Работа во хотел

Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Барав низ форумов но не најдов тема за хотелиерството.

Дали некој од вас работи или работел во хотел, во Македонија или во странство?

Што мислите за оваа професија? Може ли да се живее пристојно?

Јас работам во Франција како заменик директор во Ибис буџет со 144 соби. Работата бара многу енергија, живци и достапност дури и кога не сум на работа. Не е нешто особено платена, но како напредувате кон подобри хотели, ви се отвараат многу можности.

Многу се учи стратегија, менаџмент, преговарање и сметководство на директорските позиции, така да отвара многу врати доколку сакате да ја промените браншата, и да одите во консултански или во хед хантинг фирми на пример.

Побарување има многу за директорски позиции во хотели низ цела Европа и се очекува дури и раст на бројот на директори на хотели.

Би било одлично ако има колеги кои работат барем нешто слично да споделиме мислења.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.707

Професијата е ОК, посебно доколку сакаш динамична работа.
Не сум работел во странство, ама и во МК добро се заработува, поготово на менаџерска функција.

Ме чудиш што викаш дека твојата позиција не е добро платена, сепак Ибис не е некој нонејм хотел (Ибис има и во Скопје, 2 хотела под нивна франшиза, ги работи Камчев, мислам дека и во СК менаџерките се солидно платени)

Стратегија, менаџмент и сметководство ти е неопходно/пожелно за било која менаџерска позиција, така да разбирливо и за ова.

За МК услови, за разлика од странство мислам дека ти треба за раководна функција многу повеќе знаење во работа со луѓе, психологија , решавање на меѓучовечки односи/проблеми....
 
Не знаев дека има Ибис во МКД, јас сум во Ибис Буџет, тие во скопје ќе да се со 3 звезди, јас сум во 2.

Инаку и овде треба многу психологија и решавање на проблеми. Секој ден знае да биде многу напорен.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410
Колку ќе инвестираш, толку и ќе добиеш.
Гледај да стигнеш до ген. Менаџер, барај од фирмата да ти плаќа сите можни обуки. Собирај сертификати. Запиши повисоко ниво на образование.

Најбитно, не се плаши од нови предизвици. Секое ново искуство е вредно, дури и по цена на пониска плата.
Барај работа во повисоки категории на хотели. Раководителите на сектори во повисоките категории заработуваат повеќе од генералните менаџери во пониска категорија на хотели. За опкружувањето и можностите да не ни правиме муабет :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom