Работа во Германија

Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.381
Поени од реакции
8.910
Како инженер најлоши понуди од поглед на пари имам добиено во Германија.
За медицински персонал не е веќе се така сјајно, имам роднина општ лекар, 2 години е таму со положен ц2 германски и уште не може да почне со работа. За хирурзи и останати специјализации е друга работа.
Каде и да одиш во медицина не ти признаваат така лесно образование, еве конкретно за Германија ќе ти признае но мораш државниот испит да го положиш - што кошта тие две години, плус на тоа ако сакаш да специјализираш. Тоа за доктор.
За сестра, имаш околу 6 месеци пракса па потоа подобра плата и работа (во меѓувреме ако го завршиш процесот за признавање на дипломата и државниот).
Плус, има еден куп индијци кои врват низ се' и сешто само и само за да работаат како д-р во Германија. Така да, бројот на прилив од емигранти си го прави своето и во право си не е така сјајно и бајно. Всушност и во земји со англиско говорно подрачје да одиш за медицински персонал не е така едноставно (британија, уса, канада)... години ќе потрошиш додека стигнеш до едно ниво задоволително добро за тебе.
Доброто е што тоа е инвестиција во сам себе и ако човек тргне веднаш после факс тука може да гледа некоја иднина дека на 35 ќе биди веќе среден и ситуиран, со специјализација и сигурна работа / добра плата - што е мисловна именка за мкд.

60 саати тешко да ти даде работодавецот, од тие што ги познавам ретко кој имаше истерано и 50 и тоа 1-2 недели (бургер кинг и мекдоналдс), генерално имаат бааги дечки и ги шифтаат сите да фатат 40 саати.
Барај помал град, ќе поминеш со помала кирија и нема да трошиш за превоз, моиве блиски беа Франкфурт се изгореа во кирија и превоз (околу 400 делиш соба, 100-120 месечна карта), Штутгарт поминаа нешто поефтино (300 кирија, 70 карта), а овие што беа по помали градчиња имаше и со кириј од 250 + одеа пешки и со точак оти им беше на 3-4 км.
Во поголемите места има повеќе избор за работа, поголеми расходи, во помалите обратно. Треба некој баланс...

Друга позитивна работа за Германија е што давале повраток на пари (заедно со повратокот на данок, еднаш годишно) за издршка на родители - ова до неодамна не го знаев.
Доколку некој во МКД има родител или родители кои земаат до 300еур пензија (непроверена информација од официјални институции, така ми беше кажано од човек кој тоа го прави) тогаш ти како негово дете можеш од Германија да му праќаш секој месец до 400еур - како издршка, што е и максималната сума што можеш да ја пратиш.
Финтата е, во мкд да не земаат родителите над 300еур, а ти да праќаш секогаш повеќе од тоа што земаат тука како пензија, но до висина од 400еур месечно.
Потоа од УЈП тука се земало документ за приходи на родителите, од општина исто се земал некој документ (не знам каков) и се поднесувале во ДЕ заедно со годишната даночна пријава таму - па на крај мислам дека ги враќале во целост (или процент, за овај дел не сум сигурен но мислам дека беше во целост).
ОВА, покрај останатите поволности (неоданочен миниџоб, социјални/општински станови, породилно отсуство до 3 години и останато), ја прави една од најдобрите, ако не и најдобрата, социјална држава моментално во ЕУ - нормално дури не се поеби работа од константната миграција и луѓе кои живеат на грбот на државата (една година работи, една земај социјално и лупај на црно).

Останатото е веќе од професија до професија и од услови и плата на едно или на друго место / држава.

Ѕвонев пред месец дена ,направив добар муабет но многу сака дечкото преку ноќ да стане милионер. Се работи за во Амазон. Во Амазон ако најдеш работник се додека тој работи ти ќе земаш 40-50 евра месечно зашто си го нашол ајде ок е тоа тој ми нашол работа но имаше други работи лоши.Прво смештај по двајца во соба и од човек бара 350 евра(700е соба), а во тие градови тој дел на Германија имаш 400-500 апартман. За да те пријави на адреса и сите документи ако ти ги среди тој ти бара 500 евра а напишал на страната дека е без пари посредувањето. За во Амазон знам дека ти си бираш дали ќе одиш прва втора трета смена, му реков мене ми одговара само прва,а тука тој ти вика дека само втора ќе одиш од причина што тој си купил комбе кое ги носи македонците до работа 4-5км и на тоа плус сака пари да прави. Углавно сака преку ноќ милионер да стане човекот :) ПОДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНЦИ ОСВЕН ОД НЕКОЈ МНОГУ БЛИЗОК КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ЗАВРШИ РАБОТА
Секаде ги има вакви, се качила вошка на рошка. Класично трчај-лажи македонче. Иако, конкретно не знам кој е овој и дали е точно напишаното - НО ако е тогаш класика муабет.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
ПОДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНЦИ ОСВЕН ОД НЕКОЈ МНОГУ БЛИЗОК КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ЗАВРШИ РАБОТА
Скоро сите другари и познаници што заминаа им помогнаа наши односно Македонци, иститие тие помогнаа и на други да најдат работа.

Но еден од првите што замина да работи таму беше со посредување од некој ти што го опиша. Можеби и истиот е само што не беше Амазон туку некоја фабрика. Му земаше месечно зашто му нашол работа и беше сместен во негов смештај нели пошто треба да пријави адреса. Тројца седеа во 50м2 и му плаќаа по 300+ евра во некое мало градче.
Вакви ги има многу поретко, но секогаш се нагласуваат и сите велат подалеку од Македонци. А повеќето при првата мака и невоља во странство веднаш бараат помош од Македонец.
 
Член од
7 февруари 2021
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ѕвонев пред месец дена ,направив добар муабет но многу сака дечкото преку ноќ да стане милионер. Се работи за во Амазон. Во Амазон ако најдеш работник се додека тој работи ти ќе земаш 40-50 евра месечно зашто си го нашол ајде ок е тоа тој ми нашол работа но имаше други работи лоши.Прво смештај по двајца во соба и од човек бара 350 евра(700е соба), а во тие градови тој дел на Германија имаш 400-500 апартман. За да те пријави на адреса и сите документи ако ти ги среди тој ти бара 500 евра а напишал на страната дека е без пари посредувањето. За во Амазон знам дека ти си бираш дали ќе одиш прва втора трета смена, му реков мене ми одговара само прва,а тука тој ти вика дека само втора ќе одиш од причина што тој си купил комбе кое ги носи македонците до работа 4-5км и на тоа плус сака пари да прави. Углавно сака преку ноќ милионер да стане човекот :) ПОДАЛЕКУ ОД МАКЕДОНЦИ ОСВЕН ОД НЕКОЈ МНОГУ БЛИЗОК КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ЗАВРШИ РАБОТА
Фала ти,ми звонев и јас ми кажа прилично исто работи само што сега прво треба да отидеш тамо ти ги собира сите потребни документи и после аплицираш за работа каде има слободни места амазон или некоја фабрика
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
Точна ли е информацијата дека ако работиш извесен период во Германија, и после се вратиш пример во Македонија, можеш да аплицираш за повраток на парите од пензиско шо ти ги имаат сопирано со секоја месечна плата?

@Igorcemk ти си повеќе време тука можда знаеш.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Точна ли е информацијата дека ако работиш извесен период во Германија, и после се вратиш пример во Македонија, можеш да аплицираш за повраток на парите од пензиско шо ти ги имаат сопирано со секоја месечна плата?

@Igorcemk ти си повеќе време тука можда знаеш.
Treba da vida kako e praviloto. Ima uslovi pod koi se moze. Po prva tura google mislam deka ako si pod 5 godini staz i so toa pod granicata za redovna penzija mozes da gi pobaras nazad. Ova ama ne provereno trebam da procitam uste za sigurno da kazam.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
Точна ли е информацијата дека ако работиш извесен период во Германија, и после се вратиш пример во Македонија, можеш да аплицираш за повраток на парите од пензиско шо ти ги имаат сопирано со секоја месечна плата?

@Igorcemk ти си повеќе време тука можда знаеш.
definitivno ima moznost, a po koi uslovi i kako, treba da se proveri dobro.
znam uste pred nekoi 10 godini kukjen prijatel, koj bil nekoe vreme na rabota vo germanija,
dobi solidna suma (vo ovoj slucaj covekot bese vo godini za penzija, ne znam dali vazi za porano vadenje)

isto imam slusano deka davaat i nekoj "regres" na zdravstvenoto osiguruvanje - primer plakjas sekoj mesec a ako
ne si koristel, dobivas nekoja kompenzacija.
rasprasajte se, vo site evropski zemji, ovie raboti se dobro regulirani.
 
Член од
25 јули 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво,
јас сега ќе почнувам со трета година на факултет и сакам да аплицирам за сезонска работа (3 месеци, преку лето во 2022г), не сум работел претходно и имам основно познавање на германски јазик, но сметам дека можам да стигнам до А2 ниво до следното лето. Дали препорачувате да аплицирам преку агенција, и дали може да ми предложете веродостојни агенции преку кои сте имале претходни искуства. Кога започнува процесот на аплицирање преку агенциите и кои документи се потребни?
Ако некој е во можност, ве молам да ми одговори.Фала ви :)
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.150
Поени од реакции
3.419
Контекст дефинитивно, најдобри се во секој поглед. Јас бев со нив и немам никаква замерка. Се аплицира некаде од почеток на ноември, мада може и покасно. Ти треба потврда за редовен студент, копија од пасош и тоа е тоа. Они си бркаат другото. Мислам се плаќа 250 евра за услугата, јас бев пред 3 сезони и плаќавме 200-250. Си одбираш место и ќе пробаат да ти најдат работа (Мекдоналдс, Бургеркинг или забавен парк). Ако нема опција во твоето место по желба, или некаде блиску, или со нивна орепорака на друго место. Јас бев во Штутгарт и супер си поминав. Ако одиш за заработка, оди во мало селце некое, ќе работиш и ќе нема кај да трошиш, а и да трошиш е поевтино од Минхен, Штутгарт, Франкфурт, Хамбург. ако сакаш и да прошеташ, ти препорачувам или поголем/среден град, или пак некои од овие 4, но трошоците ќе ти бидат поголеми, а условите полоши. А во мал град па обратно. Ти препорачувам да си најдеш друштво, за да не идеш сам, но и сам да си, ќе те склопат со други од агенцијава и ќе се спријателиш. Гледај што повеќе да научиш германски до следно лето, затоа што ќе имаш поголем избор за работни места, полесна работа (каса на пример, или презентер). Али горе доле тежината на работа е слична, така да не е некоја разлика. А друг плус е што Германците вработени (најчесто некој шеф, менаџер) повеќе ќе те сакаат ако збориш германски, а и полесно ќе ти биде да се снаоѓаш низ цела Германија. Не дека тој што не знаел германски не се снашол, или па останал без работа, ама не е исто воопшто.
 
Член од
26 октомври 2015
Мислења
11
Поени од реакции
2
Здраво дечки,
Дали може некој да ми објасни како оди аплицирањето за работна виза со признаено високо образование? Успешно се регистрирав за термин на 21 јули, но досега не добив мејл од амбасадата за термин.
Со оглед на тоа што веќе е август, дали повторно треба да се регистрирам? И дали можам да се надевам на термин во скоро време? Ја имам целата потребна документација од работодавачот во Германија, а треба да почнам за неколку недели.
Ви благодарам!
 
Член од
6 јануари 2015
Мислења
1.302
Поени од реакции
1.242
Точна ли е информацијата дека ако работиш извесен период во Германија, и после се вратиш пример во Македонија, можеш да аплицираш за повраток на парите од пензиско шо ти ги имаат сопирано со секоја месечна плата?

@Igorcemk ти си повеќе време тука можда знаеш.
bate uste rabotis li vo hermes,di te prasal nesto?!??!?!?
 
Член од
2 февруари 2019
Мислења
162
Поени од реакции
319
Здраво дечки поздрав до сите. Моментално сум во Германија со ЕУ пасош работам како шофер во МкДоналдс за 10,5евра саат.
Имам понуди за во ДХЛ 12 евра за разнесување писма со точак или 14е пакети со комбе само прва смена 5 работни денови. Сакам да прашам ако има некој што работи таму да ми објасни подетално што како е? Секаква информација е добредојдена :)
 
от она што го имам слушано (моабети по село) НЕДАЈ БОЖЕ "супер марио" ako razberes
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.858
Поени од реакции
34.893
Здраво дечки поздрав до сите. Моментално сум во Германија со ЕУ пасош работам како шофер во МкДоналдс за 10,5евра саат.
Имам понуди за во ДХЛ 12 евра за разнесување писма со точак или 14е пакети со комбе само прва смена 5 работни денови. Сакам да прашам ако има некој што работи таму да ми објасни подетално што како е? Секаква информација е добредојдена :)
Ако веќе си решен да возиш заеби пакети, има да те утепат дневно со по 80 до 100 адреси. Ќе правиш само влези-излези од комбето, ќе се качуваш по скали по згради на 10 спрат без лифт, јебеш то. Ако сакаш да возиш само од депот до депот.

Јас возев ултранец, го зимав комбето празно одев во Хермес се паркирам на рампата и си кулирам два саати си гледам филм додека ме товарат внатре. Кога е готово само ставам катанецот и пломбата, си зимам налогот и возам 150-200 км до дома. Го оставам во депото им давам налогот и чао чуз си одам дома. Утре кога ќе се вратам веќе е празно. Значи само возење, ништо друго. Единствен проблем беше шо се работеше преку вечер, ултранец се пакети со 24 hours delivery од моментот кога ќе го порачиш. Излегував во 8 вечер се враќав во 3-4 сабајлето дома, понеделник до петок. Али беше платено, ниту еднаш не паднав под 2200 нето.

Да разнесуваш писма е океј, имаш голем точак со корпа пуна пакети и писма. Проблем тука е дождот и ладното време.
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
15

Извини да те прашам само , јас имам договор во Хермес од 1.10.21.
Ова “ ултранец “ што значи не ми е јасно
гледам која е обврската но ако би ја сакал таа позиција како да кажам .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom