Работа во Германија

Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Ако веќе си решен да возиш заеби пакети, има да те утепат дневно со по 80 до 100 адреси. Ќе правиш само влези-излези од комбето, ќе се качуваш по скали по згради на 10 спрат без лифт, јебеш то. Ако сакаш да возиш само од депот до депот.

Јас возев ултранец, го зимав комбето празно одев во Хермес се паркирам на рампата и си кулирам два саати си гледам филм додека ме товарат внатре. Кога е готово само ставам катанецот и пломбата, си зимам налогот и возам 150-200 км до дома. Го оставам во депото им давам налогот и чао чуз си одам дома. Утре кога ќе се вратам веќе е празно. Значи само возење, ништо друго. Единствен проблем беше шо се работеше преку вечер, ултранец се пакети со 24 hours delivery од моментот кога ќе го порачиш. Излегував во 8 вечер се враќав во 3-4 сабајлето дома, понеделник до петок. Али беше платено, ниту еднаш не паднав под 2200 нето.

Да разнесуваш писма е океј, имаш голем точак со корпа пуна пакети и писма. Проблем тука е дождот и ладното време.
Дали си запознаен со DHL за испорака на прстки.Има понуда за Минхен 15 бруто за 180-200 работни часа преку Student job агенција Прилепска,ти наоѓаат сместување демек 400евра и имаш обука недела-две.Ок тоа ама бараат иљадарче евриќи и тоа унапред за услугата,а демек ако не те примат ти ги враќаат назад парите..?
IMG_20211014_152318.jpg
 
Последно уредено:
Член од
29 април 2010
Мислења
66
Поени од реакции
3
Здраво.
Ќе ве замолам за помош ако можете за ова прашање.
Имам термин за неквалификувани работници следниот месец во германската амбасада во Скопје.
Во преговори сум да добијам договор за работа во металната индустрија како CNC оператор.
Моето прашање е дали ќе ми ја одобрат визата со ваков тип на работен договор за неквалификувани работници?
Или можеби да му предложам на работодавачот во работниот договор да наведе друга позиција, на пример како помошник во производство?
Дали постојат правила за кои професии даваат визи за оваа категорија?
Ќе ми биде многу корисно ако добијам информации од вас, или каде да ги побарам тие информации.
Благодарам!
Автоматски споено мислење:

Исто така, дали договорот треба да ми го пратат по пошта, или може на email?
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.167
Поени од реакции
3.135

Јас мислам дека со договор за работа и најбитно адреса нема што да те запре.. Нека кажат и поискусните што го прошле ова..
 
Член од
28 ноември 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Ако може инфо како е во Германија за аптекар (Фармацевти) со германски Б1, плата, и сл. И како оди процедурата за преселба таму ама цело семејство ако е можно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Ај ако сака некој да ми објасни како оди процедурата за виза во германска амбасада.Еден пријател сака да аплицира,само не му е јасно..
1.Аплицираш он лајн на веб страната на амбасадата,потполнуваш информации?
2. Чекаш повратен мејл од амбасадата со датум кога треба да отидеш таму?
Е сега,дали треба тогаш да имаш работен договор со работодавец од Германија??
3.Доставуваш потребни документи и чекаш дали ќе ти одобрат или не?

Вака ли иде од прилика или има и нешто друго?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
1.Аплицираш он лајн на веб страната на амбасадата,потполнуваш информации?
1638118355579.png
2. Чекаш повратен мејл од амбасадата со датум кога треба да отидеш таму?
1638118330221.png
Е сега,дали треба тогаш да имаш работен договор со работодавец од Германија??
Да.
3.Доставуваш потребни документи и чекаш дали ќе ти одобрат или не?
1638118337818.png
Вака ли иде од прилика или има и нешто друго?
Зависи, знаат да побараат и потврда за стан (смештај).
Добро е да се има.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Прегледај го приврзокот 314812

Прегледај го приврзокот 314810

Да.

Прегледај го приврзокот 314811

Зависи, знаат да побараат и потврда за стан (смештај).
Добро е да се има.
Значи мора да имаш обезбедено работа кога идеш во амбасада така.Неможе после со визата да бараш,ќе те одбијат ако немаш?
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
Значи мора да имаш обезбедено работа кога идеш во амбасада така.Неможе после со визата да бараш,ќе те одбијат ако немаш?
Морално и етички е да имаш веќе најдено работа и договор, пошто после како циган треба да просиш во контекст или по луѓе да бараш 5 до 12 или да не појдиш на терминот а си зафатил место. Али има друга цака. Mоментално се стопирани термините до февруари. Можно е да воведат принцип на лотарија после то, така да шансите да бидеш во 400 добитници на 50.000 апликации ти се исти како за лотаријата во Америка.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.497
Поени од реакции
4.324
Значи мора да имаш обезбедено работа кога идеш во амбасада така.Неможе после со визата да бараш,ќе те одбијат ако немаш?
Задолжително е работен договор на термин за аплицирање.
Врз основа на тоа и одлучуваат дали добиваш виза или не, инаку нема смисла целата работа.
А потребно е и потврда за смештај.

Пожелно е да се прикаже (доколку се поседува) и сертификати за јазик.
Со други зборови -сѐ што ти е од корист и сѐ што додава на тежина и ти ја оправдува дозволата за работа во Германија.

Официјално не е задолжителен сертификатот и никој не ти го бара ако аплицираш како неквалификуван работник, но препорачливо е да го приложеш доколку го имаш.
...........

А инаку да, како што кажа членот погоре, точно е тоа дека моментално се стопирани термините до февруари.
Ќе се одлучува за апликантите кои се влезени во системот од претходниот месец.
Па ваљда од февруари повторно се отвора амбасадата за нови апликации.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Морално и етички е да имаш веќе најдено работа и договор, пошто после како циган треба да просиш во контекст или по луѓе да бараш 5 до 12 или да не појдиш на терминот а си зафатил место. Али има друга цака. Mоментално се стопирани термините до февруари. Можно е да воведат принцип на лотарија после то, така да шансите да бидеш во 400 добитници на 50.000 апликации ти се исти како за лотаријата во Америка.
До фебруари ќе нема термини за амбасада така ли.А месечно само по 400 барања ли пуштаат?
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
До фебруари ќе нема термини за амбасада така ли.А месечно само по 400 барања ли пуштаат?
Да, имаше известување од амбасадава дека процедура ќе била поолесната од јануари. Вечера во германската амбасада во Босна му ја воведоја лотаријата. Да се молиме кај нас да нема такво нешто и се да си оди по старо како досега. Иначе по 25.000 визи им се дозволени на земјиве од западен балкан, односо 6 држави по 4200-300 визи и според тоа по 400 и нешто визи по месец, за разлика од 2016-2020 кога даваа по 25.000 визи на секоја држава.
 
Член од
15 јуни 2020
Мислења
240
Поени од реакции
905
До фебруари ќе нема термини за амбасада така ли.А месечно само по 400 барања ли пуштаат?
Денеска изјавија дека ќе има и лотарија кај нас. Со ова дефинитивно се запечатува било каква одење во иднина. Ретарди
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.422
Поени од реакции
9.106
Денеска изјавија дека ќе има и лотарија кај нас. Со ова дефинитивно се запечатува било каква одење во иднина. Ретарди
Бадијала се надеваше дека кај нас ќе е различно, обично исто/слично е за цел Балкан со тоа што нашите мрзи последни известуваат за се'.

Само ј усложнија работата, никакво олеснување не е ова.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom