Здраво дечки , планирам летово да работам во Германија како студент, имам роднини таму што ќе ми овозможат сместување,ме интерсира пошто е помал град во Nordrhein-Westfallen областа,каде да се обратам за работа. Бев во Контекст меѓутоа не се сигурни дали може да ми средат за таму баш.Не ми е битна многу платата , битно ми е да стекнам искуство, а и да поусовршам јазик. Секој совет и мислење за каде би можело да се обратам е добредојден.
Една работа што ми доаѓа на памет е да го отвориш местото на google maps и да гледаш кои објекти се одбележани (ресторани, кафичи и слично)... гуглај ги потоа, барај интернет страници или фб страници од истите и испраќај маил со CV.
Следна ствар, замоли ги роднините да тркнат до локалните маркети, мекдоналдси и слично во тие места. СИГУРНО ќе ти најдат нешто ко работа за студент.
Трето, аплицирај на самата страна на мекдоналдс, можеш сама али гледај да имаш CV и апликацијата да ти е на германски исклучиво.
За исти курац агенциите земаат провизија. Кога му пишев на една за работа во германија ми викаат имаме во бургеркинг и мекдоналдс можеме да посредуваме.
им вратив - а за што да посредувате? да му пратите е-маил во мое име и да чекате потврден одговор? фала тоа можам и сам. И нормално не прифатив да „посредуваат“.
Дечки дали некој отишол на студентска летна сезонска работа во Германија без познавање на германски јазик?
Еве јас моментално го учам ама се уште сум на основите не сум ни за А1 ниво.
Ако некој отишол, искуство? И како? Како што гледам сите од агенцииве те тестираат за германски.
90% од студентите заминале со познавањето кое го имаш и ти. Треба само малку да си снаодлив. Гарант компирите во мекдоналдс во кујна или чаршафите што треба да ги наместиш во некоја соба од хотел во германија нема да ти прозборат германски.
Имаш време до на лето солидна основа од јазикот да стекниш (ако си сериозен), а во меѓувреме аплицирај за работа на велико.
https://www.facebook.com/1934298593536718/posts/2032771657022744/
Ве молам информација дали некој аплицирал или контактирал со странава во врска со работата за студенти што ја нудат? Ме интерсира колку се веродостојни. Би ви била благодарна доколку некој сподели информација. Благодарам
не им верувај на разно разни страници на фб креирани вчера, најверојатно и со голема можност од преваранти или од некој 10 годишник со пристап до интернет. оди по легални канали.
пример, официјален сајт на бургеркинг, нивни маил и аплицирај