Работев некој месец во оваа професија и можам да кажам дека ова е една од најлошите работи што сум работел а сега и ке образложам некој од причините.
Прво и основно платите. Пред некој година дена во фирмава кај што работев даваа плата 21к, имаше некој кој се уходани по пола година нив им беше основица 25к денари + бонуси(не толку големи). Истиот период диспеч во Скопје 700-800евра беше платено, во мојот град 350е... како бе пријатели ?
Друго. Премногу притисок, напната атмосвера и тензија дефинитивно не вреди ни за поглеми пари во мк.
Од месец март/април до октомври значи во период од 6 месеци дознав од други , дека буквално целата диспеч екипа од некој 15 тина души, сите до еден заминале или биле избркани, А познавав стварно добри ликови кои беа ептен добро запозмаени со работата и газеа со преку 9 10 шофери, буквално најаките што беа сите заминале.
Трето. Работно време по наше беше само 14-22 односно втора смена. Викенди не се работат. Е сега малце повеќе за работата...
После некоја недела ти е доделен шофер па кога ке се научиш почнуваш да работиш со 2 со 3 итн... Ете некоја бројка од 5 шофери да ги менаџираш е океј исполнлива цел. Ама тука буквално од тебе бараја за одреден период да имаш преку 9-10 шофери. Ги гледав тие со толку шофери буквално глата не знаеа кај им е.
ПО НЕРВОЗНИ створења немам видено.
Сите до еден после година дена напуштиле. Исто така до 22:00 си на работа, ама испораката може покасно(по наше време), или некој друг проблем со возачот па така ти МОРА да си достапен на вибер за него и кога не си на работа.
Во други фирми во југозападниов регион со диспечов знам што земаат 40+к денари ама глобално ретко кој е задоволен ради принципот на работа.
Четврто. Ако си истраен и решен да се бавиш со оваа професија можеби НАЈУБАВО РЕШЕНИЕ е да ја научиш тука работава под конец како иде да работиш неколку месеци за смешни пари па после истово да го работиш онлине директно за америчка компанија на некоја од платформиве за работа ап ворк или друга, па да си земаш директ од нив иста плата како и диспечот во Америка.
Би пишувал и повеќе за работата но мислам доста е, ова е еден краток осврт од моето кратко искуство.
