнува во фирми каде почнуваш да работиш нормално со ниска плата или без пари итн... Луге треба да сфатат дека дур некој те тренира газдата губи пари/продуктивност на тој што те тренира итн... Во просек РЕТКО кој вработен е профитабилен за фирмата бар првата година и тука не збориме само плати него и загубени контракти и поважно контакти што некоја фирма може да ги претрпи како штета од некој нов вработен. Така да како што кажаа погоре шансите од одма да влеташ фриленс ти се еднакви на нула освен ако имаш чичко со фирма со камиони во јуесофеј или друго место и е апла будала па ти даде да си поиграш со бизнисот што он го градел со години.
Тоа со линкедин работи до некаде, углавно да те забележат ФИРМИ што имаат потреба од вработени а да најдеш ти контакти за да им работиш на некој фриленс не верувам. Тешко дека некој камионџија газда, би се ебавал на линкедин да бара луѓе прво затоа што нема време, второ затоа што тој профил на луге ретко се замараат со линкедин (друго е хејчар или менаџер во фирма пред компјутер друго е некој со волан во раце) трето и најбитно зашто би експериметирал со непознати и би си го ставил бизнисот на ризик поготово ако има рати за плаќања за камионот што 99% имаат (не дека не можат да го исплатат него имаат даночни бенефиции да функционираат така).
За да се дојде до фриленс работа како што опишавте погоре мора да се оди таму или да се има веќе изграден однос со неколку возачи па да те ислушаат она што го нудиш... Има пари во тоа, можеш да им бркаш многу повеќе работи практично цела администрација да ти ја префрлат па дури и да им помогнеш да го прошират бизнисот ако знаеш што правиш, практично да им ги оптимизираш примањата за да кренат кредити за втор/трет камион итн... Да прераснеш од диспеч во сметководство/финансии/админ фирма и да ТИ понатака да вработиш некој во МКД итн... Ама ова како и се друго си бара време, искуство и инвестиции од секој што сака да го работи и да ги прерасне во бизнис.
Па нели беше многу паметен дечко? Зар ќе му работиш на некој за 1500 кога во САД плаќаат 3-4000 за тоа? Не ме сфаќај грешно неќам да ти солам памет или да влагаме во конфликт ама мислам дека некој работи многу ги потценуваш а истовремено си се преценуваш поготово ако немаш адекватно искуство.
Сериозно мислиш дека некој од САД ќе се замара со тебе (САМ) без искуство и препораки? Налет тоа што можеш да му ја уништиш компанијата (зделки, репутација итн) која е логиката некој да се замара само со тебе а има цел сетап во САД? Тоа може ако му понудиш да му водиш 100тина камиони па да види бенефит од 20-30К месечно а за тебе да ти даде 1500 долари место некој локален 3000 и да заштеди 1500 едноставно не вреди ризикот.
Ваљда сфаќаш дека тој што те интервјуирал го има тоа и има таков договор со некој ама не за 1-2ца вработени него за 10тина и дека он треба да контролира и врши тренинг и се друго и нормално ќе го јаде кајмакот, во мк ке договара за минимум а он ги зима тие 1500 за секој од нив. За да станеш таков играч треба да спакуваш куферите па во УСА да поработиш година две во диспеч фирмите и ако се покажеш може ќе те пуштат во „стари крај“ да отвориш фирма и да станеш соработник. Друга опција е да си возач таму подолго па да имаш свој камиони или да убедиш неколку колеги да водиш нивни...
Последно уредено: