Работа и документи за програмер во странство???

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Кои искуства да ги размените, тоа се начините, или некој да ти даде работа и да ти плати виза, или да аплицираш самиот и да ја чекаш 2-3 години ако е за Канада/Австралија/Нов Зеланд, трето ако знаеш Германски за година се вади за Германија.
Скандинавските земји ви се отворени на тие што имате искуство со програмирање и се можеби најидеални со стандард.
Или треба да си со апла многу искуство или со многу среќа за да добиеш таква понуда без замарање, крај краева ете ти glasdoor, indeed, seek праќај CV и мотивациони писма, едно ќе се закачи.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
730
Поени од реакции
924
Здраво,

Работам како програмер во МК (со македонски пасош) и сакам да мигрирам на повисок стандард од македонскиот. Имам завршено факлутет во странство (во топ 100 факлутети) + искуство 2 години. Некој да знае за некои поволни услови или наши луѓе во странство со сопствена фирма што Би дале подршка?

За повеќе инфо пишете ми во инбокс. Ви благодарам за времето!
https://www.catererglobal.com/
Види во Емиратите,добро платени се програмерите.Ако ти запали на некој оглас,високи се шансите да ти средат скоро целосна документација (Работна виза,Авионски билет,предлог смештај или обезбеден смештај,превоз до работа секој ден итн).
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Bi dobil rabotna viza so dogovor na kompanijata.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Среди си го LinkedIn, и смени ја локацијата за местото каде што би сакал да аплицираш.
Јас во еден ден добив 10 понуди за интервјуа.
Како програмер мислам дека е доволно само да имаш желба, се другото само се средува.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.711
Поени од реакции
15.581
Германија ги отвори вратите за работници - ова се условите

Работна дозвола и виза ќе добиваат само квалификувани работници, а поставени се опдредени критериуми кои нема да се заобиколат.

Еден од главните услови, покрај квалификацијата е познавање германски јазик, поради полесна адаптација и друштво, а тоа не смее да биде под ниво А2. Овозможено е задржување во Германија поради пронаоѓање работа, а ќе биде овозможено и школување, таму каде што е потребно, поради различноста во образовниот систем на Германија и земјите надвор од ЕУ.

Потребно е работно искуство од 18 месеци и потврда за немање направено кривично дело, како и јасна потврда на идентитетот.

За добивање дозвола за постојан престој ќе бидат потребни 30 месеци работа во Германија.

едно не разбирам, набргу стапуваат нови мерки за влез во ЕУ а со кој има ограничување на должина на престој во ЕУ...незнам точно како беееееше, мислам најповеќе 3 месеци за време од 9 месеци ??
така да незнам како би постигнале 30месеци стаж нонЕУ цитизен ??
Евентуално ако работните визи се со должина на престој 30+ месеци ??
Патем, проблем ќе имаат и нонЕУ сопственици на недвижнини во ЕУ, ако сакаат да престојуваат подолго...порано на пример Грција имаше шема за 30 дена да се излезе барем еден ден , ама сега со кумулативното ограничување ќе имаат проблем...
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
(veruvaj mi go imam projdeno toa vo UK, iako e dosta liberalna zemja).
Скрос офф топик, ама морав за ова. Јас имам дијаметрално мислење за државата во поглед на тоа колку е отворена. Може беше до мојата струка, но јас имав потешкотии да влезам и како волонтер, за работа не ни зборувам(модератор, сори за оф топик)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
другар изледа не си доволно добар колку што мислиш дека си.
Имено има една процедура што се вика eu blue card. Таа процедура е специјално за компаниите од ЕУ да вработат стручни лица од не ЕУ потекло да работат во ЕУ без да се замараат со документи, визи, спонзорства и слично.
Но за да добијаш blue card треба стварно да те бива. Имаш малку услови кои треба да ги исполниш:
Работодавачот да ти дава голема годишна бруто плата (нормално како стручно лице) и некаде да го знаеш и јазикот. Од тие што сум ги истражувал:
за Холандија е 66,873.60 евра (со Англиски)
за Германија e 39.624 евра (тој е лимитот за дефицитарни струки и мораш Германски јазик да знаеш)
За Шветска е 59000 евра (со Англиски)
Англија/Ирска/Данска не подржуваат вакви визи
итн итн
со ова имаш целосно исти права како и resident visa да имаш. Значи сите права кои ти следуваат и плус можеш да си земиш со тебе партнер/ка кој/а исто така ќе има целосни права ќе може да работи било што и да живее со тебе иако не е стучна
После неколку години (најчесто 5 ама зависно од држава) може да си аплицираш за resident visa.

Значи има начин, само треба да вредиш доволно за да работодавецот плати.

Персонално јас аплицирав за Холандија ама работадавачот не ми даде плата од 66000 евра. Па сеа собирам документација за Skilled migration виза, но за таа треба работодавачот да се замара и големи се шансите да ме одбијат. (треба да добијат потврда од холандското биро за вработување дека нема во холандија лице доволно стручно за таа позиција која аплицирам).
А и со сите ЕУ (освен Германија) е така. За да те вработат со Мк пасош треба или да си некој стварно стручен за те платат 50% повеќе од нивниот просек или да добијат потврда дека нема невработен во нивната држава со истите знаења како тебе. А сеа пошто европа е преплавена со секакви мигранти и тоа е тешко.
 
Член од
6 декември 2017
Мислења
33
Поени од реакции
5
Малку оф топик, дали некој знае некој сајт форум или слично со огласи за работа од ИТ сектор во државите низ Европа (Германија, Швајцарија, Норвешка, Шведска па и Словенија)? Дали има некој искуство или знаење дали може да се аплицира до Мкд пасош и барање на работна виза? Благодарам
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
На indeed I glasdoor имаш огласи од сите професии. Blue card прогуглај, има доста инфо по интернет, со мкд пасош може да работиш на овој начин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom